Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal


Во SoftwareMK
Во Најди!


Hits:
Virtual Macedonia 

Topsites


PageRank Checking Tool
 View My Public Stats on MyBlogLog.com
World Cup 

Counter


Powered by Blogger


View My Stats

Wednesday, December 13, 2006

Mr.Brain

Reading, after a certain age, diverts the mind too much from its creative pursuits. Any man who reads too much and uses his own brain too little falls into lazy habits of thinking. - Albert Einstein

Од една страна и не е толку лошо да патуваш секој ден од дома до работа и назад по еден час во еден правец. Всушност, додека се возам во CTA воз секогаш читам нешто, најчесто стручна литература со која си го обновувам знаењето или го повторувам веќе стекнатото по пат на само-тестирање. Има денови и кога не ми се чита ... тогаш решавам SUDOKU.

SUDOKU е страшно заразна лигичка игра, идеална за "квалитетно" трошење на слободно време. Има неколку нивоа на тежина и има многу едноставни правила на играње. SUDOKU е игра која те тера да размислуваш Outside of the Box. SUDOKU е моментално најпопуларна игра која се игра по возови, по чекалници, во аеродромски терминали ... Издадени се многу книги со SUDOKU сложувалки.

6,670,903,752,021,072,936,960 е конечниот број на можни комбинации на SUDOKU матрицата. До тој број дошле Bertram Felgenhauer and Frazer Jarvis.

Јас најчесто го користам http://www.websudoku.com/ за да си испечатам SUDOKU сложувалка која ќе ја решавам во наредниот ден.

Дали сум Freak или само сакам да си го тренирам мојот мозок?

Една доста интересна статија до која дојдов преку некој блог, во која се опишуваат 22 начини да го оверклокуваш твојот мозок.

Во статијата се употребени резултати од најразлични истражувања.

Како 8-ми начин е наведена потребата од решавање на сложувалки (во групата на сложувалки ги опфаќам и крстозборите) ... Решавајќи ги нив, во слободно време, е добар начин да го активирате вашиот мозок и да го одржувате во добра кондиција.

Како 10-ти начин се навидува потребата од Подобрување на веќе стекнатите знаења ... и овде се препознав себеси ...

Значи сепак тоа што го правам додека се возам во воз е ништо друго туку интуитивна потреба од тренинг на мојот мозок.

И повторно Ајнштајн
The only real valuable thing is intuition.

Дали Вие го тренирате Вашиот мозок?!