Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Thursday, March 09, 2006

Книги книги книги книги ...

Една работа што ми се допаѓа во САД е што многу лесно може да дојдам до компјутерска литература.

Книгите се достапни на секој чекор, можам да ја нарачам преку интернет или да најдам во која од најблиските книжарница се наоѓа книгата што ја барам.

Ако не сум сигурен дали книгата што сакам да ја купам е доволно добра, одам во книжарница (BORDERS), си нарачувам кафе, ја земам книгата и ја разгледувам. Можам да ја читам да ја прочитам и немора да ја купам.

Замислите дека ви треба некоја информација која се наоѓа во некоја книга , која сепак не сакате да ја купите...едноставно одите во книжарница, читате, препишувате и си одите.

Сепак компјутерската литература е многу поскапа од другата. На пример Ангели и Демони од Ден Браун ја земав за $7.99. Најевтината книга на Oracle Press е околу $40.

Зошто?

Компјутерските книги кои се актуелни сега, за 6 месеци ќе бидат застарено четиво. Никој нема да ги купи. За да им се исплати работата на издавачите, тие мора да ги продаваат истите за повисоки цени.

Ангели и Демони ќе го читаат генерации и генерации...Логично нели :-)

Последни книги кои ги збогатиле моите полици се:





Книги кои што сакам да се најдат на моите полици



Во САД не се плаќа данок кога купувате книги.

Comments on "Книги книги книги книги ..."

 

Anonymous Ivica Bocevski said ... (5:38 PM) : 

Ех, кога само ќе се сетам како изгледаше мојата прва средба со Borders и со Barnes & Noble, па потоа судирот со библиотеката на мојот универзитет - University of Pittsburgh - и библиотеката на моето училиште - Graduate School of Public and International Affairs ... Ме фаќа „Т’га за Запад“. Колку време си веќе таму?

 

Blogger Teko said ... (5:41 PM) : 

Библиотеките се екстра тука, исто и книжарниците.
Ивица овде сум 7 месеци.

 

Anonymous Ivica Bocevski said ... (6:46 PM) : 

Ехеј, па ти си, бе, сеуште „гуштер“ :-) Поздрави ја Ели Романова во Chicago. Јас бев таму околу 2 години (2002-2004) на студии - Master of Public and International Affairs (University of Pittsburgh), а жена ми (Валентина Поповска) беше преку две и пол години на „двоен мастер“ - MBA/Master of Infomation Systems (Duquesne University - Pittsburgh). Ќе видиш каков шок ќе биде твојот прв повторен судир со Македонија по еден подолготраен престој во нормална и пристојна земја - ќе ти се чини (на прв поглед) дека си дошол на Хаити. САМО НАПРЕД !!!

 

Anonymous Anonymous said ... (1:30 PM) : 

Ivica Bocevski said...
а жена ми (Валентина Поповска) беше преку две и пол години на „двоен мастер“ - MBA/Master of Infomation Systems (Duquesne University - Pittsburgh)


А сега женати работи во SEED?

 

post a comment