Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Sunday, March 25, 2007

Мојата Топ 10 листа на совети

Секогаш е интересно да слушнеш или прочиташ различни размислувања, посебно ако се тоа ДА/НЕ, или ТРЕБА/НЕТРЕБА совети во кои некогаш ќе се препознаеш самиот себеси, а некогаш ќе најдеш критика за својот начин на работа, или пак едноставно нема да се согласиш со напишаното.

На Coding Horror блогот најдов интересен пост Top 6 List of Programming Top 10 Lists.

Посебно ми се допаѓа листата на Jery Weinberg, The 10 Commandments of Egoless Programming.

Базирана на моето скромно искуство, мојата Топ 10 листа на совети би изгледала вака:


  1. Критикувај го својот код. Самокритиката е доблест, а не маана.

  2. Не започнувај да работиш пред јасно да ги разбереш бизнис барањата (business requirements). Не започувај да работиш ако не знаеш што треба да направиш.
  3. Не започнувај да работиш, ако не знаеш како нешто да направиш.
  4. Тестирај пред да кажеш ДА! Мораш да имаш соодветна околина за тестирање. Истата треба да биде многу слична на продукцијската и да дозволува приближна процена на перформансите кога кодот би бил во продукција. Внимавај, перформансите на кодот не се исти кога истиот се извршува над 100 и над 100,000 записи во база. Перормансите на кодот не се исти кога на истиот пристапуваат 10, 100 или 1000 корисници.
  5. Дискутирај пред и за време на програмирањето!
  6. Примај совети од другите, немој да мислиш дека знаеш се!
  7. Copy+Paste Никогаш!!!
  8. Документирај го тоа што си го направил. Ако немаш соодветен софтвер за версионирање, прави бекап од секоја добра верзија на својот код.
  9. Никогаш не ја оставај идејата за утре. Утре, може да биде премногу доцна.
  10. KISS, Keep it Simple and Stupid


Поздрав!

Comments on "Мојата Топ 10 листа на совети"

 

Blogger GoodBytes said ... (4:03 AM) : 

Како ќе живеевме на работ ако се придржувавме до сите совети? Инаку, 90% од моите грешки доаѓаат од copy/paste.

 

Anonymous Anonymous said ... (6:01 PM) : 

Ме боли многу глава баш сега послем 11h работа на една SP, за на крај да сватам дека воопшто неможе да се изведе тоа.... Добивав double Selects и морам да правам temp табела па од тука да се прави select...
Гррррр....

Добро како идеа е да се пласира некој Македонски форум за Coding, мислам дека такво нешто сеуште нема

 

Blogger Teko said ... (5:30 PM) : 

... Македонски Форум за Coding, интересно, но мислам дека нема да успее покрај сите оние форуми кои се функционираат на глобално ниво. Едноставно, тие се по практични пошто го абсорбираат знаењето и искуството од многу поголема група на луѓе...

За select-от, назнам во кој SQL јазик работиш, но пробај со distinct.
Во секој случај, провери ја логиката и на самото query, како податоците се поврзани. Обично кога јас ке добијам дуплирани записи, веднаш проверувам како ми се изврзани табелите во самото query.

 

Blogger Bojan Nikolov said ... (2:15 AM) : 

Фина листа. Поздрав. :)

 

post a comment