Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Saturday, February 04, 2006

Kama Sutra: Македонија со 64 заразени компјутери

Kama Sutra црвот, вчера не предизвика некоја значителна штета, но сепак се очекува конечниот ефект да се знае во текот на наредната недела. Оваа резервираност се должи на фактот дека најголем дел од заразените компјутери претставуваат домашни системи.
Во Индија (инаку најпогодена од овој вирус) некои од компаниите рапортирале активност на вирусот, т.е. забележале дека некои од file-овите биле инфицирани од овој вирус, но сеуште не се знае големината на нанесената штета.
Систем администраторите во Милано, Италија биле принудени да исклучат 10,000 компјутери после откривањето дека некои од нив се инфектирани од вирусот, а не биле во можност да го исчистат до петокот (некои од алатките за дезинфекција излегоа во четвртоткот 02/02/06 рано наутро).
Според информациите кои ги имав до вчера, заразени се вкупно 300,000 компјутери. Но овие податоци се далеку од вистинските, бидејќи се базираат на информации од компаниите и не го вклучуваат бројот на заразени домашни компјутери (многу од корисниците не се запознаени за вирусот).

Во Македонија досега се регистрирани 64 заразени компјутери.

На врвот на листата е Индија има 80,000, понатаму следи Перу со 55,000, САД има 15,000, од нашите соседи Грција има 4,716, турците се доста заразени со 15,516 итн.
Сега се гледа која нација најмногу се пали на порно пораки :-)))) Индијците, машала, растураат :-)
Интересни се податоците како се ширел вирусот. Ширењето и нападите растат по експоненцијална линија, што е разбирливо.

Комплетна статистика на овој линк

Значи како што некој искоментира на мојот претходен пост, можеби МТНЕТ придонесе кон заштитата на Македонските компјутери да се заразат од овој вирус, со тоа што нуди доста високи цени, па многу мал број на луѓе можат да си дозволат да пристапат на интернет и со тоа да бидат цел на напад :-)))

Како и да е, вирусот се активира секој 3ти ден во месецот. Ако сакате да си го проверите компјутерот, информации за симптомите може да најдете овде.

Од мене толку и не отварајте пораки со "мрсни" наслови :-)))

Поздрав,
Михајло

Comments on "Kama Sutra: Македонија со 64 заразени компјутери"

 

Anonymous Anonymous said ... (7:50 AM) : 

"Во Македонија досега се регистрирани 64 заразени компјутери."

koj gi broese be braced? vujna ti?

 

Blogger Teko said ... (4:21 PM) : 

Анонимно дугарче мое, само за твоја информација. Антивирус апликација (На пример Symantec Antivirus) многу едноставно може да провери дали твојот компјутер е заразаен или не.
Ако твојот компјутер е заразаен од некој вирсу, и апликацијата го има детектирано тоа, при првото прикачување на интернет таа праќа report до антивирус серверот...

Многу едноставно. :-)

 

Anonymous Anonymous said ... (7:44 PM) : 

pa tolku ima vladata 64 kompjuteri taka da stetata e na vladata a ne na narodot (za prv pat vo istorijata na makedonija) :)))

 

Blogger bezvrska said ... (4:30 PM) : 

Да живее МТ њет! Долу интернетот што овозможува да се шират вакви гадости! :)

 

Anonymous Anonymous said ... (10:08 AM) : 

Who knows where to download XRumer 5.0 Palladium?
Help, please. All recommend this program to effectively advertise on the Internet, this is the best program!

 

post a comment