Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Tuesday, May 09, 2006

Патувања, хотели, поени и round trip ticket to Macedonia

Од моментот кога ја прифатив позицијата Database Architect ми стана јасно дека повеќе ќе престојувам во хотели отколку дома. На почеток ми беше малку тешко, пред се не бев навикнат на таквo темпо на работа, но како изминуваше времето видов дека во САД тоа е нешто најнормално.

Всушност сите мои колеги со кои што работам се консултанти од BearingPoint, Sun Microsystems, Oracle, BEA.

Сите тие се далеку од дома...

Од денес тимот во кој што работам е поголем за два нови консултанти од Oracle. Дечките се супер и секој со себе носи некое ново знаење кое што го дели со останатите, всушност секој ден совладувам нови знаења, секој разговор може да донесе нешто ново.

Најчесто моите службени патувања траат цела работна недела, од понеделник до петок. Кога сте на службено патување, лесно може да заклучите дека ноќта пред да си одите дома е најубава. Еднаш од еден колега слушнав дека тој ја сака таа ноќ најмногу и дека тогаш сака да испие неколку чаши вино и да јаде некој посебен специјалитет кој го немал пробано дотогаш. Друг вели дека ноќта пред да си оди дома сака да долго да пешачи околу хотелот каде што престојува...

Јас таа ноќ се пакувам и одам со колегите во бар.

Петок ... дома. Петок го сакам најмногу :-)

Нешто лично: Преферирам да летам со United, а да престојувам во Marriott. Спореден "позитивен" ефект од патувањата е набивањето милјажа и поени за кои може да добијам доста вредни награди ... уште малку ми фали за round-trip ticket to Macedonia :-) ... кој ти дава? :-)

Еве две фотки кои ги направив денес кога полетав од Чикаго спрема Вашингтон.



Comments on "Патувања, хотели, поени и round trip ticket to Macedonia"

 

Anonymous Јован said ... (10:20 AM) : 

Southwest Airlines е по хит од Јунајтед, претпоставувам знаеш зошто :)

 

Blogger Teko said ... (2:57 PM) : 

Southwest ... никогаш не сум летал со нив. Пред се многу е тешко да најдеш карти (најевтини се) а и не летаат до Washington, DC (не сум сигурен).
Досега сум летал со United, American, Delta.
Ако ги подредам овие авио превозници по квалитет, листата би изгледала вака:
1. United
2. Delta
3. American

 

post a comment