Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Sunday, February 26, 2006

UIC: Практичен пример за производство на квалитетни кадри

Високо-образовниот систем во Македонија, производство на квалитетни кадри, квалитет на студии итн се едни од многуте теми на кои се дискутирало се дискутира и ќе се дискутира.

Инспириран од тогашниот текст во Време напишав пост во кој ги изнесов моите ставови и коментари во однос на тоа која е улогата на фирмите во Македонија во создавање на нов кадар. Читав различни размислувања, а најголем дел од нив беа базирани дека државата била крива за непроизведувањето на квалитетен кадар, државата требала да вложува, фирмите плаќале данок (плаќаат вработените, а не фирмите) итн.

Мојот став во однос на оваа тема останува ист, а тоа е дека Фирмите треба активно да спонзорираат истражувачки проекти на универзитетите, да стипендираат напредни студенти, да инвестираат во кадар кој утре ќе биде база за нивните компании.

Улогата на државата би се состоела во тоа да:
- им овозможи на фирмите да инвестираат во вакви проекти
- да ги стимулира и подржува студиите кои се од општествен интерес
- за своите потреби(државни проекти) прво да се обрати во своите образовни институции, а не одма да ангажира скапо-платени неквалитетни консултанти од странство
- да биде спонзор во проекти кои се од државен интерес (но проекти од кои би се добил некој бенефит, а не само да се потрошат планираните пари)


Како поткрепа на тоа еве еден пример како тоа функционира во САД.
Како пример го земам University of Illinois - Chicago.
Спонзори на истражувачките лаборатории на Одделот за Информатичка технологија се 30-тина големи компании меѓу кои се Motorola, Sun Microsystems, Army Research Office, Defense Advanced Research Projects Agency, итн.
Сите тие активно спонзорираат проекти и стипендираат студенти кои утре би биле потенцијални кандидати за вработување во нивните фирми. Со работењето на проектите, студентите ќе бидат доволно обучени и спремни да работат во фирмите-спонзори.

Покрај тоа проектите на кои што се работи се тесно поврзани со работата на фирмата-спонзор. На тој начин фирмата-спонзор покрај тоа што гради база на кадар, тие добиваат и квалитетен продукт.

Како пример ќе ја земам лабораторијата за Вештачка Интелегенција.
Моментално во склопот на оваа лабораторија студентите и професорите работат на неколку проекти. Еден од најинтересните, барем за мене, е проектот ITS (Intelligent Transportation Systems).

Се работи за проект кој има за цел да им нуди на возачите информација за густината на сообраќајот.
2 милијарди галони гориво се трошат годишно во САД во чекање во згуснат сообраќај. 135 милиони возачи поминуваат 2 милијарди саати заглавени во сообраќајниот метеж што претставува вкупен трошок од 100 милијарди долари годишно.
Водејќи се од овие бројки, луѓето создале систем кој базиран на информациите за состојбата на патиштата ќе им нуди на возачите информација како најбрзо да стигнат од точката Y до точката X.
Проектот сега за сега се однесува на регионот Gary, Chicago, Milwaukee (GCM) и нуди real-time информација за состојбата на патиштата. Воедно на многу места поставени се и камери, па возачите преку live-streaming video можат да ја видат состојбата на одредени сообраќајници пред да тргнат на пат.


The GCM Corridor is one of four "Priority Corridors" throughout the country. The corridor includes the greater metropolitan areas of Gary, Chicago, and Milwaukee as well as portions of southeast Wisconsin, northeast Illinois, and northwestern Indiana. The corridor was defined to allow for a wide range of solutions for movements throughout the corridor. The intent of ITS is to improve mobility by better managing the existing transportation system, rather than simply building new roads. The goals of the priority corridors are to provide an operational testbed for ITS projects where they have the greatest opportunity improve regional traffic, provide "showcases" that will help maintain public awareness and support for ITS development, create strong institutional relationships that will lead to greater regional cooperation, and provide an opportunity for effectively testing new technologies.


Проектот е спонзориран од Illinois Department of Transportation (DOT) and US Department of Transportation(FHWA), Indiana DOT, Wisconsin DOT и National Academy of Sciences

ПОВЕЌЕ

Го тестирав системот и функционира одлично ... резултатите се реални ...

Мислам дека го користат алгоритмот на Dijkstra, за наоѓање на најкраток пат во тежински граф.

Comments on "UIC: Практичен пример за производство на квалитетни кадри"

 

Blogger GoodBytes said ... (3:40 AM) : 

Браво за текстов, ми погоди нерв. Ова што го пишуваш јас лаконски го сублимирам во: „не се студира технологија во сиромашна земја“.

 

Blogger volan said ... (4:27 PM) : 

Прелогот ти е супер но во наши услови тоа е научна фантастика од многу причини, а можеби најважна е што за жал ние немаме моќни компании кои можат да си дозволат да го праватова...

Последниве кеколку години ги уништуваме моќните компании една по една, а со тоа си ја сечеме економската гранка на која седевме...

 

Blogger Teko said ... (5:00 PM) : 

Поентата е како да се креираа квалитетни кадри. Не е толку невозможно како што изгледа. Своевремено една IT компанија од кавадарци нудеше стипендии на студенти кои потоа би работеле некое време кај нив. Значи со овој чекор тие си обезбедуваат кадар за својата компанија, но и го стимулираат студентот да се труди повеќе, бидејќи во спротивно би ја изгубил стибендијата.

Државата, наместо да ангажира скапи квази-консултанти од странство, прво би погледнала со какви ресурси располага во своите високо образовни институции. Ако нема соодветен кадар, може да инвестира во научно-истражувачки проект кој би продуцирал кадри кои во иднина би одговориле на слични барања.

Ништо не е недостижно ...

 

Anonymous горјан said ... (8:06 PM) : 

све е така како што кажуваш,али забораваш неколку факти.И тогаш не реков дека директно е крива државата но со оглед дека високо образование е на товар на државата(има и кофинасирање али во споредба со цените на страмските универзитети е пониска) она инвестира фактички во кадар кој потоа е невработен.Значи во скопје објективно нема услови за студирање на 150 информатичари на етф,значи тие услови треба да ги овозможи државата бидејќи универзитетот е државен нели.Друго има фирми кои си инвестираат во кадар и они си ќутат и си работат.Плачат они кои ќе земат проект на сила(проектот е изработен и подигнат на некое повисоко ниво од друга фирма)и не знаат после што да прават,па се јавуваат ваму,па таму итн.Во принцип не функционира пазарна економија најдобриот нека победи,туку кој има појјше политички врски.Е сега кога некоја таква квалитетна фирма ќе изгуби работа на таков педерски начин си го поставува прашањето:зашто јас да образувам кадри кога тоа никој не го цени???????тоа е сликата кај нас.во америка незнам али можам да претпоставам.

 

Blogger Teko said ... (8:21 PM) : 

Во право си Горјан не велам не, една работа треба да им биде јасна на сите, а тоа е дека пазарот во Македонија е ограничен и кога тогаш ќе се засити, па ќе нема повеќе државни проекти.
Успешна фирма според мене е онаа која не зависи од државни проекти и државни пари...за таквата фирма има перспектива
Македонските фирми треба да се стремат да ги пласираат своите производи и услуги надвор од државата.
Во такви околности, квалитетниот кадар е повеќе и од потребен.

 

Anonymous Anonymous said ... (6:06 PM) : 

Случајно сурфајќи ве најдов имало некој и за информатиката во Македонија да пишува. Незнам колку сте запознаени со вистинските работи кои се случуваат во Македонското Информатичко Образование. Јас сум студент на ПМФ институт за информатика слусам осми последен семестар. И јас требаше да дочекам 7 семестри исполнети воглавно (значи околу 70%) со тешко застарени и непотребни глупости. Си ја тупев главата со математики кои никогаш нема да ми требаат и уште не ми се сите положени цели 4.5 години и заради нив пишав квадрат на втора година и сега конечно дочекав ВО 8 СЕМСТАР да учам тоа што сакав да го учам во 2001 година кога се запишував на факултет. КАТАСТРОФА! А па на Електро незнам дали знаете тие пак ептен се уназадени Програмираат на листови, бази на податоци учат на листови, незнаат интернет страна да направат оти не ги учат за тоа ги учат за фуриеви трансформации и еден куп застарени теореми кои на испит ке те тераат да ги докажеш на 2 листа за да ти пишат 6. На комјутер ако поминуваат 5 саата максимум неделно. Ептен се за жалење. И ние во поглед на математиката не сме подобри ама барем информатика го учиме тоа што треба и тоа во добро опремени лаборатории. За среќа го имаме проф. Марјан Гушев и проф. Данило Глигоровски тие ако не се незнам со ќе се случи со Институтот за Информатика. И после сакате информатичари. ако не седнеш сам да си учиш никој ништо не ти поткажува. Дојде ред за еден семестар т.е. осмиот јас да ги учам сите работи за кои сакам да работам. Еден семестар е малку за тоа! Сакам да кажам многу е лоша структурата на информатичките факултети во Македонија земете ја за пример Бугарија Имаше примери студенти на ПМФ се мачеа 4 години неможеа прва да исчистат отидоа во Бугарија и таму се меѓу најдобрите! Без коментар! Треба да се смени многу повеќе во системот и во програмата лани ја сменија на ПМФ и тоа со крајни напори! Математичарите едвај дадоа зелено светло за новата програма. на пмф примаат 120 информатичари оти слабо има интерес тие што се информирани не се будали да се запишат оти знаат што ги чека. Тоа е тоа треба да се мени од корен со нови млади професори со нови лица со 90% информатика 10% математика не како што јас учев 60% математика 40% информатика!

 

Blogger Teko said ... (12:54 AM) : 

Welcome to the club колега :-)
И јас го поминав тоа што ти сега го поминуваш.
И јас учев Анализа 1, 2, 3(мера интеграл и спец. функции)
физика во која учевме за флуиди наместо електроника...да не должам многу посети го овој линк таму е поопширно опишано.
http://softwaremk.blogspot.com/2006/02/it.html

Блогерската заедница може да ги адресира сите проблеми со кои се соочува македонското високо образование. Имаше доста текстови на оваа тема.

Како што кажа и самиот нашите студенти се меѓунајдобрите во Бугарија.
Знам и за напорите на одредени професори да ги променат наставните содржини и да ги направат студиите поинтересни, но се додека некој друг (со застарени сваќања) одлучува за тоа тешко дека ќе успеат.

Не се предавај, само напред...

Поздрав

 

post a comment