Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Friday, June 09, 2006

11:55 The Countdown Ends ... плус 1-ви роденден

Денес е денот кој го чекам веќе подолго време. Денес е денот кога ќе почнам "културно" да си гледам фудбал. Културно поради тоа што светското првенство ќе биде пренесувано од страна ESPN, па на нема да морам да одам по разни пабови или кафани да гледам фудбал.

11:55 Eastern Time, тоа е моментот кој го чекам.
За кој ќе навивам? Ќе навивам за репрезентацијата на Србија и Црна Гора. Друг тим за кој би навивал е Чешка, САД (каде што живеам сега) и толку... Не сакам Бразил да го освои првенството, всушност ми се гади од некои од бразилските звезди.

Сепак мислам дека најглем фаворит да го освои првенството е токму Бразил (иако не сакам да стигнат до финале), Франција и Италија имаат одлични екипи, Аргентина има вонсериски играчи... Се друго освен освојување на пехарот од страна на овие тимови би било изненадување (за мене се разбира).

Разочарувањето ќе го барам во Англија и Холандија. Доста се надуени и едните и другите, а во последно време имаат големи осцилации во играта.
Шпанците, класика, тотален промашај на секое големо натпреварување.

Би сакал афричките земји да стигнат далеку. Брегот на Слоновата коска и Гана имаат одлични играчи и може да претставуваат пријатни изненадувања, ако воопшто може да се зборува за изненадување.

Се надевам дека дел од наредното големо натпреварување ќе биде и нашата репрезентација. Последните резултати ме прават поголем оптимист од било кога...НАПРЕД СРЕЌКО!

Инаку морам да кажам дека сум подготвен и психички и физички за овој настан. Еве денес ќе земам 2 саати пауза за ручек (мора да се гледа отварањето). Во наредниот месец секој работен ден ќе се разболувам на интервали :-) А викендите нема мрдање.

Утре во 7:30 часот сабајле, со мојот пријател ќе ја разгориме скарата и ќе се спремиме за денот што претстои.

Инаку во сенка на овој голем настан морам да споменам дека на 13 јуни се навршува една година од објавувањето на мојот прв пост на овој блог, така да тој ден претставува некаков роденден на блогот, па нека му е среќен. :-)...

Кога сум веќе кај спортските натпревари, морам да кажам дека Јуни ќе биде СТРАШЕН месец, месец каков не сум имал одамна. Покрај светското првенство во фудбал, оди и финалето на NBA. Вчера Dallas поведе против Miami со 1:0, но ништо не се знае. Мој пик е Miami.

Доста тропање ... 11:05 e, одам во Grevey's (Sports Bar во близина на мојата работа) на двочасовна ручек пауза.


ПОЗДРАВ ДО СИТЕ и Ви посакувам добра забава.

--Теко

Comments on "11:55 The Countdown Ends ... плус 1-ви роденден"

 

Blogger volan said ... (7:01 PM) : 

Теко поздрав. Супер што за американец не си се одвикнал од фудбал.

Тука е луда журка - кај мажите кој на жал на жените ги окупираа телевизорите и не ќе можат да ги гледаат омилените шпански серии.

Немам никакви прогнози само уживам во фудбалот. Новиве топки овозможуваат многу за добар фудбал и доста голови....

 

Blogger Darko156 said ... (8:26 PM) : 

Мора да ти е малку тапа што првата утакмица се игра сред работно време (таму) ама па оптимистички гледано подобро така него да стануваш сред ноќ за да гледаш NBA :)

Во секој случај, секогаш ме обземала мундијалскава атмосфера, без некоја конкретна причина, едноставно тогаш ми се пие пиво, тогаш ми се седи пред ТВ, тогаш ми се навива за тим кој воопшто не го знам или не го сакам, се е сведено на атмосферата која понесува.

епа младичу, со здравје нека ни е првенствово, ај здравје следното со заедничка скара некаде на средина :)

 

Blogger Teko said ... (2:09 AM) : 

Ја гледав првата утакмица, беше фантастично. Американците полека го засакуваат фудбалот (сокерот де :-)). Цел бал порн, секое сепаре со HD TV, и немаше подобар почеток одколку 3 гола за 15мин....делириум. 2 саата пауза за ручек, маестрално...Им кажав на работа ке се "разболувам" 2-3 пати на ден секој работен ден во текот на наредните 31 ден.
Полска не ја гледав пошто летав назад кон Чикаго.

АЈ ПОЗДРАВ, и скара може ... било каде :-))))

 

Blogger Виктор said ... (2:01 AM) : 

А се лутат кога ќе им префрлиш дека не се вика soccer туку фудбал? :)

 

Blogger Teko said ... (4:14 AM) : 

Не се лутат, напротив и тие не знаат зошто нивниот фудбал се вика фудбал кога таа игра најмногу се игра со раце...

 

Anonymous Вклучи_се said ... (12:47 PM) : 

поздрав и секое добро , не ги спомна Германците , се читаме

 

post a comment