Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal


Во SoftwareMK
Во Најди!


Hits:
Virtual Macedonia 

Topsites


PageRank Checking Tool
 View My Public Stats on MyBlogLog.com
World Cup 

Counter


Powered by Blogger


View My Stats

Monday, June 12, 2006

World Cup 2006 - Excel WorkSheet за полесно следење

Почна ... :-) Досега немам испуштено натпревар, освен Полска vs. Еквадор кој го гледав како снимка.

Најдов еден многу интересен Excel документ, кој го користам за полесно да ги пратам резултатите и табелите. Документот може да го симнете од една страницата за обложување. Документот можете да го симнете од овде(Right Click + Save As).

За сега очекувани резултати. Мало изненадување претставува нерешениот резултат на Тринидад и Тобаго против Шведска.
Како и да е само што почна ... УЖИВАЈТЕ!

Friday, June 09, 2006

11:55 The Countdown Ends ... плус 1-ви роденден

Денес е денот кој го чекам веќе подолго време. Денес е денот кога ќе почнам "културно" да си гледам фудбал. Културно поради тоа што светското првенство ќе биде пренесувано од страна ESPN, па на нема да морам да одам по разни пабови или кафани да гледам фудбал.

11:55 Eastern Time, тоа е моментот кој го чекам.
За кој ќе навивам? Ќе навивам за репрезентацијата на Србија и Црна Гора. Друг тим за кој би навивал е Чешка, САД (каде што живеам сега) и толку... Не сакам Бразил да го освои првенството, всушност ми се гади од некои од бразилските звезди.

Сепак мислам дека најглем фаворит да го освои првенството е токму Бразил (иако не сакам да стигнат до финале), Франција и Италија имаат одлични екипи, Аргентина има вонсериски играчи... Се друго освен освојување на пехарот од страна на овие тимови би било изненадување (за мене се разбира).

Разочарувањето ќе го барам во Англија и Холандија. Доста се надуени и едните и другите, а во последно време имаат големи осцилации во играта.
Шпанците, класика, тотален промашај на секое големо натпреварување.

Би сакал афричките земји да стигнат далеку. Брегот на Слоновата коска и Гана имаат одлични играчи и може да претставуваат пријатни изненадувања, ако воопшто може да се зборува за изненадување.

Се надевам дека дел од наредното големо натпреварување ќе биде и нашата репрезентација. Последните резултати ме прават поголем оптимист од било кога...НАПРЕД СРЕЌКО!

Инаку морам да кажам дека сум подготвен и психички и физички за овој настан. Еве денес ќе земам 2 саати пауза за ручек (мора да се гледа отварањето). Во наредниот месец секој работен ден ќе се разболувам на интервали :-) А викендите нема мрдање.

Утре во 7:30 часот сабајле, со мојот пријател ќе ја разгориме скарата и ќе се спремиме за денот што претстои.

Инаку во сенка на овој голем настан морам да споменам дека на 13 јуни се навршува една година од објавувањето на мојот прв пост на овој блог, така да тој ден претставува некаков роденден на блогот, па нека му е среќен. :-)...

Кога сум веќе кај спортските натпревари, морам да кажам дека Јуни ќе биде СТРАШЕН месец, месец каков не сум имал одамна. Покрај светското првенство во фудбал, оди и финалето на NBA. Вчера Dallas поведе против Miami со 1:0, но ништо не се знае. Мој пик е Miami.

Доста тропање ... 11:05 e, одам во Grevey's (Sports Bar во близина на мојата работа) на двочасовна ручек пауза.


ПОЗДРАВ ДО СИТЕ и Ви посакувам добра забава.

--Теко

Friday, June 02, 2006

Колку различни Linux дистрибуции постојат?

Сурфајќи, налетав на интернет страницата на DistroWatch каде што најдов неколку интересни информации поврзани со Linux дистрибуциите.

Колку дистрибуции на Linux постојат?
Според последните податоци изнесени на интернет страницата на DistroWatch до денеска се познати околу 350 различни дистрибуции на оперативниот систем Linux.

Каде најмногу се развиваат Linux дистрибуциите?
Според DistroWatch најголем дел од дистрибуциите се иницирани во САД. Германија, Франција, Канада и Јапонија се исто така активни. Листата на земји по бројот на иницирани дистрибуции можете да ја најдете овде.

Колку Linux дистрибуциите се независни една од друга?
Најголем дел од дистирбуциите всушност е модифицирана верзија на Debian, Fedora, Red Hat. 129 дистрибуции се базирани на Debian, 63 на Fedora, 50 на Knoppix, 12 на Red Hat итн. Но има и такви кои се тотално независни као на пример SUSE и нивниот број досега изнесува 29. (повеќе)

Кои дистрибуции се најпопуларни?
Според DistroWatch најпопуларен е Ubuntu, следи SUSE, Fedora, Mandriva, MEPIS итн.(повеќе)

Кои дистрибуции се бесплатни?
Секогаш кога станува збор за слободен софтвер, веднаш подразбираме дека тој би требало да биде бесплатен. Но, не е секогаш така. На пример 30-тина дистрибуции не се бесплатни меѓу кои се наоѓаат Red Hat (бесплатни се само постарите или beta верзиите), SUSE (бесплатната верзија доаѓаа со неколку рестрикции), Novell (нема опција за бесплатно користење).(повеќе)