Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Sunday, April 30, 2006

SQL Developer - бесплатна развојна алатка од Oracle

Го имам најновото издание на Oracle Magazine May/June 2006 и во него статија која можам да ја издвојам е Oracle SQL Developer Soars во која се разгледува најновиот продукт на Oracle наменет за програмерите наречен SQL Developer.

SQL Developer претходно познат како проектот Raptor го следам од неговите први бета верзии. Се работи за алатка која им овозможува на програмерите полесно креирање, тестирање, оптимизирање и анализа на нивните SQL query-ја, PL/SQL код, администрирање на DB објекти (табели, индекси, функции, процедури, итн), дебагирање на PL/SQL код и многу други активности.

Всушност се работи за алатка која по својата функционалност и примена е многу слична на TOAD или PL/SQD Developer, но за разлика од нив оваа алатка е бесплатна.

На прв поглед впечатлива е графичката работна околина која многу наликува на работната околина на JDeveloper, па најверојатно ќе им се добадне на сите оние Java програмери кои го користат JDeveloper како развојна алатка.

Имам впечаток дека ги има наследено функционалните особини на TOAD (пример F9-Execute QUery). За разлика од PL/SQL Developer во еден работен прозорец може да се користат повеќе конекции, што секако е позитивна работа.

Но, сепак забележав некои багови кои веќе ги репортирав а се однесуваат на следново:

Проблем 1
Во десниот горен агол има опција да се смени активната база со друга база за некој конкретен процес на кој што вие работите. На пример ако сакате да ја анализирате работата на едно query над повеќе бази, се што треба да направите е да го смените активната конекција со таа на која што сакате да тестирате.
Е сега тука е проблемот, кога ќе ја смените конекцијата, истата ќе се смени на сите активни worksheet-ови кои ги имате отворено. Замилсете да имате отворено 10 работни прозорци со 3 различни конекции, после промената на конекцијата сите ќе ја добијат новата конекција со што вие може да изгубите траг на работата која што сте ја работеле дотогаш.

Проблем 2
Креирав неколку линка кон други бази на податоци, но линковите не се покажаа дека постојат во дрвото на објекти.

Овие проблеми може се ситни проблеми, но сепак многу битни посебно за работата на некој програмер, дизајнер или аналитичар.

Секако дека во првата верзија на секој продукт се појавуваат многу багови, што е случај и со SQL Developer, сепак овие багови не го променија моето мислење дека се работи за одлична алатка која меѓу другото е, да повторам пак, басплатна.

Јас ќе чекам да се поправат баговите, ќе продолжам да ја тестирам, а до тогаш ќе си го корситам PL/SQL Developer кој за сега ми врши најмногу работа.

SQL Developer може да работи на Windows, Linux/Unix, Mac OS X и може да го симнете од интернет страницата на Oracle (Линк).

Инсталацијата е многу едноставна, впрочем се што треба да направите е да ја симнете и распакувате содржината на инсталационите датотеки и ... толку... сепак може да се раководите и по упатството за инсталација.

Други корисни линкови:
PL/SQL Developer - линк
TOAD - линк

Comments on "SQL Developer - бесплатна развојна алатка од Oracle"

 

post a comment