Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Wednesday, February 08, 2006

е-Општество ...e-oва... е-она ... е-Протест!!!

Протестите на муслиманите кои се случуваат поради објавувањето на "Карикатури со пророкот Мухамед", добиваат нова димензија.
Покрај, кај нас познатиот, конвенционален начин на протестирање (или познат уште и како штрајк) тие својот гнев го изразуваат со праќање на заразени e-mail пораки и напади на интернет страници.
Најмногу на удар се Данските сервери (очекувано).
Оваа вест можете да ја најдите на многу сајтови, еве еден од нив.

Друга ми е поентата ...

Овој пример може да се земе како идеја за стварање на е-Протести.
Наместо граѓаните да мрзнеат по улици, надевајќи се некој да ги слушне, или пак да блокираат патишта, автопати, да креваат слушалки и незнам што ли уште не ....
Ендоставно нека седат дома или пак нека отидат до некое Интернет кафе и нека си еПротестираат бомбардирајќи ги со пораки серверите на институциите кои што им згрешиле нешто...
Вака ниту ќе бидат снимени, ниту избркани од работа, ќе бидат на топличко, одморени и ќе си гледаат сеир.

е-Општество, е-Стратегија, е-Банкарство, е-она, е-ова, епа зошто да не е-Протест :-))))

Интересна идеја а?

Знам, знам, скап е интернетот, ама ... еден ден кога ќе биде евтин ... :-)

Comments on "е-Општество ...e-oва... е-она ... е-Протест!!!"

 

Anonymous Андреев Горан said ... (7:48 PM) : 

Teko добар ти е блогов. Ми се допаѓа. Го ликував твојот блог. Постави повратен линк кон мојот блог. Поздрав.

 

Anonymous Јован said ... (3:13 PM) : 

Ааа неее, потоа ќе земат и ќе ги блокираат рутерите како форма на „слобода на говорот“. Па ќе мора да го менуваме законот законот за протести да важи за сите пасивни и активни елементи на компјутерските мрежи :)

Има интелектуални модуси за е-протести:

- Блог
- Форум
- Сајт
- Коментари на туѓи сајтови
- е-Петиции

 

Blogger bezvrska said ... (12:57 AM) : 

е-протести...хм, ова е веројатно уште една security reаson поради која интернет пенетрацијата во МК се држи на ниско ниво. :)

 

Blogger volan said ... (8:11 PM) : 

Оштра на нож идеја - ама само са оние кои се далеку преку океан е добра...

Тука има закон а законот го тумачи полицијата на СДСМ или ВМРО сеедно
(македонскиот дуопол во политиката и владеењето)

 

post a comment