Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal


Во SoftwareMK
Во Најди!


Hits:
Virtual Macedonia 

Topsites


PageRank Checking Tool
 View My Public Stats on MyBlogLog.com
World Cup 

Counter


Powered by Blogger


View My Stats

Wednesday, March 29, 2006

Мала пауза

На сликата подолу е прикажан календарот од мојот Outlook. Со bold се одбележани деновите во кои имам состаноци со PMO-а (Project Management Officer). Таквите состаноци се прилично напорни и бараат посебна подготовка... да не должам многу, сакам да кажам дека оваа недела (до петок) нема да читате многу постови од мене поради тоа што баш и немам некое време да пишувам ... Дружба си е дружба ама служба си е служба :-)

Friday, March 24, 2006

The Tao of Oracle

Таото на Oracle од Roby Sherman, а во него ...



VI.
The Oracle Masters have no mind of their own.
They are aware of the needs of others.
They are good to users who are good.
They are also good to users who are not good.
Because Virtue is goodness.
They have faith in servers that are faithful.
They also have faith in servers that are not faithful.
Because Virtue is faithfulness.
The Master is shy and humble - to the world he seems confusing.
Others look to him and listen.
He behaves like a little child.


Институтот за информатика (ПМФ) има нов дизајн на својот портал


Институтот за информатика при Природно Математичкиот факултет има нов дизајн на својот портал. Голем број на информации за студентите, за самиот институт, за техничката опременост, листа на сите доктори на науки, магистри, дипломци, кои својата диплома ја добиле токму на овој институт. Овде се најдов и себе си.

Морам да признаам дека носталгијата ме тера одвреме навреме ја посетувам оваа интернет страница. Денес се изненадив кога го видов новиот дизајн. Има англиска и македонска верзија, можеби фали еден пребарувач за да биде олеснето барањето на содржините, но сепак како за почеток ми остави силен впечаток.

Сите оние кои планираат своите студии да ги продолжат на овој факултет може да го посетат овој линк. За студентите кои дипломирале или кои се пред дипломирање има берза на трудот, каде што меѓудругото има понуда за работа во Кореа (extra).

Thursday, March 23, 2006

Историја на компјутерската наука

Од денес па натаму ќе објавувам информации за настани поврзани со историјата на компјутерската наука, кои што се случиле на тековниот датум.

Информациите ќе бидат објавувани во левата колона на овој блог. До секоја информација ќе постои линк кој ќе води до поопширен пост на новиот блог Computer History (MKD).

Monday, March 20, 2006

Индија се соочува со недостиг на IT ресурси!

Изгледа дека Индија се соочува со недостиг на инжењери. IBM минатата година вработил нови 16,000 работници, а планира да вработи уште 50,000. Но, проблемот е што во последно време инжењери се наоѓаат многу тешко иако индијските универзитети произведуваат по 400,000 високо образувани кадри секоја година.

Проекциите покажуваат дека Индија ќе се соочи со недостиг од 500,000 квалификувани ИТ работници во 2010.

Инаку, некои од индијците кои работат во САД се враќаат назад во Индија, се разбира дека таму ќе примаат амерички плати.

Во разговор со некои мои индијски колеги дознав дека просечна плата на ИТ инжењер во Индија е 11,000 американски долари.

Ако Индија повеќе неможе да одговори на потребите на индустриските гиганти за работна сила, тогаш која е следната дестинација? Кина, се разбира, но еден ден и Кина ќе се соочува со истиот проблем

Кога на пазарот има недостиг од работна сила, тогаш неминовно е зголемувањето на платите и бенефитите на вработените со цел да се задржат старите квалитетни ресурси, но и да се привлечат нови инжењери кои би работеле во компаниите.

Е сега тука има и друго нешто. Платите ќе се зголемуваат, но тие ќе се зголемуваат се додека на работодавците им се исплати својот бизнис да го држат во тие земји( на пример во Индија), потоа ќе најдат нова земја која ќе биде "Индија" на Индија. Проблемот ќе се јави кога луѓето ќе почнат да ги губат работните места. Ако американците се навикнати на тоа, поради тоа што така им функционирал системот од секогаш, што ќе се случи со останатите?

Saturday, March 18, 2006

Што сум играл најмногу? Фудбалски менаџери...

Нешто што многу ми недостига овде во САД е гледање европски фудбал, или како со американците обожаваат да го викаат Soccer. Нивниот фудбал се игра најмногу со помош на рацете, па секогаш кога се препираме со колегите што е фудбал и чија игра е поубава доаѓаме до еден заклучок!

Ние сме тотално различни во вкусовите за спортските игри.

Нив нашиот фудбал им бил неинтересен, чекале 90 минути да падне гол и бил страшно досаден. Што е досаден бре, а каков е нивниот? Се местат 5 минути за да потрчат 20 секунди и така 3-4 саати. Демек имало стратегија :-). Не велам дека не е интересен, ама неможе да се носи со нашиот, плус што наместо да навиваат и да створат атмосфера на стадионите, каде неретко има по 60,000 гледачи, тие јадат хот-дог, хамбургери, пијат пиво. Да, убаво е тоа, фамилијарна забава, супер, ама нема жар. :-)

Зошто го пишам ова?

Страшно ми се игра Championship Manager. Не сум многу по игрите, ама кога станува за оваа игра, тогаш се претварам во манијак :-).

Фантастична игра во секој поглед, ме држеше закован за компјутер по 10 дена, се додека не освојам се што може да се освои, па ми текнет да излезам од филмот "нај успешен менаџер" :-).

Инаку не е ова единствената игра која сум ја играл. Се почна со популарната Ultimate soccer Manager 2. DOS-mode игра, која не ти дава да дишеш. Беше тоа во 1996/97. Потоа излезе USM 98, па Premier Manager, Fifa football manager, за да на крај се заразам со сите можни верзии на Championship manager.

Со кој тимови сум играл?

Почнав со Manchester United, но најголем предизвик ми беше да земам тим од Conference лигата на Англија и со него да стигнам до Premiership :-)...е тоа беше страшно заразно, тогаш забораваш на јадење, на пиење на спиење.

Најголемо задоволство ми претставуваше кога во една од последните верзии на Championship manager го видов Partizan FC. Тоа е мојот тим. За Partizan навивам од кога знам за мене, едноставно ми беше задоволство да играм со него.

Пак забегувам ... доста е :-) ... ааа да друга игра која многу сум ја играл беше Civilization2 ... фантастична стратегија на Sid Mayers.

Дали сега играм игри? Не, немам време за тоа, ама страшно ми се гледа фудбал, а обично после тоа следи Championship Manager, па кој знае ...

Friday, March 17, 2006

Теко има нов дизајн на блогот! :-)

Од денеска со нов дизајн.

Незнам дали Ви се допаѓа на Вас, но мене ми се допаѓа многу повеќе од тој што го имав претходно. Плус овој има 3 колони :-).

Не го направив јас, далеку од тоа :-) ... не ме бива за вакви работи.

Го превземав од Thur Broeders кој има еден куп бесплатни блог темплејти кои се компатибилни со blogger.

Типот е холанѓанец и живее во Ротердам, има доста интересни постови за тоа како да го средите дизајнот на вашиот блог, како од блог со две колони да создадете блог со три колони и ред други работи.

Ви фаќа ли око?! :-)

Wednesday, March 15, 2006

SourceForge.net најголема база на Open Source апликации. Ви ја претставувам Synergy.

SourceForge.net е најголемиот светски портал каде што можат да се најдат Open Source апликации. Содржи околу 100,000 кои се бесплатни и може да се симнат.

За секој проект се води историја на измени, поправка на грешки, проблеми кои постоеле и постојат итн.

Порталот има околу еден милион регистрирани корисници.

Порталот е сопственост на OSTG, Inc. ("Open Source Technology Group").

Како интересна аппликација можам да ви ја препорачам Synergy.

Synergy е алатка која овозможува користење на еден глушец и тастатура помеѓу повеќе компјутери кои може да работат на различни оперативни системи. Нема потреба од дополнитен хардвер. Единствено што е потребно за да апликацијата работи е TCP/IP конекција.

Јас ја пробав и ми остави голем впечаток. Поврзав два лаптопи и беше ептен интересно. Глушецот и тастатурата ми беа врзани на едниот лаптоп. Кога со глушецот ќе дојдам до десниот крај на мониторот и ако пробам да го движам понатаму тој се префрла на другиот монитор, т.е. другиот лаптоп. Автоматски и тастатурата сега е активна на другиот лаптоп.

Но, тоа не е се. Покрај префрлањето на глушецот и тастатурата, двата лаптопи делеа исти clipboard, така да можев да направам Copy на датотеки од едниот и со Paste да ги префрлам на другиот.

Автор на апликацијата е Chris Schoeneman. Истата може да работи на сите 32 битни верзии на Windows(95/98/NT/2000/XP), сите POSIX (Linux/BSD/UNIX-like OSes) и Linux. Изработена е во програмскиот јазик C++

Synergy можете да ја симнете од оваа интернет страница. Повеќе информации за апликацијата можете да најдете овде.

Вреди да се проба.

Tuesday, March 14, 2006

Најди!Книга ... Overview


Најди!Книга е најновиот сервис на пребарувачот Најди! кој ја имаше својата промоција на 9 Март 2006 (повеќе на интернет страницата на Метаморфозис).

Користејќи го овој сервис корисниците ќе може да пребаруваат по севкупната содржина на индексираните книги.

Сервисот не користи никаква база на податоци, туку пребарувањето го врши со помош на Swish-e.

Swish-e е брз и флексибилен open source систем за индексирање на интернет страници или датотеки. Идеален е за индексирање до еден милион документи. Го користи GNOME™ libxml2 парсерот и може да пребарува обичен текст, e-mail пораки, PDF, HTML, XML, Word документи или секоја друга датотека кој што може да се конвертира во XML или HTML.

Покрај Најди!Книга, Swish-e го користат и многу други сервиси.

Најголем дел книгите, кои се индексирани од пребарувачот Најди!Книга, се комплетни, така да корисниците имаат можаност да пребаруваат низ комплетните дела.

Причини за индексирање на само дел од книга (кај некои книги) се:


1. Неможноста на издавачот да ги најде сите делови од книгата;
2. Книгата е составена од делови на повеќе јазици (типично за уметнички монографии) па се индексира само македонскиот и/или англискиот текст;
3. Голем дел на книгата се состои од скениран текст;

Најди!Книга е одлична можност за презентација на научно истражувачки трудови.
Исто така Најди!Книга би значел можност за преставување на оние автори кои од било кои причини до сега го немаат објавено својот труд.

Според она што јас го забележав при тестирањето на Најди!Книга, можам да кажам дека пребарувањето работи одлично.

Еден недостаток, според мене, е ограничувањето за пребарување на фрази од зборови. Сепак ако пребарувањето се врши по сите зборови од фразата, најпрво се наоѓаат текстовите кои ги содржат сите зборови кои се зададени во клучот на пребарувањето.

Би било убаво за книгите кои што се најдени да постојат директни линкови каде што корисникот би можел да најде повеќе информации за истата. Сепак прашање е дали издавачот има креирано интернет страница за книгата за која што корисникот бара информации.

Друг недостаток би бил начинот на кој се прикажани резултатите.

Начинот на кој се прикажани резултатите би можел да биде малку подобрен од аспект на прегледност. Имено содржината на книгата е поделена на 20 дела. За секој дел се прикажани почетокот и крајот. Незнам колку ова е практично. Мене би ми било тешко, ако на пример ја имам книгата пред мене да ги наоѓам почетоците и краевите на деловите каде што се пронајдени клучните зборови. Поголема информација би ми била страницата во книгата каде што е најден зборот.

Според Петар Кајевски, авторот на овој сервис, името на книгата и издавачот се доволни да се најде книгата во Македонија. Сервисот може да се збогати со повеќе информации за книгата, но тоа не е од најголем приоритет во моментот. Моментално тој е фокусиран на барање нови дела кои би се индексирале во пребарувачот.

Како и да е верувам дека со поправање на овие недостатоци, сервисот би добил на квалитет.

Сепак Најди!Книга не е само продукт, тоа е пример за сервис со чија имплементација издавачите, библиотеките, книжарниците, образовните институции би добиле многу ...

Замислете вакви сервиси да користат библиотеките!

Би добиле е-Библиотека. Тоа е добро како за самите библиотеки, така и за читателите. На пример, фондот на книги на Универзитетската библиотека во Скопје би бил достапен на секој, без разлика на неговата местоположба.

Ваков проект би бил повеќе од корисен за факултетите. Замислете сите материјали за студирање на едно место, со можност за пребарување, со можност за користење на истите во секое време и на секое место.

Се надевам дека Најди!Книга ќе индексира многу книги, а бенефит од тоа ќе нема да имаат само издавачите, кои би им се приближиле на читателите, туку и самите читатели кои лесно би доаѓале до книги со посакуваната содржина.


* * * * * * *

После корекцијата која ја добив од Петар како коментар, текстот е модифициран.

Friday, March 10, 2006

Да не е смешно би било ...

Е поради вакви работи планирам да креирам еден блог каде што ќе пишувам за теми кои не се поврзани со IT.

Ова е хаос, зарем нашите печатени медиуми немаат што друго да објават туку за СООБРАЌАЈКА ВО ПРИЛЕП - Судар на фиќо и опел, нема повредени.



Според првичните информации возачите брзо возеле за да стигнат навреме на работа и од невнимание се судриле.





Замислете си сега сите да почнат да пишуваат за сообраќајните несреќи кои што се случуваат во Македонија.

Мора да креирам нов блог, баш поради тоа што во овој несакам да пишам за глупости од ваков калибар :-)

CeBIT 2006: Македонија со два претставника

Вчера започна овогодишниот CeBIT 2006. GoodBytes има презентирано повеќе информации за CeBIT 2006.

Според официјалните информации, Македонија на неофицијално најголемиот IT саем е претставена со две компании: Artisoft и Neocom.

Во агендата на Artisoft се предвидени следниве презентации:


  • Application software for Enterprise Resource Planning, ERP for mass producers

  • Application software for hotel reservations/motel reservations/boarding house reservations/camping site reservations

  • Development systems for portals, portal software

  • Software development systems for WWW, World Wide Web, Internet applications/Intranet applications

  • Business to Business B2B application service providers

Неоком ќе се престави со:


  • Complete solutions for document management, Document Management Solutions/DMS, small systems

  • Enterprise content management systems

  • Network consulting

  • System integration (information technology services)

За жал не постојат линкови до содржината на презентациите.

Им посакувам на Artisoft и Neocom успешно преставување на CeBIT 2006.

Не дека сакам да споредувам, но еве само како информација со колку фирми на CeBIT 2006 се застапени земјите од регионот:


  • Србија и Црна Гора - 24

  • Хрватска - 1

  • Словенија - 12

  • Босна и Херцеговина - нема излагачи

  • Бугарија - 18

  • Грција - 2

  • Албанија - нема излагачи

  • Романија - 36

  • Турција - 40


Thursday, March 09, 2006

Книги книги книги книги ...

Една работа што ми се допаѓа во САД е што многу лесно може да дојдам до компјутерска литература.

Книгите се достапни на секој чекор, можам да ја нарачам преку интернет или да најдам во која од најблиските книжарница се наоѓа книгата што ја барам.

Ако не сум сигурен дали книгата што сакам да ја купам е доволно добра, одам во книжарница (BORDERS), си нарачувам кафе, ја земам книгата и ја разгледувам. Можам да ја читам да ја прочитам и немора да ја купам.

Замислите дека ви треба некоја информација која се наоѓа во некоја книга , која сепак не сакате да ја купите...едноставно одите во книжарница, читате, препишувате и си одите.

Сепак компјутерската литература е многу поскапа од другата. На пример Ангели и Демони од Ден Браун ја земав за $7.99. Најевтината книга на Oracle Press е околу $40.

Зошто?

Компјутерските книги кои се актуелни сега, за 6 месеци ќе бидат застарено четиво. Никој нема да ги купи. За да им се исплати работата на издавачите, тие мора да ги продаваат истите за повисоки цени.

Ангели и Демони ќе го читаат генерации и генерации...Логично нели :-)

Последни книги кои ги збогатиле моите полици се:





Книги кои што сакам да се најдат на моите полици



Во САД не се плаќа данок кога купувате книги.

Tuesday, March 07, 2006

Baseline: Top 10 проекти во 2006

Baseline магазинот направи рангирање на проекти на кои ќе се трошат најмногу пари оваа година.

Листата е базирана на испитување на 1440 читатели на магазинот.


Еве ја листата:

1. Voice-over-IP
2. Outsourcing
3. Data networking
4. Customer relation. manag.
5. Collaboration
6. Supply chain management
7. Desktop upgrades
8. Applicat. perform. manag.
9. Business analytics
10. Compliance tracking

Значи според читателите на Baseline магазинот, VoIP проектите ќе доминираат во 2006 година.

Sunday, March 05, 2006

Претседателе, зошто го заборавате ПМФ ?

Господине Престедателе, зошто (не)намерно го изоставувате Природно-Математичкиот факултет од групата Технички факултети на кои им се обративте на 15 фебруари оваа година?

ПМФ го немаше ни во 2004 кога подарувавте инженерски прстени.

Јас како дипломиран студент на Природно-математички факултет - Институт за Информатика Ве уверувам дека мојот факултет е барем исто толку технички колку што е и ЕТФ.

Смрт за флет-фи во САД?! Тешко, речиси невозможно

Во својот текст Смрт за флет-фи моделот? Јован дава информации дека компаниите во САД планираат да воведат доплата на кортистење на интернет услугите во смисол "плаќај колку што трошиш" (слично како во Македонија).

На Јован би му било забавно да го гледа воведувањето на концептот на наплата во САД...

Јоване, тој филм никогаш нема да можеш да го гледаш.

Зошто?

Голема конкуренција

Kои се бе BellSouth? :-) Прв пат слушам за нив. Типовите нудат DSL, но DSL нудат и AOL, AT&T, Vonage и многу други далеку поголеми играчи од BellSouth и несакат да слушнат за ваквата опција.

Да не зборувам за компаниите кои нудат Dial-up кој чини $10 долари месечно со вклучена телефонска линија... да точно нема дополнителни трошоци поради тоа што локалните телефонски разговори се бесплатни на ниво на еден ZIP код.

Прочитај го кој е ставот на Cable провајдерите на брз интернет...Не сакаат да слушнат за такво нешто.


Major cable companies, for the time being, say they aren't considering new business models for Internet access. But cable companies, too, are introducing new pricing structures, such as video on demand that makes some programs available free, but charges users a fee for recently released movies and other premium content.

Што викаат Vonage за оваа "луда" идеја


But Internet companies such as Vonage Holdings Corp., which sells Internet phone service, strongly oppose the idea of charging Internet users on a per-application basis rather than the typical monthly flat fee that most operators charge for unlimited access. "It's such a significant departure from the way the Internet works," says Vonage spokesman Chris Murray. "It's exactly the opposite of the Internet model" in which customers buy access and can then do anything they want.

Еве го Vonage нема да ја примени таа опција и сите DSL корисници ќе одат кај него...

КОНКУРЕНЦИЈАТА СИ ГО ПРАВИ СВОЕТО.

Проблемот кај некои од компаниите кои нудат DSL е што вложија многу, а добија малку поради тоа што Cable операторите ги "изедија".

Зависноста на американската економија

Општеството и економијата во САД се тотално зависни од интернетот каков што е.

Јас денот на работа неможам да си го замислам без видео конференција или праќање или добивање на десетици мегабајти податоци дневно.

Замисли кој би ја симнал Oracle базата од интернет (која е слободна за симнување), чии инсталациони фајлови се големи околу 1GB.

Граѓаните на САД


Consumer groups are also opposed. "The minute you let the phone companies decide which services are available, you've killed the Internet," says Mark Cooper, director of research at Consumer Federation of America.

Во САД DSL и DialUp користат баш оние на кои не им треба многу интернет и брз bandwidth, кои го користат за проверување пошта, за плаќање сметки и за други ситни работи.

Сите останати користат Cable.

И сега некоја баба таму се бунела оти плаќала исто толку колку што плаќале оние кои "виселе" на интернет


Mr. Smith often laments the fact that his parents, who use the Internet for only low-capacity activities such as Web surfing and email, pay fees similar to those of heavy users who suck up capacity by downloading music or using BitTorrent, which is used by millions to download movies and other material off the Internet.

Хахаха е па тоа ќе го решат со тоа што ќе воведат нови пакети кои би биле поевтини, но би имале ограничени можности, па бабата ќе биде задоволна.


"I do think there are people who are saying just give me what I need, I don't need all this fancy stuff and it'll be fine," says Verizon spokesman Eric Rabe. "That's why we're selling this service."

За крај

Главниот слоган и главната понуда на AT&T е неограничениот интернет. Verizon вложија милиони во опрема која ќе овозможи брз Wireless интернет во секоја точка во САД, и сега да ја сменат политиката поради тоа што некој неможе да се трка со нив :-)))

Ете зошто тоа никогаш нема да го биде во САД. Никој нема да им забрани на незнам таму некои си BellSouth да си воведуват сервиси, но секогаш ќе има некои подобри кои ќе нудат флат-фи интернет...


*****

Дискусијата продолжува кај Јован

*****

Само што објавија на ABC дека AT&T го купува BellSouth за 67 милијарди долари (во акции).

*****

Ако до вчера SBC и AT&T заеднички се претставуваа во своите реклами од денес SBC официјално е AT&T (барем на рекламите) и рекламите продолжуваат само со презентирање на AT&T.

Електронски магазин за култура и уметност АГОЛ

Пријатно се изненадив кога случајно наидов на интернет страницата електронскиот магазин за култура и уметност АГОЛ.

Тоа е магазин кој го креираа група ентузијасти од мојот град Неготино, повеќето од нив ги познавам, но оддамна не сум контактирал.
Тие го издаваат овој магазин во склоп на невладината организација Неготински круг чија мисија според нив е:

Промоција на принципите на децентрализација и демократизација во сферата на културата и културната политика, преку едукација, промоција и дистрибуција на културно-уметнички вредности.

Можам да кажам дека ме импресионира дизајнот и содржината на страницата...Одлично.

Браво дечки продолжете понатаму, добивте уште еден редовен читател ...

.

Купете му мобилен на вашето куче :-)


Каде отиде светот ееееј ....

Ете дојде и тој ден да се произведуваат мобилни за кучиња. :-))))




ПОВЕЌЕ





Замислете го Џеки со мобилен шета по кантите ... хахаха... или пак си седите дома ви звони телефонот и Шарко ви лае низ слушалка ... :-) па да се научи да пушта SMS, па Voice Mail, ... а бе светот High Speed интернет на кучињата ќе им постави, ние за луѓето немаме ...



... eee на Шарко му купив NOKIA со камера :-)

ај да не забегувам :-) ... PetCell се вика компанијата што планира да ги произведува овие уреди кои главно ќе се употребуваат за пронаоѓање на изгубениот миленик.

Викенд е ... SHEDD AQUARIUM - Chicago

Време е за релаксација...


JOHN SHEDD AQUARIUM - Chicago

Најголем затворен аквариум во светот со повеќе од 8000 видови на водни животни.

Вистинска релаксација ... тотално уживање и психичко одмарање ...

Еве и неколку фотографии (морав да им ја намалам резолуцијата, можеби изгубиле малку на квалитет)




Saturday, March 04, 2006

Oracle vs MySql: Големите ги јадат малите риби.

До пред некое време ги следев шопинг-активностите на чичко Лари (Larry Ellison Oracle CEO), кој реши да купува Open Source продукти. линк1, линк2.

Денеска најдов интересна статија напишана од Charless Garry каде тој ги наведува причините и мотивите на Oracle да купува Open Source продукти.

Со купувањето на Sleepycat и нивната база Berkeley DB, Oracle гo стави под контрола и вториот transaction engine за работа со MySQL (претходно го купи InnoDB).
Што тоа значи?

Според Garry:

So Oracle's plan is to destroy MySQL and the open-source database movement by eliminating the competitor's ability to handle transactional workloads.


Оваа тема е доста популарна на ИТ порталите во САД. Разговарав со неколку колеги и тие се стварно загрижени, најмногу поради апетитите на Oracle да го купат и JBoss и PHP.
Тие сепак веруваат дека владата на САД ќе го спречи Oracle во своите намери со тоа што ќе ги прогласи намерите на Oracle како anti-trust.

Слободен софтвер е слободен софтвер, но прашање е каква подршка ќе нуди Oracle за продуктите што ги купува?

Интересен е и фактот што веднаш по купувањето на Sleepycat, тие ја издадоа својата прва продукциска бесплатна база Oracle 10g Express Edition.

Friday, March 03, 2006

Пребарувај се' со Најди! :-)

По информацијата на Развигор за новиот услуга на македонскиот пребарувач Најди, не чекав ни минута време за да го ставам на мојот блог и нормално да го тестирам.

Направив неколку тестирања... супер е!

Кој сака повеќе детали и информации како да го прилагоди пребарувачот на својот блог може да најде кај Развигор.

Thursday, March 02, 2006

Кратки вести од IT индустријата

Неколку кратки новости, за некој интересни за некој не :-)

Студија која потврдува дека користењето на мобилни телефони за време на авионски лет е опасно по безбедноста на летот

Студијата е направена од истражувачите на Carnegie Mellon University која потврдува дека користењето на мобилни телефони, лаптоп компјутери (WiFi) и други уреди кои користат радио бранови влијае врз работењето на GPS уредите во авионот.
Всушност ова влијание било многу поголемо отколку што се мислело.

За сега користењето на мобилни телефони е забрането од полетување до слетување на авионот. Лаптоп компјутери и сите останати електронски уреди може да се користат кога авионот е веќе полетан, но само ако се исклучени сите уреди кои користат радио бранови.

Во Европа некои компании дозволуваат користење на целуларна технологија за време на лет. повеќе

Превземено од The Register

**********************************

AMD го обвини Skype за не-фер игра со Intel

Имено, Skype 2.0 нуди опции кои што можат да се користат само на PC кое има Intel процесор.
Намерно или не Skype и Intel објавија дека работат на заеднички проект кој ќе овозможи 10 канална VoIP конференциска врска. Во почеток таа ќе биде овозможена само на корисниците чии PC-a користат Intel Centrino Duo mobile technology-базирани laptop компјутери, desktop PCs кои имаат Intel Pentium D, Pentium Extreme Edition, и најнови Intel Viiv процесори.

Превземено од The Register

**********************************

Oracle го предизвикува Google

Oracle го предизвикува Google не во интернет пребарувачи туку во Enterprise пребарувачи. Google соработуваат со консултантската компанија Bearing Point во креирање на сервиси за пребарување низ сите можни извори на информација во една компанија.
Oracle Secure Enterprise Search 10g нуди можност информацијата да биде лесно достапна на ниво на една компанија, притоа земајќи ги во предвид корисничките привилегии.
Информацијта може да се пребарува во E-mail пораките, документацијата, па дури и податоците во кориснички апликации.
Пребарувањето низ документи сместени во базата за Oracle не е ништо ново, но ново е можноста за пребарување низ други бази.
Засега имплементацијата на оваа технологија ќе биде доста скапа и ќе чини $30,000 по процесор.

Превземено од InformationWeek.
Друг линк - ComputerWorld.
***********************************

Понекогаш ќе објавувам вакви новости.
Се разбира дека може да ги најдете и на други интернет страници.

Open Source во локалната самоуправа...

Интересен линк за луѓето од локалните самоуправа во нашата земја.
Open Source Академија има за цел да им помогне на локалните власти да имплементираат Open Source решенија.
Имаат доста примери за усшешна соработка, извештаи, white-papers, Case студии итд.


Welcome to Open Source Academy. Our aim is to encourage the use of Open Source Software by local authorities through knowledge sharing and practical advice. The content of our portal, as well as our one-to-one services, can help you economise on costs and increase Open Source's implementation efficency.


Еве некои од нивните клиенти

Birmingham City Council
Cheshire County Council
Bristol City Council
Shepway District Council
University of Kent
Open Forum Europe (OFE)
National Computing Centre (NCC)
Society of IT Management (SOCITM)
Institute of IT Training (IITT)

Ако некој е заинтересиран трк на овој линк. Немојте после да кажете демек не сте знаеле каде како и што.

Wednesday, March 01, 2006

Интернет без граници бее!



И јас се приклучувам кон иницијативата за Интернет без граници.

Интернет без граници! е мало банерче кое се поставува лесно на Вашиот блог - секако доколку сакате да се придружите на оваа неформална иницијатива. Најдобро е да го линкувате кон Ваш пост во кој ги наведувате Вашите барања за интернет без граници. Доколку сакате - дизајнирајте си ново, но задржете го слоганот. Повеќе кај Јован.

Моите барања се:

  • ДА СЕ НАМАЛАТ ЦЕНИТЕ НА ADSL ИНТЕРНЕТ-от

  • Неограничен ИНТЕРНЕТ - КАКВИ ЛИМИТИ КАКВИ БАКРАЧИ не постои тоа во светот

  • Да се изберат две-три компании да нудат кабловски интернет на ниво на цела МАКЕДОНИЈА, а не на кој му текне на тој. Со тоа ќе се добие во квалитет, а и нови работни места, поготово сега пред избори..лудница

  • Провајдерите да нудат подобар квалитет, а не да им паѓа мрежата X-пати у месец. Security инженери да си вработат и да не цвикаат кога некое квази хакерче ќе ги нападне туку да го ВОЗВРАТАТ УДАРОТ,

  • Да се едуцира населението како да го користи интернетот

  • Бесплатен интернет во сите образовни институции - а внатре Wireless LAN, по можност :-)

  • И да не се вика ADSL, туку DSL како што се вика у цел свет

  • DSL наместо ADSL *** ново


За крај што друго освен,


ИНТЕРНЕТОТ НЕ Е ЛУКСУЗ ИНТЕРНЕТОТ Е ПОТРЕБА




*****************************


По сугестија на zerosignal направив промена во моите барања :-)
бидејќи ADSL не е исто со DSL

digital subscriber line (DSL) connection.
DSL is a very high-speed connection that uses the same wires as a regular telephone line.

asymmetric DSL (ADSL) line.
ADSL divides up the available frequencies in a line on the assumption that most Internet users look at, or download, much more information than they send, or upload. Under this assumption, if the connection speed from the Internet to the user is three to four times faster than the connection from the user back to the Internet, then the user will see the most benefit (most of the time).

***************************** додадено на 3 Март

благодарение на Јован еве уште информации:

VDSL се користи за последна милја од страна на incumbent operator-ите во Јапонија, Јужна Кореа и Сингапур. VDSL овозможува 100-тина мегабита преку парица (мислам дека се работи за дупла парица, ама може се сменети работите).

VDSL-от има домет од неколку стотици метри што значи дека се терминира во орманот пред зградата а потоа шиба фибероптика.

SDSL е симетричен еднопаричен ДСЛ кој се користи пред се' за изнајмени линии.