Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Wednesday, May 10, 2006

Linux станува баговит

Дали Linux кернелот постанува премногу баговит? Ова прашаење и не би било толку сериозно ако не е иницирано од Andrew Morton, главниот инжењер за одржување на продукцискиот Linux kernel.
Имено, минатиот петок, за време на една дискусија во рамките на конференцијата LinuxTag која се одржа од 3 до 6 Мај во Wiesbaden Германија, Morton рекол дека верува дека 2.6 kernel полека станува баговит.

"I believe the 2.6 kernel is slowly getting buggier. It seems we're adding bugs at a higher rate than we're fixing them."

Исто така тој нагласил дека нема конкретни докази за ова, но загрижен е поради слабиот интерес на програмерите да пронаоѓаат и поправаат багови во кернелот.

One problem is that few developers are motivated to work on defects, Morton said. This is particularly a problem for bugs that affect old computers or peripherals, as kernel developers working for corporations don't tend to care about out-of-date hardware.

Целата статија можете да ја најдете овде

Но дали ова е сепак толку загрижувачко?

Linux фанатикот Steven J. Vaughan-Nichols вели дека ова не му е прв пат на Morton да изјави вакво нешто. Тоа се случило и минатата година за време на конференција Linux.conf.au 2005 одржана во Canberra, Австралија.

Vaughan-Nichols вели дека тоа што Morton го тврди е лично негово размислување и дека тој не презентирал никаков цврст доказ за тоа.

Повеќе за реакцијата на Vaughan-Nichols може да прочитате во неговата статија објавена на LinuxWatch.

Јас би рекол каде што има чад има и оган и дека овие изјави на Morton треба да се земат сериозно. Тоа е исто кога главниот инжењер за безбедно возење во Мерцедес би рекол: а бе мислам дека имаме многу проблеми со нашите возила, а никој не се труди да ги поправи.

Comments on "Linux станува баговит"

 

Blogger GoodBytes said ... (3:04 AM) : 

Ако Линукс развива повеќе багови отколку поправки за нив, тоа е многу загрижувачко. Главниот столб врз кој се потпира Линукс е неговата стабилност и (заедно со цената) е идеален за продукциски машини, сетирај-и-заборави сервери и слично.

 

Blogger Teko said ... (3:41 AM) : 

Мислам дека ова не се однесува на Unix, туку само на Linux.
Unix ќе си остане здрав и стабилен ... Да ми е стабилен Solaris-от, а за графички модови ... Што ќе ми се баговитите графички-дотерани оперативни системи :-)...се шалам ...
Поентата ми е, Linux верзиите се тркаат со Windows верзиите за да го освојат пазарот на "обичните" корисници...
Норманлно дека кога се имплементира слична функционалност ќе постојат багови...
Се слагаме дека Windows-от е полн со багови, но не мислам дека инжењерите во Microsoft ги оставаат баговите чисто ради да си створат работа за иднина :-) ... Едноставно, секогаш има нешто на кое што не си мислел во моментот, па штом го пуштиш твојот продукт во продукција, корисниците одма ќе ги забележат пропустите...
Мислам дека тоа е проблемот и со Linux, за да биде конкурентен, мора да ја зголемува својата "функционалност", а тоа и повеќе багови....

Long live UNIX !!!

 

post a comment