Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal


Во SoftwareMK
Во Најди!


Hits:
Virtual Macedonia 

Topsites


PageRank Checking Tool
 View My Public Stats on MyBlogLog.com
World Cup 

Counter


Powered by Blogger


View My Stats

Sunday, April 30, 2006

SQL Developer - бесплатна развојна алатка од Oracle

Го имам најновото издание на Oracle Magazine May/June 2006 и во него статија која можам да ја издвојам е Oracle SQL Developer Soars во која се разгледува најновиот продукт на Oracle наменет за програмерите наречен SQL Developer.

SQL Developer претходно познат како проектот Raptor го следам од неговите први бета верзии. Се работи за алатка која им овозможува на програмерите полесно креирање, тестирање, оптимизирање и анализа на нивните SQL query-ја, PL/SQL код, администрирање на DB објекти (табели, индекси, функции, процедури, итн), дебагирање на PL/SQL код и многу други активности.

Всушност се работи за алатка која по својата функционалност и примена е многу слична на TOAD или PL/SQD Developer, но за разлика од нив оваа алатка е бесплатна.

На прв поглед впечатлива е графичката работна околина која многу наликува на работната околина на JDeveloper, па најверојатно ќе им се добадне на сите оние Java програмери кои го користат JDeveloper како развојна алатка.

Имам впечаток дека ги има наследено функционалните особини на TOAD (пример F9-Execute QUery). За разлика од PL/SQL Developer во еден работен прозорец може да се користат повеќе конекции, што секако е позитивна работа.

Но, сепак забележав некои багови кои веќе ги репортирав а се однесуваат на следново:

Проблем 1
Во десниот горен агол има опција да се смени активната база со друга база за некој конкретен процес на кој што вие работите. На пример ако сакате да ја анализирате работата на едно query над повеќе бази, се што треба да направите е да го смените активната конекција со таа на која што сакате да тестирате.
Е сега тука е проблемот, кога ќе ја смените конекцијата, истата ќе се смени на сите активни worksheet-ови кои ги имате отворено. Замилсете да имате отворено 10 работни прозорци со 3 различни конекции, после промената на конекцијата сите ќе ја добијат новата конекција со што вие може да изгубите траг на работата која што сте ја работеле дотогаш.

Проблем 2
Креирав неколку линка кон други бази на податоци, но линковите не се покажаа дека постојат во дрвото на објекти.

Овие проблеми може се ситни проблеми, но сепак многу битни посебно за работата на некој програмер, дизајнер или аналитичар.

Секако дека во првата верзија на секој продукт се појавуваат многу багови, што е случај и со SQL Developer, сепак овие багови не го променија моето мислење дека се работи за одлична алатка која меѓу другото е, да повторам пак, басплатна.

Јас ќе чекам да се поправат баговите, ќе продолжам да ја тестирам, а до тогаш ќе си го корситам PL/SQL Developer кој за сега ми врши најмногу работа.

SQL Developer може да работи на Windows, Linux/Unix, Mac OS X и може да го симнете од интернет страницата на Oracle (Линк).

Инсталацијата е многу едноставна, впрочем се што треба да направите е да ја симнете и распакувате содржината на инсталационите датотеки и ... толку... сепак може да се раководите и по упатството за инсталација.

Други корисни линкови:
PL/SQL Developer - линк
TOAD - линк

Thursday, April 27, 2006

Yesterday: A DBA's backup song

YESTERDAY (Пејте ја по нотите на познатата песна Yesterday - The Beatles)


Yesterday,
All those backups seemed a waste of pay
Now my database has gone away
Oh I believe in yesterday

Suddenly,
There's not half the files there used to be
And there's a deadline
hanging over me
The system crashed so suddenly.

I pushed something wrong
What it was I could not say
Now my data's gone
and I long for yesterday-ay-ay-ay.

Yesterday,
The need for back-ups seemed so far away.
Thought all my data was here to stay,
Now I believe in yesterday.

Не ја измислив јас, таман работа, ја најдов на Oracle FAQ: Fun Stuff.

И уште нешто кое верувам на сите Oracle програмери и администратори им е многу познато:


Q. What if your Dad loses his car keys?
A. 'Parent keys not found!'

Q. What if your old girl friend spots you with your new one?
A. 'Duplicate value on index!'

Q. What if the golf ball doesn't get into the hole at all?
A. 'Value larger than specified precision!'

Q. What if you try to freak out with somebody else's girlfriend and being kicked out?
A. 'Insufficient privileges on the specified object!'

Q. What if you don't get any response from the girl next door?
A. 'No data found!' or ' Query caused no rows retrieved!'

Q. What if you get response from the girl next door and her Mom too?
A. 'SELECT INTO returns too many rows!'

Q. What if you dial a wrong number?
A. 'Invalid number' or ' Object doesn't exist!'

Q. What if you try to beat your own trumpet?
A. 'Object is found mutating!'

Q. What if you are too late to office and the boss catches you?
A. 'Discrete transaction failed!'

Q. What if you see 'theatre full' when you go to a movie?
A. 'Maximum number of users exceeded!'

Q. What if you don't get table in the lunch room?
A. 'System out of tablespace!'

Q. What if you need to go on a diet?
A. Invalid Body Size

Tuesday, April 25, 2006

Анализирајте ја посетеноста на вашиот блог со StatCounter

Постојат многу бројачи на страници кои воедно нудат и статистички информации за вашата веб страница. Некои од нив се trial, некои се бесплатни.

Денес го поставив StatCounter доста интересен бројач кој нуди добри статистички информации. Бесплатен е за лог кој опфаќа до 100 корисници, што значи сите резултати кои ги добивате се базирани на последните 100 лог корисници.

Одличен е вреди да се проба. Еве неколку информации кои ги добив за овој блог користејќи го StatCounter (за повеќе овде).



Баба Зумбула вечерва во Вашингтон


Оваа недела сум на службено патување во Вашингтон и обично навечер си седам во хотел или со колегите одиме во блиските барови, но вечерва нема да биде така.
На распоредот на Filmfest DC е македонскиот филм Балкан Кан на Дарко Митревски.
Иако го имам гледано, вечерва ќе го гледам пак. Ќе бидам горд ... :-))))

Инаку пријатно се изненадив пред неколку дена кога на полиците во Blockbuster во моето маало го најдов Големата Вода.
Нормално го зедов да го гледам, но не ми остави некој силен впечаток, очекував многу повеќе од една политичка приказна.

Friday, April 21, 2006

Блесок #47

Денес добив e-mail порака со следнава содржина:

Почитувани,

Имаме чест и задоволство да ве известиме дека
47-то издание на „Блесок - литература и други уметности
е достапно за посети на http://www.blesok.com.mk
(на македонски и на англиски)

Во ова издание:
поезија: Јовица Ивановски, Фиона Сампсон, Елизабета Дракуловска
проза: Томас Шапкот
есеи: Алеш Дебељак
критика: Роберт Мјуреј Дејвис
галерија: Исмет Рамиќевиќ, Бојан Симовски
галерија осврти: Љубен Пауноски
звук: Фолтин, Little Walter, The Boogiemen, Bob Halperin, Monster Mike Welch
звук осврти и интервјуа: Љупчо Јолевски, Васја Ивановски
театар: Јелена Лужина

Ве молиме, препратете ја пораката на сите оние
за коишто мислите дека би биле заинтересирани.
Ви благодариме!



***
Ова е мојот придонес кон популаризација на овој арт е-магазин.
Не заборавајте да го погледнете и најновото издание на АГОЛ - Art and Culture eZine.

Wednesday, April 19, 2006

Непознат тројанец!!!

Не кликајте на чудни линкови ако ги добиете на MSN од некој кој го имате на контакт листа. Еве зошто :-)


Влатко says:
look at this
Влатко says:
http://www.dommesites.com/images/members/browse.php?id=melissa.gif
Mihajlo says:
what is this?
Mihajlo says:
is this some kind of virus
Mihajlo says:
hello there?!?!?!?!
Mihajlo says:
probably it is one very baaad virus, right?
Mihajlo says:
ej tamu li si?
Mihajlo says:
momce mlado?
Влатко says:
eeej druze be
Влатко says:
kako e?
Mihajlo says:
so bese toa so mi go prati pregeska?
Mihajlo says:
ti mi go prati ili e virus?
Влатко says:
abe ne klikaj
Влатко says:
nekoj trojanec
Влатко says:
se rasiri nabrzina
Mihajlo says:
e pa kliknav ebate
Mihajlo says:
ajdeeee
Влатко says:
i praka na site kontakti
Mihajlo says:
da ne e kaj mene sega
Влатко says:
pusti mu antivisus na toa tvoeto masince

Norton ми вика дека не сум позитивен ... супер ... уххххх :-)

**** U P D A T E ****

Влатко го најде тројанецот. Се работи за fuckin W32.Kelvir.JJ.

W32.Kelvir.JJ is a worm that attempts to spread through MSN Messenger.

Also Known As: WORM_KELVIR.CY [Trend Micro]
Type: Worm
Infection Length: 26,624 bytes
Systems Affected: Windows 2000, Windows 95, Windows 98, Windows Me, Windows NT, Windows Server 2003, Windows XP

Technical Details

Тhanks Влатко !!! :-)

****

Малку историја ... FORTRAN и LISP


На 19 Април 1957, година тимот на Herbert Bright, раководител на АОП центарот на Westinghouse во Pittsburgh ја искомпајлирал првата Fortran ("FORmula TRANslator" ) програма.

Интересно е тоа што во истиот момент компајлерот ја јавил и првата грешка "Comma missing in computed GO TO statement.". Единаесет години подоцна, односно во 1968 година, Edsger Dijkstra еден од најголемите противници на програмирање без математички доказ на коректност, изјавил дека GOTO наредбите се штетни и продолжил со своето пропагирање на дисциплинирано програмирање.

Kомпјалерот бил направен од John Backus и неговите колеги од IBM, кои го развивале 7 години и потоа им го испорачале на Westinghouse.

FORTRAN(1957)


DIMENSIØN A(11)
READ A
2 DØ 3,8,11 J=1,11
3 I=11-J
Y=SQRT(ABS(A(I+1)))+5*A(I+1)**3
IF (400>=Y) 8,4
4 PRINT I,999.
GØTØ 2
8 PRINT I,Y
11 STØP

Интересен е податокот дека до 1959 година постоеле 200 различни програмски јазици.

Од настаните кои што се случиле оваа недела, но пред многу години ќе го издвојам и издавањето на првата верзија на програмскиот јазик LISP на 16 Април 1959 година.

Тоа е еден од програмските јазици кои се употребуваат во лабораториите за Вештачка Интелегенција. Креиран е од John McCarthy во тоа време им нудел голема флексибилност на програмерите. LISP сеуште се користи во AI (Artificial Intelligencе) развојните околини.

LISP сеуште живее преку своите современи верзии. CLISP е вграден во неколку Linux дистрибуции.

За разлика од FORTRAN, LISP го изучував на факултет и морам да кажам дека е фантастичен програмски јазик кој ми остави силен впечаток. Имам изработено игра "линеарно домино" која е комплетно направена во LISP. Искрено, морам да кажам дека незнам каде ми е кодот од истата, а баш би сакал да го најдам.

За сите оние кои сакаат да научат нешто повеќе за LISP еве линк од книгата Practical Common Lisp .

Saturday, April 15, 2006

blog.com.mk или blogger.com

Колку што може да забележам многу македонски блогери отвориле блог на blog.com.mk и својата активност ја продолжуваат таму.

Јас останувам верен на blogger!!!

Драги блогери и блогерки, ако вашиот стар блог се наоѓа во мојот блогорол и истиот повеќе не го користите (а немате ставено редирекција), ве молам известете ме за да го сменам линкот.

Kaspersky Anti-Virus Mobile 2.0 ... добиjте го бесплатно


Kaspersky Labs. издаде бета верзија на својот популрен анти-вирус пакет наменета за безжични уреди кои користат Symbian оперативен систем. Новиот нивни продукт е наречен Kaspersky Anti-Virus Mobile 2.0.

Софтверот може да биде симнат или надграден преку WAP или HTTP протокол.

Компатибилен е со оние безжични уреди кои користат Symbian 6.1, 7.0, 8.0 или 8.1 OS и Series60 кориснички интерфејс.

Досега продуктот е тестиран на следниве уреди:

Nokia: 3230, 3600, 3620, 3650, 3660, 6260, 6600, 6620, 6630, 6670, 6680, 6681, 6682, N70, N90, 7610, 7650, N-Gage, NGage-QD.
Lenovo: P930.
Panasonic: x700, x800.
Samsung: SGH D720, SGH D730.
Sendo: X.
Siemens: SX1.

Следната бета верзија ќе може да се користи на уреди кои користат Symbian Series UIQ и Microsoft Windows Mobile 2003 и 5.0.

Сите оние кои сакаат да ја тестираат првата бета верзија, истата може да ја симнат од интернет страницата на Kaspersky.

Според представниците на Kaspersky, активните учесници во бета тестирањето ќе може да ја добијат првата комерцијална верзија на Kaspersky Anti-Virus Mobile бесплатно.

Wednesday, April 12, 2006

ГНУ/Линукс Инсталационен Фестивал 2006

Слободен софтвер Македонија, организира пролетен Инсталационен фестивал.

Инсталфест e собир за инсталирање софтвер. На овој Инсталфест, ќе Ви помогнеме да инсталирате ГНУ/Линукс на вашиот компјутер. Ако пак не сте заинтересирани да инсталирате ГНУ/Линукс, можете да дојдете и само да се информирате. Или можете да донесете систем со веќе инсталиран ГНУ/Линукс кој ви прави проблеми – ние ќе ви помогнеме да го средите.

Burn Fest е помалото братче на Инсталфестот. Ако сакате сами да си го средите компјутерот, тогаш можете да дојдете со празни дискови и да ги снимите најновите ГНУ/Линукс дистрибуции. Видете ја листата на дистрибуции кои ги имаме.

Проширете ја веста преку пост на темава.

Tuesday, April 11, 2006

1st Southeastern Europe Broadband Conference 2006

Заменикот на специјалниот координатор на пактот за стабилност на југоисточна Европа, Мајкл Мозур изјавил дека приватниот сектор мора да биде лидер во електронското работење (е-Бизнис) како би се видела вистинската корист од користењето на "broadband" комуникации. Исто така тој додал дека развојот на електронскиот бизнис би бил пресуден за сузбивање на големата корупција на царинските служби во регионот.

Оваа изјава Мозур ја дал за време на првата регионална конференција за современи информатички технологии која започна во Белград на 10 април и ќе трае до 12 Април (извор B92)

Како заклучок од конференцијата произлегла констатацијата дека земјите во регионот треба да го потикнуваат електронскиот бизнис и користењето на интернетот, бидејќи со тоа се намалувала невработеноста и корупцијата.

Повеќе за конференцијата можете да најдете на нивната интернет страница 1st Southeastern Europe Broadband Conference 2006

Колку што можам да забележам од листата на учесниците Македонија е застапена преку Macedonia Connects

Monday, April 10, 2006

Не контам!!!: бие гол за 3 бода и за одржавање предност са Вардара

Текстот кој што може да го прочитате го најдов на интернет страницата на Македонски Спорт. Појма немам зошто е поставен со лош српски превод? Зошто е и преведен на српски, тоа па ич незнам?

Еве ви линк до истата страница. (Текстот го вметнав овде поради тоа што утре можеби страницата нема да им работи :-))


Смеје се бараж за Силекс и Брегалници
На 8 кола до краја сезоне екипе Силекс и Брегалница имају мале надсе да се изборе за опстанак у лиги а притим да не играју бараж мечеве са екипе из друге лиге Македонија. Силекс је поражен у Скопљу од лидера Работнички (играли су Пејчич и Михајлович) кои у досадни меч савладала тима тренера Јосипа Пирмајера. Трајчев је погодиу у 6 минуту и то је бие гол за 3 бода и за одржавање предност са Вардара у битки за титули на +8 бодова.

Вардар је очекивано победио "братску" Цементару која након ово кола речиси и нема шансе за опстанак и лиги.

Други тим након Силекс кои се смеје бараж је штипска Брегалница која је стигла на корак до финала Купа Македонија но јуче је поражена и Кичево. Влазрими је славио са 1:0 и дошао до бодове кое дају наде да овај тим осигура опстанак у регулартни тек сезони.

Сви екипе које долазе из албанске делове Македонија у овоим 25 коло дошли су до позитивне резултате. Ренова је приредила сензациу одиграјучи 0:0 код "лавове" кои их предводи тренер Иванчевич. Македонија губи корак са Варадром и битку за друго место и Куп УЕФА.

Победа је на домачем терени са оба гола Крстева дошла до преокрет након што је отписана Беласица повела са 0:1.

И. Д. Ивановски

Ова е нешто во стилот на Сообраќајката во Прилеп ... не контам!!! дали е оваа некоја мода или се работи за новинари кои покрај политика и избори сакаат да пишуваат и за спорт.

:-))))))))))))))

P.S. Пробав да ги подвлечам интересните реченици, ама не бива, све треба да се подвлече, па ги тргнав линиите :-)))) Ме интересира дали е така објавен и во печатеното издание на весникот!!!


********
Ова личи на она во стилот:
- Имате ли можда једну карту за у Кину?
- Па госпоѓо ово није Туристичка агенција ово је биоскоп

:-))))))))))))

Подршка за блогот на Јани!

Претседателот на Комисијата за Информатичка Технологија (КИТ), Јани Макрадули од неодамна има свој блог. Блогот Наша Шанса стварно го разбирам како шанса да се разменуваат мислења, коментари и дискусии поврзани за ИТ теми во Македонија и за проблемите со кои се соочува македонската е-заедница.

Храбар потег и секоја чест!... За жал голем дел од коментарите кои ги оставаат читателоте на блогот имаат политичка позадина со што воопшто не придонесуваат да се развијат квалитетни дискусии.

Му посакувам добредојде на Јани во македонската блогосфера и посакувам да продолжи понатаму.

Friday, April 07, 2006

Do you have my stapler?

Сте го гледале ли филмот Office Space? Знам дека сега има втор дел, ама јас го имам гледано само првиот и во него имаше еден лик кој се викаше Милтон (ете го на сликата). Типот беше преплашен, делуваше збунето и секое приближување на некој негов менаџер предизвикуваше земјотрес во неговото тело. Не ми се веруваше дека такви ликови воопшто постојат, но постојат и тоа многу. Тоа се всушност луѓе во години, кои плашејќи се да не го изгубат своето место се подготвени на секакви отстапки.

Немојте да мислите да останете програмери цел живот ако не сакате да изгледате како Милтон. Усовршувајте се, совладајте ја секоја нова технологија која е прилично иста со таа што ја знаете сега.

Архитект, Дизајнер, Проект Менаџер, Тим лидер, тоа се профилите во кои треба да се пресликате со тек на време, во спротивно ќе дојде некое детиште со 20-тина години кое од својата 3 година штрака на тастатурата и ... нормално дека ќе треба да барате нова работа ... нова работа на 50 години.

Thursday, April 06, 2006

Заштита на податоци во Oracle 10.2.0

Прво да се извинам што ме немаше толку време, но од професионалните обврски коои ги имав последниве две недели бев спречен да постирам на блогот.

Последниве две недели бев преокупиран со евалуација на неколку техники кои ги нуди Oracle за синхронизација на две бази, како и за енкрипција на податоците во една база.

Сега ќе напишам неколку збора за енкрипцијата на податоци во Oracle 10g Release 2.

Знаеме што значи заштита на податоци и секојдневно читаме и слушаме како на некоја банка и го пробиле системот, па хакерите дошле до броевите на кредитните картички на клиентите на банката.

Во САД постои регулатива која налага сите осетливи персонални податоци бидат енкриптирани.

За енкрипција на податоците Oracle нуди две можности:
1. DBMS_CRYPTO package
2. Transparent Data Replication (TDE)

Во суштина и двете техники се исти, и двете техники како краен резултат нудат енкриптиран податок.

DBMS_CRYPTO

DBMS_CRYPTO пакетот е тригер-ориентиран, што значи дека треба да постојат тригери кои ќе го енкриптираат текстот. Тоа и не е толку страшно да се изведе, но проблемите доаѓаат во делот на декрипција на податоците во случај да се имплементира пакетот во веќе готов продукт. За декрипција треба да се користат функции или процедури, но притоа треба да ги промените сите query-ја во кои што се користи енкриптираното поле. Ова може и да се изведе некако, но што ако после еден месец треба да енкриптирате ново поле? Тогаш треба повторно да ги најдете и модифицирате сите query-ја кои го содржат тоа поле.

Друг битен недостаток е тоа што DBMS_CRYPTO пакетот клучевите за енкрипција и декрипција ги чува во базата, па во случај на пробивање на базата хакерите може да ги најдат истите.

TDE

TDE е дел од Oracle Advanced Security пакетот.

За разлика од DBMS_CRYPTO, TDE клучевите за енкрипција и декрипција ги содржи во таканаречен wallet кој се наоѓа на локација надвор од базата. Привилегија да го администрираат wallet-от имаат само специјални SYSDBA корисници.

Друга голема предност на TDE во однос на DBMS_CRYPTO е тоа што Oracle користи вградени тригери за енкрипција и автоматски ги декриптира податоците. Значи нема потреба од тригери, функции, промена на код, се што треба да направите е да го сетирате wallet-от и да ги означите колоните кои сакате да бидат енкриптирани.

alter table име_на_табелата
modify име_на_колоната податочен_тип ENCRYPT

Голем недостаток на TDE е тоа што нема подршка за синхронизиран пренос на подтоци од една база кон друга, односно реплицакција. Проблемот е во тоа што LogMiner неможе, барем не засега, да препознае енкриптиран текст. Oracle Streams, Oracle Change Data Capture (CDC), Oracle Data Guard (Logical Standby), и многу други техники се базирани на LogMiner. Кога се работи за пренос на податоци TDE има подршка за Oracle Data Guard (Physical Standby), што значи ако како Disaster Recovery решение користите Data Guard (Physical Standby), нема да имате проблем. Исто така TDE има подршка за Oracle Data Pump, за експорт и импорт на податоци.

Во разговор со колегите од Oracle Corp. добивме информација дека многу компании бараат Oracle да овозможи подршка на TDE за претходно наведените продукти, и дека тие работат на тоа. Очекувањата на Oracle се подршката да биде вклучена во новата верзија 11 која очекуваат да излезе кон крајот на 2006 и почетокот на 2007 година.

И двете опции може да ги користат најпознатите алгоритми за енкрипција AES, AES192, AES256, DES, и DES3.

Незнам колку во Македонија компаниите кои што нудат продукт кој користи Oracle база, ги користат овие технологии, но знам дека голем дел од проектите кои се изработуваат енкрипцијата на податоците ја вклучуваат во самиот код, односно имаат таканаречена Апликациски-базирана енкрипција, која за жал може да има катастрофални последици.