Неколку збора за АБАКУС ...
Малку историја Самиот збор абакус има латинско потекло со грчки корени (abax или abakon) :-) и бе се превел како табла. Таблата можела да биде од дрво, камен или метал со вовлечени жици или исцртани вертикални линии на кои се поставени камчиња. Манипулирајќи со камчињата, луѓето ги изведувале наједноставните аритметички операции како собирање, одземање, множење и делење. Во 1058 година Lee Kai-Chen го издава прирачникот за ракување со, како што тој го нарекол, "новиот" абакус. (линк до прирачникот)
И така со години луѓето ги употребувале направите за сметање, учеле од нив, сметале ... Замислете во тоа време Customer Support ... Корисник: Еј ми се заглавија камчињата на абакусот(читај:ми се блокира PCto) Или нешто како, колку камчиња имаш на абакусот (читај: Колку L2 cache имаш). Интересно е што сите абакуси биле "лаптоп", т.е. мобилни сметачи, замислете сега наместо со лаптоп во кафетерија седите со абакус :-)))) Оние кои што сакаат да прочитаат нешто повеќе за Абакус, може да кликнат на следиот линк |



Comments on "Неколку збора за АБАКУС ..."
-
Bi said ... (1:57 AM) :
-
nikolani said ... (6:03 PM) :
-
Teko said ... (6:07 PM) :
post a commentЛудница се ова сметалкиве. Да се чуди човек како бре со неколку камчиња можат да се изведуваат такви апстрактни пресметки. А вакви абакуси стварно прв пат гледам :) Доста комплицирано изгледаат.
Мислам дека Јапонците не се нација која одава почит на направи. Информацијата што си ја постирал мислам дека повеќе се однесува на јапонскиот однос кон работата, знаењето и пред се на нивната прекрасна култура. Вреднувањето на она што вреди е клуч на успехот. Кај нас се вреднува повеќе она што НЕ вреди :(
Ја прочитав твојата статија за Линукс. Ме интересира твојот став (стручно мислење) за договорот што Македонија го потпиша со Микрософт?
Во селедниот пост ќе го избесам мојот став за договорот што Македонија го потпиша со Микрософт