Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Monday, February 06, 2006

Македонија има одлични IT инженери

Се почна со информацијата дека наводно, Microsoft ќе отворел технолошки центар во Македонија. Прочитав доста коментари, а во некои од нив видов сомнежи во стручноста на информатичкиот кадар во Македонија.

За факултетите

До пред неколку години македонските факултети ПМФ и ЕТФ нудеа неинтересни и застарени наставни програми.
Кога јас студирав на ПМФ Институт за Информатика, 60% од наставната содржина немаше врска со она што требаше да се студира. Учевме Математичка Анализа I, Математичка Анализа II, Мера, интеграл и специјални функции, предмети каде што само 10% од содржина е интересна и потребна на еден информатичар. По физика учевме колку капки ќе протечат низ славина во одреден временски интервал, наместо да учиме електроника, електромагнетни полиња, итн.
Студиите беа крајно досадни понекогаш одев на предавања поради тоа што морав да бидам таму поради некаков си потпис кој го бара некаков си суетен професор (Поголема суета нема да запознаете од универзитетски професор...ма тоа е чудо едно).
Се грижеа за потписите, а не се грижеа дали нивните предавање им се интересни на студентите, и на крајот од краиштата дали им помагаат за полесно да ја совладаат материјата.
Капак на се беше кога ќе добиеш 6 а си ја пеел материјата. Но, оценките не беа важни важно беше да издржиш во желбата да го завршиш факултетот како така. Секоја чест на оние професори кај кој уживав да одам на предавања, но имаше и такви кои како да залутале на факултетот и предаваат некаква си квази материја разбирлива само на нив. И асистентите, кои морам да признаам беа главната движечка сила за имплементирање на нови наставни содржини, понекогаш не можеа да разберат што сакаа да кажат ИТ поетите.
Е сега, во таква ситуација, многу од студентите не ги завршија студиите, многу од нив ги завршија, но без здобиено знаење кое би го искористиле понатаму во животот.
Но, ако се фокусирам само на "стручните" предмети, можам да кажам дека учевме се и сешто: Микропроцесори, Компјутерска Графика, Бази на податоци, Програмски Системи, Оперативни системи, Програмски јазици, и многу други (не ми е поентата да ги набројам сите). Значи учевме се и сешто и на крајот ... за некој ништо, за некој нешто :-).

За инжењерите

Во една таква околина, нашите студенти добиваат знаење од многу области, иако утре некои од нив ќе бидат програмери (или модерно кажано девелопери), некои ќе бидат дизајнери, некои ќе бидат Администратори на бази на податоци, некои ќе бидат систем администратори итн. Но, сите ќе знаат по нешто и од другите области. Систем Администраторот ќе знае што е ЕР дијаграм (иако може нема да знае да го нацрта :-), Програмерот ќе знае што е Скалирање, како се креира движење на објекти, итн.
Поентата ми е, ако добро се фокусираш на студиите, и добиеш идеја (не да очекуваш да научиш нешто), која понатаму ќе ја искористиш за самостојно здобивање на ново знаење, е тогаш добиваш многу.
Е сега пак ќе зборувам за мене... :-)
Јас својата кариера ја почнав како Delphi програмер. Да, Delphi мојата прва ИТ "љубов", и тука се сретнав со класи, процедури, функции итн. Но, нешто во мене ми кажуваше да не застанувам, нешто ми кажуваше дека тоа не е вистинското и дека ми треба повеќе. На факултет по предметот бази на податоци учевме Oracle и PL/SQL. Не учевме кој знае што, но тоа беше доволно да ме заинтересира да учам повеќе.
Почнав да учам моделирање на бази, SQL, почнав да навлегувам во Oracle светот. На почеток бев повеќе како ентузијаст, но кога ја добив новата работа (како Oracle програмер), сватив колку сериозен предизвик имав пред мене.
Колегите од работа ми помогнаа да се вклопам побргу во новата средина и сега работев на развојна околина тотално различна од Delphi со InterBase. Работев на Oracle 9i база на податоци, Oracle Designer, и добро познатите Forms и Reports.
Развојните околини беа различни, но концептот беше исти ОБЈЕКТНО ПРОГРАМИРАЊЕ. Ааа, да тоа што го учевме на факултет. :-)
Како што одминуваше времето покрај програмирање, работев и на DBA задачи. Еднаш дојде Борче со неколку CD-a на. Ни вели "Сакав да се напијам аспирин, и ми се истури водата врз лаптопот, помагајте, се што работев последниот месец се наоѓа на овие CDа, тука се DB датотеките". Мисијата се викаше "Направи го невозможното", или "Направи врбата да роди грозје". Со колегите се нафативме да го направиме, го направивме го средивме. Од програмери станавме Senior DBA. Се здобивме со големо искуство. Тоа искуство ми помогна сега да работам тоа што го работам Database Architect.
Во меѓувреме, како што сега сум заразен со блогирање :-), бев заразен со Rent-A-Coder. Работев проекти за ситни пари, но парите не ми беа приоритет, го правев тоа повеќе за да научам Java и J2EE. . Им решавав домашни на странски студенти. Научив, коклу толку, не било страшно :-) пак, објектно програмирање :-)

Ама сум се распишал...
ОК, ај ке привршувам.

Да бидеме јасни, јас сум само обичен информатичар од Македонија, како и сите мои колеги со кои што сум работел, студирал или сум се запознал (намерно нема да споменувам имиња, поради тоа што не сакам да заборавам некокј).

Сите тие се стручни во повеќе области, знаат повеќе програмски јазици ... сите тие имаат свои колеги со кои што сега работат кои исто така се одлични програмери. Сите тие сега обучуваат и го делат своето знаење со многу нови колеги кои само што испаднале од факултет.....

НЕ ИМА ДОВОЛНО, НЕ НЕ ПОТЦЕНУВАЈТЕ ...

Пак за факултетите

Ах... факултетите ... почнав со нив :-) ... Факултетите ќе си постојат, ќе ги менуваат програмите ќе ги прават поинтересни. Морам да признаам дека најновите програми на ПМФ ИИ и ЕТФ КТИ се стварно одлични.

Проблемот е во нешто друго ...
- Проблемот е во зарѓаните професори (не сите) кои ги тераат студентите да бидат во тек со технологијата, но самите не го прават тоа;
- Проблемот е во непотистичките корени кои се длабоко всадени во нашите факултети (неквалитетни синови и ќерки на професори ги малтретираат студентите, СЕКОЈА ЧЕСТ НА ИСКЛУЧОЦИТЕ) .... хахаха .... дури и студентски прашања се опфатенни од оваа појава, па теткиците си дозволуваат се и сешто мислејќи дека никој ништо не им може поради тоа што некој од нивните се наоѓа некаде погоре....

Но, сето тоа е маргинално во споредба со НАЈГОЛЕМИОТ ПРОБЛЕМ - ПАРИТЕ. Како да се стимулира професор кој зема околу 30,000 денари (незнам точно колку е сега, можеби повеќе можеби помалку) и зема ОМАЛОВАЖУВАЧКИ дваесетина денари .... ДАДАДА дваесетина денари за секој екстра час за кој нема креди, ги нема нај основните помагала за работа .....
Во САД најевтините студии се $25,000.
Нашиот народ неможе да си го дозволи тоа...

Но, на крајот на краиштата, тие не се подобри од нас. Сега работам со колеги кои дипломирале на Universit of Illinois, на George Washington University, ... Тие не се ништо подобри од моите колеги од Македонија, напротив ... за нив работното време е од 9am до 5pm, и во слободно време не ги интересира ништо друго, за разлика од нашите кои маката или пак желбата ги натерала да учат и постојано да ги прошируваат своите знаења .

До сите Вас кои сеуште се сомневате во Македонскиот интелектуален потенцијал

Не се сомневајте во Македонскиот интелектуален потенцијал. Можеби немаме образование како што треба да имаме, но имаме желба за престиж и докажување.
Секој ја чека вистинската шанса.

Доста е забегав ... ќе продолжам утре ....

ПОЗДРАВ ДО СИТЕ МАКЕДОНСКИ ИТ ИНЖЕНЕРИ.
(Одам да спијам, касно е)

Искрено,
Михајло

Comments on "Македонија има одлични IT инженери"

 

Blogger howitzer said ... (12:30 PM) : 

Факултетите се прича сами за себе ..
Што се однесува за другите ИТ професионалци , мислам дека ги има малку , зборам за системски админи , и инжињери (тоа и го студирам моментално). И многу малку се ценети тие дипломи кај нас , да не зборам за работни места.
поз

 

Blogger Teko said ... (3:10 PM) : 

Друга приказна е колку се ценети кај нас. Во Македонија секогаш туѓото се ценело повеќе одколку своето

 

Blogger bezvrska said ... (4:42 PM) : 

Не знам за IT професионалците, ама можам на прсти од едната рака да ги избројам асалните македонски ИТ фирми. Најголем дел се катастрофа - почнувајќи од цени, преку технолошките решенија што ги нудат, па се до техничка поддршка и грижа за корисници. Веројатно недостасува солиден менаџмент, селекција на кадар и негова мотивација. Се разбира не помага и тоа што најголем дел од нив зависат од тендери за МТ и Влада, а таму поважни се врските одошто квалитетот.

 

Blogger Teko said ... (4:50 PM) : 

bezvrska, ептен си во право. Тоа е друга приказна, како работат нашите IТ фирми (барем поголем дел од нив). Менаџмент, Човечки ресурси, стратегија, стандарди се "непознати" зборови за нив. Проблемот е што сите тие фирми се врзуваат за Македонскиот пазар, за кој што мислам дека станува презаситен. Најголем муштерија се разбира дека е владата. :-).

 

Blogger howitzer said ... (1:27 PM) : 

Абе кај ни е главата од проблеми , мислите некој се засекирал за ИТ , тоа интернет нема народов неможе да си дозволи , ИТ образование и кадри барате

 

post a comment