Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Saturday, March 18, 2006

Што сум играл најмногу? Фудбалски менаџери...

Нешто што многу ми недостига овде во САД е гледање европски фудбал, или како со американците обожаваат да го викаат Soccer. Нивниот фудбал се игра најмногу со помош на рацете, па секогаш кога се препираме со колегите што е фудбал и чија игра е поубава доаѓаме до еден заклучок!

Ние сме тотално различни во вкусовите за спортските игри.

Нив нашиот фудбал им бил неинтересен, чекале 90 минути да падне гол и бил страшно досаден. Што е досаден бре, а каков е нивниот? Се местат 5 минути за да потрчат 20 секунди и така 3-4 саати. Демек имало стратегија :-). Не велам дека не е интересен, ама неможе да се носи со нашиот, плус што наместо да навиваат и да створат атмосфера на стадионите, каде неретко има по 60,000 гледачи, тие јадат хот-дог, хамбургери, пијат пиво. Да, убаво е тоа, фамилијарна забава, супер, ама нема жар. :-)

Зошто го пишам ова?

Страшно ми се игра Championship Manager. Не сум многу по игрите, ама кога станува за оваа игра, тогаш се претварам во манијак :-).

Фантастична игра во секој поглед, ме држеше закован за компјутер по 10 дена, се додека не освојам се што може да се освои, па ми текнет да излезам од филмот "нај успешен менаџер" :-).

Инаку не е ова единствената игра која сум ја играл. Се почна со популарната Ultimate soccer Manager 2. DOS-mode игра, која не ти дава да дишеш. Беше тоа во 1996/97. Потоа излезе USM 98, па Premier Manager, Fifa football manager, за да на крај се заразам со сите можни верзии на Championship manager.

Со кој тимови сум играл?

Почнав со Manchester United, но најголем предизвик ми беше да земам тим од Conference лигата на Англија и со него да стигнам до Premiership :-)...е тоа беше страшно заразно, тогаш забораваш на јадење, на пиење на спиење.

Најголемо задоволство ми претставуваше кога во една од последните верзии на Championship manager го видов Partizan FC. Тоа е мојот тим. За Partizan навивам од кога знам за мене, едноставно ми беше задоволство да играм со него.

Пак забегувам ... доста е :-) ... ааа да друга игра која многу сум ја играл беше Civilization2 ... фантастична стратегија на Sid Mayers.

Дали сега играм игри? Не, немам време за тоа, ама страшно ми се гледа фудбал, а обично после тоа следи Championship Manager, па кој знае ...

Comments on "Што сум играл најмногу? Фудбалски менаџери..."

 

Blogger volan said ... (2:50 AM) : 

Чудно е како и зошто на некои луѓе вкусовите им се преклапаат. За партизан навивам од дете. Не така страсно но навивам. Можеби за тоа што и мојот татко навивал за него.

Иначе игри на компјутер не сум играл никојпат - можеби ако тетрис се смета за игра... Но затоа син ми со тоа менаџерите си ја упропасти младоста....

 

Anonymous Anonymous said ... (11:30 AM) : 

Pa vidi treba um da imas za fudbal da gledas , mislam Soccer de :)

 

Anonymous Bojan said ... (1:26 PM) : 

Championship Manager-закон игра! Само што и самиот кажа, поприлично заразна. :-)

 

Blogger Teko said ... (4:59 PM) : 

Еве уште една работа што сакам да ја кажам, а заборавив да ја напишам во постот.
Два пати од неревоза, кога веќе заклучував дека џабе сум си го губел времето :-) го скршив CDто со Championship Manager. :-))))
Потоа повторно ја наоѓав играта.

bojan, ти со која екипа си играл? (NUFC или?)

 

Blogger Bojan said ... (7:33 AM) : 

Да, секогаш сум почнувал со Newcastle United FC. Па потоа со разно разни Conference екипи, со кои неможам баш да се пофалам дека сум имал некаков страшен прогрес. И да, со поновите верзии на CM се доби можност за менаџирање на FK Partizan, тим за којшто и јас навивам. Е тоа беше хепенинг, и сеуште е! ;-)

 

post a comment