Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Tuesday, March 14, 2006

Најди!Книга ... Overview


Најди!Книга е најновиот сервис на пребарувачот Најди! кој ја имаше својата промоција на 9 Март 2006 (повеќе на интернет страницата на Метаморфозис).

Користејќи го овој сервис корисниците ќе може да пребаруваат по севкупната содржина на индексираните книги.

Сервисот не користи никаква база на податоци, туку пребарувањето го врши со помош на Swish-e.

Swish-e е брз и флексибилен open source систем за индексирање на интернет страници или датотеки. Идеален е за индексирање до еден милион документи. Го користи GNOME™ libxml2 парсерот и може да пребарува обичен текст, e-mail пораки, PDF, HTML, XML, Word документи или секоја друга датотека кој што може да се конвертира во XML или HTML.

Покрај Најди!Книга, Swish-e го користат и многу други сервиси.

Најголем дел книгите, кои се индексирани од пребарувачот Најди!Книга, се комплетни, така да корисниците имаат можаност да пребаруваат низ комплетните дела.

Причини за индексирање на само дел од книга (кај некои книги) се:


1. Неможноста на издавачот да ги најде сите делови од книгата;
2. Книгата е составена од делови на повеќе јазици (типично за уметнички монографии) па се индексира само македонскиот и/или англискиот текст;
3. Голем дел на книгата се состои од скениран текст;

Најди!Книга е одлична можност за презентација на научно истражувачки трудови.
Исто така Најди!Книга би значел можност за преставување на оние автори кои од било кои причини до сега го немаат објавено својот труд.

Според она што јас го забележав при тестирањето на Најди!Книга, можам да кажам дека пребарувањето работи одлично.

Еден недостаток, според мене, е ограничувањето за пребарување на фрази од зборови. Сепак ако пребарувањето се врши по сите зборови од фразата, најпрво се наоѓаат текстовите кои ги содржат сите зборови кои се зададени во клучот на пребарувањето.

Би било убаво за книгите кои што се најдени да постојат директни линкови каде што корисникот би можел да најде повеќе информации за истата. Сепак прашање е дали издавачот има креирано интернет страница за книгата за која што корисникот бара информации.

Друг недостаток би бил начинот на кој се прикажани резултатите.

Начинот на кој се прикажани резултатите би можел да биде малку подобрен од аспект на прегледност. Имено содржината на книгата е поделена на 20 дела. За секој дел се прикажани почетокот и крајот. Незнам колку ова е практично. Мене би ми било тешко, ако на пример ја имам книгата пред мене да ги наоѓам почетоците и краевите на деловите каде што се пронајдени клучните зборови. Поголема информација би ми била страницата во книгата каде што е најден зборот.

Според Петар Кајевски, авторот на овој сервис, името на книгата и издавачот се доволни да се најде книгата во Македонија. Сервисот може да се збогати со повеќе информации за книгата, но тоа не е од најголем приоритет во моментот. Моментално тој е фокусиран на барање нови дела кои би се индексирале во пребарувачот.

Како и да е верувам дека со поправање на овие недостатоци, сервисот би добил на квалитет.

Сепак Најди!Книга не е само продукт, тоа е пример за сервис со чија имплементација издавачите, библиотеките, книжарниците, образовните институции би добиле многу ...

Замислете вакви сервиси да користат библиотеките!

Би добиле е-Библиотека. Тоа е добро како за самите библиотеки, така и за читателите. На пример, фондот на книги на Универзитетската библиотека во Скопје би бил достапен на секој, без разлика на неговата местоположба.

Ваков проект би бил повеќе од корисен за факултетите. Замислете сите материјали за студирање на едно место, со можност за пребарување, со можност за користење на истите во секое време и на секое место.

Се надевам дека Најди!Книга ќе индексира многу книги, а бенефит од тоа ќе нема да имаат само издавачите, кои би им се приближиле на читателите, туку и самите читатели кои лесно би доаѓале до книги со посакуваната содржина.


* * * * * * *

После корекцијата која ја добив од Петар како коментар, текстот е модифициран.

Comments on "Најди!Книга ... Overview"

 

Anonymous PetarK said ... (9:23 AM) : 

Корекција - индексот на најголемиот дел од книгите Е направен врз основа на целосната верзија на книгата. Најди Книга не користи јавно достапни делови од книги, туку целосни електронски верзии на книгите.

Причина за индексирање на само дел од книгата се:
1. Неможноста на издавачот да ги најде сите делови од книгата
2. Книгата е составена од делови на повеќе јазици (типично за уметнички монографии) па се индексира само македонскиот и/или англискиот текст.
3. Голем дел на книгата се состои од скениран текст

При тоа, можно е да фали некои мало делче од опремата на книгата - да не е индексирана содржината, или рецензијата на крај, или некоја легенда на слика или фуснота во случај кога книгата има многу малку легенди или фусноти. Ако книгата има многу фусноти, тогаш книгата се индексира на начин кој ги опфаќа и фуснотите.

 

Blogger Teko said ... (3:25 PM) : 

Петар,

Корекциите се прифатени и текстот е модифициран.

Благодарам.

 

post a comment