Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Tuesday, February 28, 2006

Може да се симне бесплатната Oracle 10g XE

Конечно, Oracle 10g Express Edition може да се симне.
Многу досега се збореше за тоа зошто Oracle издаваат бесплатна база, што се крие зад купувањето на InnoDB и Sleepycat, но засега се останува на официјалните информации дека Oracle ја нуди оваа база на:

- Веб програмерите кои работат со PHP, Java, .NET и open source апликации
- На DBA почетници
- На производители на софтвер кои сакаат да користат и дистрибуираат бесплатна база
- На образовните институции

Инсталационата датотека е голема околу 150MB и може да се симне овде.

Oracle 10g XE има доста огриничувања во споредба со Oracle 10g SE, еве некои од нив:

- Базата може да работи на повеќе процесорски сервер, но ќе користи само еден процесор
- Само една инстанца на базата може да работи на еден сервер
- Може да користи до 1GB физичка меморија
- Големината на податоците кои ќе се сместат во неа не смее да биде поголема од 4GB

Oracle имаат и форум за оваа база, кој го модерира лично и персонално Tom Kyte, или попознат како AskTom :-)

За крај мислам дека е време сите оние кои што користат MySql да почнат да размислуваат за преорентирање на Oracle 10g XE, поради тоа што кругот полека се стеснува ...

Comments on "Може да се симне бесплатната Oracle 10g XE"

 

Blogger GoodBytes said ... (2:43 AM) : 

Ограничувањата кои си ги набројал и не се толку страшни (and you can't beat the price). А дали доаѓаат алатки за администрирање со оваа free верзија? И уште ова, дали лиценцата дозволува да се продава софтвер дистрибуиран со (или за) бесплатната Оракл база?

 

Blogger Teko said ... (4:18 AM) : 

Да, лиценцата дозволува да се продава софтвер со Oracle 10g XE.
За администрација сигурно ќе може да се користи Sql*Plus. Не верувам дека Oracle Enterprise Manager ќе може да се користи.
Но, за администрација доволно добри се и PL/SQL Developer и Toad.

 

Blogger Teko said ... (4:11 PM) : 

Една работа што не ми се свиѓа кај форумот на Том е што мораш да ја симнеш и инсталираш базата па потоа да се регистрираш на форумот.
Покрај неколку инстанци на Oracle 10g R2 EE не ми се става XE :-)

 

post a comment