Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Monday, May 01, 2006

1 Maj ... Што беше тоа?!

1 Мај ... Што беше тоа?

Денес дојдов на работа и повторно се зачудив зошто имам толку малку посети на блогот. Обично тоа се случува за викенди, ама за работни денови се собираат по 20 сетина посети дневно. Не е некоја цифра, али ОК е. Денес повторно само 5 посети (од сабајле), таман се изнервирав и решив да го баталам блогирањето ми текна дека денес е Први Мај, празник кој до лани го празнував во Македонија.

1 Мај денот на трудот, денот на работничката класа...Овој ден во Македонија е повеќе синоним за одење на излет, правење скара, пиење огромни количини алкохол кој се лади во блиските потоци (така ефектот е поголем).

Обично со екипата (другарите и другарките:-)) одевме на некое излетничко место блиску до Неготино. Во последно време тоа беше брегот на Вардар, всушност тоа беа нивите на брегот на Вардар :-) на кои се наоѓаше по некоја топола која ја користевме за сенка.

Тој ден го сакав поради тоа што е еден од ретките кога се собиравме сите другари ... и другарки (нормално). Инаку морам да кажам дека ние сме голема екипа 17-18 души, па помножено со 2, плус неколу екстра ... јеби га само на ливада, на свадба и на шанк (ама голем) можеме сите да се собереме :-).

Ај да продолжам со "мајот"...Обично таму Анѓелчо со тракторот ќе отидеше на 1 Мај да го обележи местото и да ја израмне тревата за да не губиме време за тие активности на втори :-).
На втори од сабајле земавме месо за скара, а да ...и обавезно сланина, за чистење на зарѓаните скари (некои неупотребени и неисчистени цела година)... пиење кој што сака да си земе, и правац Вардар.

Најубаво беше на почеток кога се загрева атмосферата. Женските, жените, пријателките ("секоја со различен статус") на почеток правеа салати, а ние ја загревавме атмосферата со ж'та "кочан" ладна.... Екстра...

Јас обично бев на скарата, обожавав да го вртам месото со пиво у раката и тепање "бош" муабет.

После ручек нормално фудбал, 20-30 под-заматени души бркаат топка која едвај се гледа скриена у травата, ама филинг а? ...

После фудбалот, обично, Ацо (Попот) ќе отидеше до Криволак и ќе донесеше една "клапа" естрадни уметници и ЖУРКААААА...

На крај ... крај??? нема крај никој не го памти крајот, следно што следува е ... се будиш на трети мамурен, главата ти е тапан.

Ах ... вака ќе биде сигурно и утре, само овој пат екипата ќе биде помала за двајца. Пецо е во Њу Џерси, јас сум во Чикаго ... ааа да 2 x 2 = 4 :-) .......

КОЛКУ САКАМ ДА СУМ ДОМА!!! :-)

Е сега вака гледано од страна .... Каков празник беше први Мај??? Ден на трудот? Жалосно но вистинито, кој труд?

Колку сме ја загадувале околината со ѓубре, смет, некој да не чистел после нас ?!... хаха.... али филинг човече, филинг.... ај да не забегувам.

1 Мај во Чикаго.
- Јас сум на работа
- илигалните имигранти организираат масовен марш во downtown
- Врне дожд, нема шанси да отидиме некаде после работа
- Први Мај ... што беше тоа???

Можам да замислам што ќе се случи со американската економија ако истата не функционира 2-3 дена ... инаку и во америка постои Ден на трудот кој се празнува на првиот понеделник во Септември (линк). Оваа година Денот на трудот е на 4ти Септември.

Comments on "1 Maj ... Што беше тоа?!"

 

Anonymous Anonymous said ... (10:24 PM) : 

i via maj go isterame ubavo samo ne beme na vardar tuku na manastirot:) i angelco ne bese so traktorot joco bese so jugoto i prikolicka :)

 

Blogger nikolani said ... (11:24 PM) : 

Штом си во Чикаго, ти си на вистинското место за Први Мај. Од таму почнаа многу работи.

 

Blogger Бобан said ... (11:01 PM) : 

и јас го поминав на истиот начин.. всушност јас не го ни осетив први мај.. другиот дел од денот го преспав.

 

Anonymous Марија said ... (3:32 PM) : 

Ја бев дома, ама не отидовме никаде затоа што врнеше. Исто како во Чикаго. :-) Се врткавме низ двор и се видовме со баба ти и дедо ти. А, да... заборавив да ти кажам дека правевме скара, без тоа не поминува 2-ри мај.

Поздрав.

 

Anonymous Anonymous said ... (8:54 AM) : 

Jas za 1 Maj ke odam vo seloto Trpejca i na planinata galicica.
Tamu ke sportuvame,ke pravime skara i sto e najvazno ke odmarame.

 

post a comment