Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Wednesday, March 01, 2006

Интернет без граници бее!



И јас се приклучувам кон иницијативата за Интернет без граници.

Интернет без граници! е мало банерче кое се поставува лесно на Вашиот блог - секако доколку сакате да се придружите на оваа неформална иницијатива. Најдобро е да го линкувате кон Ваш пост во кој ги наведувате Вашите барања за интернет без граници. Доколку сакате - дизајнирајте си ново, но задржете го слоганот. Повеќе кај Јован.

Моите барања се:

  • ДА СЕ НАМАЛАТ ЦЕНИТЕ НА ADSL ИНТЕРНЕТ-от

  • Неограничен ИНТЕРНЕТ - КАКВИ ЛИМИТИ КАКВИ БАКРАЧИ не постои тоа во светот

  • Да се изберат две-три компании да нудат кабловски интернет на ниво на цела МАКЕДОНИЈА, а не на кој му текне на тој. Со тоа ќе се добие во квалитет, а и нови работни места, поготово сега пред избори..лудница

  • Провајдерите да нудат подобар квалитет, а не да им паѓа мрежата X-пати у месец. Security инженери да си вработат и да не цвикаат кога некое квази хакерче ќе ги нападне туку да го ВОЗВРАТАТ УДАРОТ,

  • Да се едуцира населението како да го користи интернетот

  • Бесплатен интернет во сите образовни институции - а внатре Wireless LAN, по можност :-)

  • И да не се вика ADSL, туку DSL како што се вика у цел свет

  • DSL наместо ADSL *** ново


За крај што друго освен,


ИНТЕРНЕТОТ НЕ Е ЛУКСУЗ ИНТЕРНЕТОТ Е ПОТРЕБА




*****************************


По сугестија на zerosignal направив промена во моите барања :-)
бидејќи ADSL не е исто со DSL

digital subscriber line (DSL) connection.
DSL is a very high-speed connection that uses the same wires as a regular telephone line.

asymmetric DSL (ADSL) line.
ADSL divides up the available frequencies in a line on the assumption that most Internet users look at, or download, much more information than they send, or upload. Under this assumption, if the connection speed from the Internet to the user is three to four times faster than the connection from the user back to the Internet, then the user will see the most benefit (most of the time).

***************************** додадено на 3 Март

благодарение на Јован еве уште информации:

VDSL се користи за последна милја од страна на incumbent operator-ите во Јапонија, Јужна Кореа и Сингапур. VDSL овозможува 100-тина мегабита преку парица (мислам дека се работи за дупла парица, ама може се сменети работите).

VDSL-от има домет од неколку стотици метри што значи дека се терминира во орманот пред зградата а потоа шиба фибероптика.

SDSL е симетричен еднопаричен ДСЛ кој се користи пред се' за изнајмени линии.

Comments on "Интернет без граници бее!"

 

Blogger volan said ... (10:31 AM) : 

одлични предлози

 

Anonymous zeroSignal said ... (12:35 PM) : 

Има разлика помеѓу DSL и ADSL. Хенс, не може да се менува името туку така.

 

Blogger Teko said ... (3:55 PM) : 

Благодарам за сугестиите zerosignal
Ќе ги поправам моите барања :-)

digital subscriber line (DSL) connection. DSL is a very high-speed connection that uses the same wires as a regular telephone line.

asymmetric DSL (ADSL) line. ADSL divides up the available frequencies in a line on the assumption that most Internet users look at, or download, much more information than they send, or upload. Under this assumption, if the connection speed from the Internet to the user is three to four times faster than the connection from the user back to the Internet, then the user will see the most benefit (most of the time).

 

Anonymous Јован said ... (10:09 PM) : 

VDSL се користи за последна милја од страна на incumbent operator-ите во Јапонија, Јужна Кореа и Сингапур. VDSL овозможува 100-тина мегабита преку парица (мислам дека се работи за дупла парица ама во тој бизнис не сум веќе 5-6 години па може се сменети работите).

VDSL-от има домет од неколку стотици метри што значи дека се терминира во орманот пред зградата а потоа шиба фибероптика.

SDSL е симетричен еднопаричен АДСЛ кој се користи пред се' за изнајмени линии.

Ако сакаш универзално име за сите DSL-и, тоа постои:

xDSL.

Јован

 

Blogger Teko said ... (10:39 PM) : 

Јован, фала за новите информации... :-)
Далеку сум од телекомуникациските технологии, но како и да е секогаш е убаво да се научи нешто ново.

 

Anonymous Јован said ... (3:51 AM) : 

грешка од моја страна - СДСЛ е симетричен еднопаричен ДСЛ, а не АДСЛ.... глупо е симетричен асиметричен ДСЛ да постои :)

 

post a comment