Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Sunday, March 05, 2006

Смрт за флет-фи во САД?! Тешко, речиси невозможно

Во својот текст Смрт за флет-фи моделот? Јован дава информации дека компаниите во САД планираат да воведат доплата на кортистење на интернет услугите во смисол "плаќај колку што трошиш" (слично како во Македонија).

На Јован би му било забавно да го гледа воведувањето на концептот на наплата во САД...

Јоване, тој филм никогаш нема да можеш да го гледаш.

Зошто?

Голема конкуренција

Kои се бе BellSouth? :-) Прв пат слушам за нив. Типовите нудат DSL, но DSL нудат и AOL, AT&T, Vonage и многу други далеку поголеми играчи од BellSouth и несакат да слушнат за ваквата опција.

Да не зборувам за компаниите кои нудат Dial-up кој чини $10 долари месечно со вклучена телефонска линија... да точно нема дополнителни трошоци поради тоа што локалните телефонски разговори се бесплатни на ниво на еден ZIP код.

Прочитај го кој е ставот на Cable провајдерите на брз интернет...Не сакаат да слушнат за такво нешто.


Major cable companies, for the time being, say they aren't considering new business models for Internet access. But cable companies, too, are introducing new pricing structures, such as video on demand that makes some programs available free, but charges users a fee for recently released movies and other premium content.

Што викаат Vonage за оваа "луда" идеја


But Internet companies such as Vonage Holdings Corp., which sells Internet phone service, strongly oppose the idea of charging Internet users on a per-application basis rather than the typical monthly flat fee that most operators charge for unlimited access. "It's such a significant departure from the way the Internet works," says Vonage spokesman Chris Murray. "It's exactly the opposite of the Internet model" in which customers buy access and can then do anything they want.

Еве го Vonage нема да ја примени таа опција и сите DSL корисници ќе одат кај него...

КОНКУРЕНЦИЈАТА СИ ГО ПРАВИ СВОЕТО.

Проблемот кај некои од компаниите кои нудат DSL е што вложија многу, а добија малку поради тоа што Cable операторите ги "изедија".

Зависноста на американската економија

Општеството и економијата во САД се тотално зависни од интернетот каков што е.

Јас денот на работа неможам да си го замислам без видео конференција или праќање или добивање на десетици мегабајти податоци дневно.

Замисли кој би ја симнал Oracle базата од интернет (која е слободна за симнување), чии инсталациони фајлови се големи околу 1GB.

Граѓаните на САД


Consumer groups are also opposed. "The minute you let the phone companies decide which services are available, you've killed the Internet," says Mark Cooper, director of research at Consumer Federation of America.

Во САД DSL и DialUp користат баш оние на кои не им треба многу интернет и брз bandwidth, кои го користат за проверување пошта, за плаќање сметки и за други ситни работи.

Сите останати користат Cable.

И сега некоја баба таму се бунела оти плаќала исто толку колку што плаќале оние кои "виселе" на интернет


Mr. Smith often laments the fact that his parents, who use the Internet for only low-capacity activities such as Web surfing and email, pay fees similar to those of heavy users who suck up capacity by downloading music or using BitTorrent, which is used by millions to download movies and other material off the Internet.

Хахаха е па тоа ќе го решат со тоа што ќе воведат нови пакети кои би биле поевтини, но би имале ограничени можности, па бабата ќе биде задоволна.


"I do think there are people who are saying just give me what I need, I don't need all this fancy stuff and it'll be fine," says Verizon spokesman Eric Rabe. "That's why we're selling this service."

За крај

Главниот слоган и главната понуда на AT&T е неограничениот интернет. Verizon вложија милиони во опрема која ќе овозможи брз Wireless интернет во секоја точка во САД, и сега да ја сменат политиката поради тоа што некој неможе да се трка со нив :-)))

Ете зошто тоа никогаш нема да го биде во САД. Никој нема да им забрани на незнам таму некои си BellSouth да си воведуват сервиси, но секогаш ќе има некои подобри кои ќе нудат флат-фи интернет...


*****

Дискусијата продолжува кај Јован

*****

Само што објавија на ABC дека AT&T го купува BellSouth за 67 милијарди долари (во акции).

*****

Ако до вчера SBC и AT&T заеднички се претставуваа во своите реклами од денес SBC официјално е AT&T (барем на рекламите) и рекламите продолжуваат само со презентирање на AT&T.

Comments on "Смрт за флет-фи во САД?! Тешко, речиси невозможно"

 

Anonymous Јован said ... (9:29 PM) : 

само ради документирање... Повторно, прашалникот од насловот на мојот пост има значење.

Она што го пишува во текстовите е дека ова е експеримент кој го започнува БелСаут но всушност се заинтересирани сите БејбиБелови вклучувајќи го и СБЦ/АТ&Т. Позади оваа понуда всушност стои Cisco енд компани и не е нова. Имам читано книга од Циско за тоа како можеш да ги приоретизираш бизнис дајл-ап корисници (т.е. да имаат побрз пристап) во однос на семејните корисници. Layered access воопшто не е детска играчка и е поопасно отколку што ти изгледа. Но се надевам дека нема да успее (јас како и ти).

Исто така факт е дека Комкест на пример (најголемиот кабел-оператор) сепак го ограничува „неограничениот“ пристап. Оди направи неколку стотина гигабајти и ќе добиеш suprise visit.

Во секој случај, ќе биде многу чудно ова да успее во САД.

 

Blogger Teko said ... (9:49 PM) : 

100GB, :-) па нека ме ограничат на 100 GB јас не се бунам :-)

Покрај другото заборавив да кажам дека покрај Cable, DSL, Dial-up постојат и Т1 изнајмени линии преку кои интернет нудат многу менаџменти на згради кои нудат станови за изнајмување ... Интернетот е бесплатен...
Т1 линијата може да биде со повеќе парици.
Цената на Т1 линијата е околу 500 долари, па во апартманите би се нудела таква мрежа која ќе ги натера сите станари во зградите да ги откажат останатите услуги.
Покрај тоа постои и Т3...морам да признаам дека е доста скапа ($8,000)
Тешко тешко некој нешто да ограничи...Нормално дека сигурно постои некое гушење на бендвитот ако надминеш некој лимит (100ГБ како што велиш) но тоа не е официјално .

Поентата ми е има конкуренција , многу опции, економијата е зависна, општеството исто така... Тешко некој на некого со сила да му го ограничи интернетот

 

Blogger volan said ... (10:30 PM) : 

Eve jas vo Makedonija se slagam so ogranicuvawe - t.e. da me opomenat posle 30 giga za pocetok

 

post a comment