Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal


Во SoftwareMK
Во Најди!


Hits:
Virtual Macedonia 

Topsites


PageRank Checking Tool
 View My Public Stats on MyBlogLog.com
World Cup 

Counter


Powered by Blogger


View My Stats

Friday, May 19, 2006

Готвењето е многу слично на програмирањето :-)

Немојте после да кажете дека не сте знаеле! :-)




Само да кажам дека за вакви проекти јас(лично) преферирам outsourcing ... :-)

PS: Карикатурите се превземени од c0ders::Comic strip about programmers. Екстра се! :-)

Wednesday, May 17, 2006

АГОЛ #8


Најновото издание (#8) на АГОЛ - Art and Culture eZine Ви ја нуди следнава содржина:

Од Агол
- Заложници

Сцена
- Џијан Емин - АГОЛ - Интервју

Литература
- Nick Cave - Тајниот живот на љубовната песна

Музика
- Neko Case - Интервју на Pitchforkmedia
- Calexico - Приказната за уништената градина

Стрип
- Chester Brown - Интервју на TIME.comix

Филм
- Bernardo Bertolucci - Магот на психолошкото дејство
- Anna Boden - Интервју на Ellen Mills

Галерија
- Brassai

Tuesday, May 16, 2006

Copy Paste ... :-)

Сурфајќи по македонската блогосфера наидов на следните линкови:
694 милиони луѓе во светот користат интернет
Linux станува баговит

Оние кои што го читаат овој блог лесно ќе ја препознаат "автентичноста" со следниве постови објавени на SoftwareMK:
694 милиони луѓе во светот користат интернет
Linux станува баговит

Блогерот Kevin на неговиот блог Hack Live ги објавил овие постови.

Не... не се лутам таман работа, напротив, драго ми е што ги прочитал и му се допаднале па ги објавил кај него. Единствена замерка ми е што не објавил информација за авторот на текстовите и permanent link до истите

Friday, May 12, 2006

Неколку збора за АБАКУС ...

Вчерашниот ден, 10 Мај бил Национален Абакус Ден во Јапонија. Пази, национален, неверувам дека бил неработен, ама сепак луѓето и одаваат почит на направата која била зачеток на технолошкиот бум кој допринел Јапонија, денес да биде тоа што е.

Малку историја

Самиот збор абакус има латинско потекло со грчки корени (abax или abakon) :-) и бе се превел како табла.

Таблата можела да биде од дрво, камен или метал со вовлечени жици или исцртани вертикални линии на кои се поставени камчиња. Манипулирајќи со камчињата, луѓето ги изведувале наједноставните аритметички операции како собирање, одземање, множење и делење. Во 1058 година Lee Kai-Chen го издава прирачникот за ракување со, како што тој го нарекол, "новиот" абакус. (линк до прирачникот)

Но, абакус не е најстариот уред за сметање. Најстарите направи за сметање се појавиле 500 години пред нашата ера, а најстариот зачуван примерок е Саламанската Табла која била користена од страна на вавилонците околу 300-та година пред новата ера. Примерокот на Саламанската Табла се чува во Националниот Музеј за Епиграфија во Атина.

И така со години луѓето ги употребувале направите за сметање, учеле од нив, сметале ...

Замислете во тоа време Customer Support ...

Корисник: Еј ми се заглавија камчињата на абакусот(читај:ми се блокира PCto)
HelpDesk: Дали проба да го треснеш од земја (читај: дали проба да го ресетираш)?
COOL А??? :-)

Или нешто како, колку камчиња имаш на абакусот (читај: Колку L2 cache имаш).

Интересно е што сите абакуси биле "лаптоп", т.е. мобилни сметачи, замислете сега наместо со лаптоп во кафетерија седите со абакус :-))))

Оние кои што сакаат да прочитаат нешто повеќе за Абакус, може да кликнат на следиот линк

Thursday, May 11, 2006

Google working environment

Сум слушнал дека да работиш за Google преставува вистинско уживање.
Тука нема да трошам многу зборови, се може да видите и слушнете од следниот клип.

Google Recruiting Video времетраење 7 минути и 21 секунда

Google 15 rule, Google 20% rule ... Навистина COOL ... кликајте одма!

PS:Видеото не е up to date

Wednesday, May 10, 2006

Linux станува баговит

Дали Linux кернелот постанува премногу баговит? Ова прашаење и не би било толку сериозно ако не е иницирано од Andrew Morton, главниот инжењер за одржување на продукцискиот Linux kernel.
Имено, минатиот петок, за време на една дискусија во рамките на конференцијата LinuxTag која се одржа од 3 до 6 Мај во Wiesbaden Германија, Morton рекол дека верува дека 2.6 kernel полека станува баговит.

"I believe the 2.6 kernel is slowly getting buggier. It seems we're adding bugs at a higher rate than we're fixing them."

Исто така тој нагласил дека нема конкретни докази за ова, но загрижен е поради слабиот интерес на програмерите да пронаоѓаат и поправаат багови во кернелот.

One problem is that few developers are motivated to work on defects, Morton said. This is particularly a problem for bugs that affect old computers or peripherals, as kernel developers working for corporations don't tend to care about out-of-date hardware.

Целата статија можете да ја најдете овде

Но дали ова е сепак толку загрижувачко?

Linux фанатикот Steven J. Vaughan-Nichols вели дека ова не му е прв пат на Morton да изјави вакво нешто. Тоа се случило и минатата година за време на конференција Linux.conf.au 2005 одржана во Canberra, Австралија.

Vaughan-Nichols вели дека тоа што Morton го тврди е лично негово размислување и дека тој не презентирал никаков цврст доказ за тоа.

Повеќе за реакцијата на Vaughan-Nichols може да прочитате во неговата статија објавена на LinuxWatch.

Јас би рекол каде што има чад има и оган и дека овие изјави на Morton треба да се земат сериозно. Тоа е исто кога главниот инжењер за безбедно возење во Мерцедес би рекол: а бе мислам дека имаме многу проблеми со нашите возила, а никој не се труди да ги поправи.

Tuesday, May 09, 2006

Патувања, хотели, поени и round trip ticket to Macedonia

Од моментот кога ја прифатив позицијата Database Architect ми стана јасно дека повеќе ќе престојувам во хотели отколку дома. На почеток ми беше малку тешко, пред се не бев навикнат на таквo темпо на работа, но како изминуваше времето видов дека во САД тоа е нешто најнормално.

Всушност сите мои колеги со кои што работам се консултанти од BearingPoint, Sun Microsystems, Oracle, BEA.

Сите тие се далеку од дома...

Од денес тимот во кој што работам е поголем за два нови консултанти од Oracle. Дечките се супер и секој со себе носи некое ново знаење кое што го дели со останатите, всушност секој ден совладувам нови знаења, секој разговор може да донесе нешто ново.

Најчесто моите службени патувања траат цела работна недела, од понеделник до петок. Кога сте на службено патување, лесно може да заклучите дека ноќта пред да си одите дома е најубава. Еднаш од еден колега слушнав дека тој ја сака таа ноќ најмногу и дека тогаш сака да испие неколку чаши вино и да јаде некој посебен специјалитет кој го немал пробано дотогаш. Друг вели дека ноќта пред да си оди дома сака да долго да пешачи околу хотелот каде што престојува...

Јас таа ноќ се пакувам и одам со колегите во бар.

Петок ... дома. Петок го сакам најмногу :-)

Нешто лично: Преферирам да летам со United, а да престојувам во Marriott. Спореден "позитивен" ефект од патувањата е набивањето милјажа и поени за кои може да добијам доста вредни награди ... уште малку ми фали за round-trip ticket to Macedonia :-) ... кој ти дава? :-)

Еве две фотки кои ги направив денес кога полетав од Чикаго спрема Вашингтон.



Sunday, May 07, 2006

694 милиони луѓе во светот користат интернет

Според истражувањето кое го направија ComScore Networks, над 694 милиони луѓе во светот користат интернет.

Од нив 152 милиони се од САД, 74.7 милиони се од Кина, 52 милиони се од Јапонија, итн.

Корисниците на интернет најмногу ги посетуваат пребарувачите меѓу кои на прво место е MSN, следуваат Google и Yahoo.

Monday, May 01, 2006

1 Maj ... Што беше тоа?!

1 Мај ... Што беше тоа?

Денес дојдов на работа и повторно се зачудив зошто имам толку малку посети на блогот. Обично тоа се случува за викенди, ама за работни денови се собираат по 20 сетина посети дневно. Не е некоја цифра, али ОК е. Денес повторно само 5 посети (од сабајле), таман се изнервирав и решив да го баталам блогирањето ми текна дека денес е Први Мај, празник кој до лани го празнував во Македонија.

1 Мај денот на трудот, денот на работничката класа...Овој ден во Македонија е повеќе синоним за одење на излет, правење скара, пиење огромни количини алкохол кој се лади во блиските потоци (така ефектот е поголем).

Обично со екипата (другарите и другарките:-)) одевме на некое излетничко место блиску до Неготино. Во последно време тоа беше брегот на Вардар, всушност тоа беа нивите на брегот на Вардар :-) на кои се наоѓаше по некоја топола која ја користевме за сенка.

Тој ден го сакав поради тоа што е еден од ретките кога се собиравме сите другари ... и другарки (нормално). Инаку морам да кажам дека ние сме голема екипа 17-18 души, па помножено со 2, плус неколу екстра ... јеби га само на ливада, на свадба и на шанк (ама голем) можеме сите да се собереме :-).

Ај да продолжам со "мајот"...Обично таму Анѓелчо со тракторот ќе отидеше на 1 Мај да го обележи местото и да ја израмне тревата за да не губиме време за тие активности на втори :-).
На втори од сабајле земавме месо за скара, а да ...и обавезно сланина, за чистење на зарѓаните скари (некои неупотребени и неисчистени цела година)... пиење кој што сака да си земе, и правац Вардар.

Најубаво беше на почеток кога се загрева атмосферата. Женските, жените, пријателките ("секоја со различен статус") на почеток правеа салати, а ние ја загревавме атмосферата со ж'та "кочан" ладна.... Екстра...

Јас обично бев на скарата, обожавав да го вртам месото со пиво у раката и тепање "бош" муабет.

После ручек нормално фудбал, 20-30 под-заматени души бркаат топка која едвај се гледа скриена у травата, ама филинг а? ...

После фудбалот, обично, Ацо (Попот) ќе отидеше до Криволак и ќе донесеше една "клапа" естрадни уметници и ЖУРКААААА...

На крај ... крај??? нема крај никој не го памти крајот, следно што следува е ... се будиш на трети мамурен, главата ти е тапан.

Ах ... вака ќе биде сигурно и утре, само овој пат екипата ќе биде помала за двајца. Пецо е во Њу Џерси, јас сум во Чикаго ... ааа да 2 x 2 = 4 :-) .......

КОЛКУ САКАМ ДА СУМ ДОМА!!! :-)

Е сега вака гледано од страна .... Каков празник беше први Мај??? Ден на трудот? Жалосно но вистинито, кој труд?

Колку сме ја загадувале околината со ѓубре, смет, некој да не чистел после нас ?!... хаха.... али филинг човече, филинг.... ај да не забегувам.

1 Мај во Чикаго.
- Јас сум на работа
- илигалните имигранти организираат масовен марш во downtown
- Врне дожд, нема шанси да отидиме некаде после работа
- Први Мај ... што беше тоа???

Можам да замислам што ќе се случи со американската економија ако истата не функционира 2-3 дена ... инаку и во америка постои Ден на трудот кој се празнува на првиот понеделник во Септември (линк). Оваа година Денот на трудот е на 4ти Септември.