Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Sunday, March 05, 2006

Претседателе, зошто го заборавате ПМФ ?

Господине Престедателе, зошто (не)намерно го изоставувате Природно-Математичкиот факултет од групата Технички факултети на кои им се обративте на 15 фебруари оваа година?

ПМФ го немаше ни во 2004 кога подарувавте инженерски прстени.

Јас како дипломиран студент на Природно-математички факултет - Институт за Информатика Ве уверувам дека мојот факултет е барем исто толку технички колку што е и ЕТФ.

Comments on "Претседателе, зошто го заборавате ПМФ ?"

 

Anonymous Јован said ... (9:49 PM) : 

Само информативно, никогаш не сум прашал - како официјално се води титулата од ПМФ/Информатика?

Инженер или?

 

Blogger Teko said ... (9:53 PM) : 

Дипломиран инженер по информатика

 

Blogger Teko said ... (9:55 PM) : 

Повеќе информации за институтот
http://www.ii.edu.mk/download/bukletnovo.pdf

 

Blogger volan said ... (9:42 AM) : 

Тука се работи за непотребна конкуренција, на кадри од ПМФ(кои се врзуваат за ВМРО) и кадри од Електро (кои се врзуваат со СДС).

Заради една таква конфронтација трпиме сите...

Во времето на ВМРО со донација од Тајван се почна со изградба на нова зграда за институтот за Информатика при ПМФ. Добро ВМРО не ја заврши зградата во мандатот,која патем имаше и некоја афера во себе - но СДС еве четири години од власта цигла не стави во таа зграда.

Новини се промовираат само на Електро Машински...

 

Blogger Teko said ... (3:08 PM) : 

Волан, не верувам и не сакам да верувам дека се работи за политичка конфронтација.

 

Blogger volan said ... (11:13 PM) : 

У наше село викаат:

“Ако коза лже, рог не лже“

Објектот за новиот институт за информатика четири години не е пипнат..

Уште слични прмери:
-При крајот на мандатот, ВМРО почна 25 спортски сали, и стигна до кај што стигна (до почетокот). СДС цигла не изгради на тие објекти...
-ВМРО го почна милениумскиот крст во скопје - СДС цигла не стави..

Секаде во светот, новите Влади ги продолжуваат објектите што се почнати од предходната.

Само кај нас пепел се става на се она што го почнал политичкиот противник...

 

Blogger Teko said ... (11:42 PM) : 

Јас проблемот (ако е проблем) го гледам од друг агол. Не ме занима политика, и не верувам дека тоа што ПМФ не е во групата технички факултети (на претседателот) има политичка позадина.

Од Институт за информатика излегле доста кавлитетни инжинери. Има студенти кои заслужуваат прстени, награди и признанија.

Знам дека секогаш ќе има ривалство помеѓу ЕТФ и ПМФ-ИИ, демек кој е подобар, каде се учи повеќе, бла бла бла.
Но, тоа не е битно, не ми е тоа поентата.
Поентата ми е дека студентите од институте на ПМФ заслужуваат да конкурираат за признанија, поготово за оние кои ги доделува претседателот(институција), поради тоа што тогаш наградата има посебна тежина.

 

Anonymous горјан said ... (4:49 PM) : 

псолутно мислам дека тука се работи повеќе за технички причини.уште на конкурс за упис во новините ги има поделбите како технички факултети,за општествени науки и за природни науки.Значи во случајов пмф би спаѓал во конкуренција за награди на природните науки.е сега зашто ги наградува техничките тоа е веројатно негов избор,помалце можеби субјективен донекаде оправдан во смисла дека треба да се инвестира во техниката,можеби неоправдано пмф-ии е изоставен али сега тоа е што е

 

post a comment