Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Friday, February 10, 2006

Borland го продава Delphi, JBuilder, ...

Borland ја продава својата позната Интегрирана Развојна Околина, или попозната како IDE (Integrated Development Environment).
Тие сакаат да се фокусираат повеќе на ALM(Application Lifecycle Management) производи.
Borland бара купец за своите Delphi (зоштооооо???) и JBuilder.
Тие се одлучиле на овој чекор најмногу поради ударот кој на JBuilder му го зададе Eclipse, Open Source Java развојна алатка, која има слична функционалност како JBuilder.

Според мене, JBuilder и не играл некоја значајна улога на пазарот на Java развојни алатки, а со појавувањето на бесплатните и Open Source решенија JBuilder ги изгуби сите шанси да биде конкурентен на пазарот.
Дали соработката со Oracle им се врати како бумеранг? Имено, тие Borland учествува во изработката и дизајнот на Oracle JDeveloper, кој што од средината на минатата година стана бесплатен. Дизајнот и начинот на работа на JDeveloper е наполно идентичен со JBuilder (речиси наполно :-))
Во ваква ситуација, незнам кој би фрлал пари за нивниот продукт ...

Но, ако за фирмите кои го користеле JBuilder за развој на нивните апликации има решение во смисла на замена на JBuilder, со Eclipse, NetBeans, JDeveloper, или други производи, за оние кои што го користат Delphi и нема баш некои алтернативи

Што ќе стане со Delphi? Delphi е алатка која е доста користена за програмирање. Најмногу се користи во Европа.
Исто така многу Македонски фирми го користат Delphi за креирање на своите апликации.

Во соопштението наменето за корисниците на нивните продукти, издадено од Tod Nielsen, Borland CEO, не може да се прочита кои се следните чекори на компанијата, во смисла на обезбедување на неопходната подршка за сите доегашни клиенти.

Дали идниот сопственик на Delphi ќе ја пружи соодветната подршка?
Што ако Borland неуспее да го продаде Delphi?
Што е со апликациите кои се изработени во Delphi?

Мислам дека е време сите оние кои што моментално користат Delphi, да почнат да размислуваат за промена на развојната околина.

Информацијата е превземена од InfoWorld

Comments on "Borland го продава Delphi, JBuilder, ..."

 

Blogger GoodBytes said ... (10:23 PM) : 

Delphi „изгоре“ уште оној момент кога Borland реши да ги отфрли сите модули кои дотогаш ги имаше развивано (своите компоненти) и да застане секогаш на еден чекор зад .NET, префрлајќи се од цврста земја на жив песок.

Првичниот план да го преведува .NET Framework во некој Делфииден сурогат и така изџвакан да го нуди на програмерите е чиста лудост. Зошто да купувам IDE кое работи на јавен Framework, кога барем едитори се наоѓаат со шлепери?

Јас „пораснав“ со Pascal, а подоцна со Delphi, но сепак, што не чини, нека пропадне.

 

Blogger Teko said ... (11:48 PM) : 

Тие пливаа во доста матни води, поготово од кога почнаа да го развиваат Kylix, кој беше страшно баговит и никогаш не успеа сериозно да се наметне како развиојна алатка. Тогаш беа уплашени од Java па сакаа да направат Delphi да биде OS независен.
Е сега како што кажа со .NET Framework си се закопаа самите.
Ама што и да се случуваше, тие имаа секогаш едно "верно семејство" на корисници.
И сега ... ги оставаат на цедило.

 

Anonymous Anonymous said ... (1:22 AM) : 

Штета ако пропадне Delphi. Баш би ми било криво. Каков и да е, навикнат сум на него и го обожавам...

 

Blogger |BURGLAR| said ... (2:26 AM) : 

Пропаѓањето на Borland односно на Delphi започна уште далечната 1999 година кога главниот програмер на Borland ги напушти и прејде во Microsoft. И секако со него отиде и целата технологија и знаења кој Microsoft успешно си ги вгради во своето Visual Studio. Тие што го пратеа развитокот на Borland знаат дека неуспешни проекти се: Kylix 3, Delphi 8, JBuilder...итн. Ме изненади фактот дека сепак излезе Delphi 2006 a Delphi 2005 беше револуционерен но полн со багови и нестабилен па така следеа 3 закрпи за него за временски рок од 8 месеци.
И секако не ми е сеуште јасно што бараат они да го исфрлаат Delphi 2006 кога се гледа дека нешто е труло овде и кој би го купил ако сеуште не му се знае сопственикот.

 

Blogger GoodBytes said ... (1:49 AM) : 

Листав кај мене на блогот и сега гледам дека сум ја предвидел пропаста на Delphi уште пред една година...

Баба Ванѓа сум станал. Преврти го кафето. :-))

 

Anonymous Anonymous said ... (5:50 PM) : 

Знам дека коментаров е малце со задоцнување но морам да речам нешто.
"Delphi is dead" - ова е предмет на дискусија.

Ова сум го слушал, го слушам, и ќе го слушам најверојатно уште многу
време. Како прво згодно би било да се даде добра дефиниција што значи
тоа "Delphi is dead", дали софтверот е мртов, дали програмскиот јазик
е мртов, дали Borland е мртов, и што би значело било кој ентитет од
набројаните да е мртов, дали не се користи, дали не се развива и слично.
Јас ќе ебалорирам од секоја страна во корист на објективноста. Програмирам
и во C++ и во Delphi па оттука мислам дека ќе бидам по објективен во однос
на некои работи.

Pascal како програмски јазик постои од 70 години на минатиот век.
Денес во скоро сите средни училишта во Македонија се предава
Pascal, а богами и надвор бидејќи најчесто задачите на натпреварите се
решаваат во Pascal (интернационални, рашетај на интернет малце).
Во Pascal се програмира и на многу факултети.
Тешко дека ќе се прекине со оваа пракса. Постојат многу софтверски
пакети базирани на Pascal: Delphi, FreePascal, Turbo Pascal(уште се користи),
Chrome (развиван со амин од Microsoft, се интегрира во Visual Studio) види:

http://www.thefreecountry.com/compilers/pascal.shtml

Значи да сумираме скоро сите програмери програмирале во Pascal
нeкое време, постојат 4.5 милиони програмери во светот кои се
поврзани со Borland (user base прочитав на The Register) од кои
сигурно барем половина се поврзани со Delphi. FreePascal зема се
поголем замав од причина што е multiplatform и има IDE како Delphi.
Не гледам поради која причина барем, одма (во рок од 5-6 години)
ќе се исфрли Pascal од секаква употреба, ова е мошне неоснована
претпоставка.

"Delphi е мртов", "Delphi е срање", "Delphi е за почетници" шо ли не сум
слушнал. Delphi има неколку милиони корисници (најверојатно повеќето
го користат нелегално). Како мислите дека сите тие веднаш ќе се откажат
од Delphi. Shit, цела Македонија живее на Delphi, оди во продавница Delphi
програма, оди во болница Delphi програма, оди во школо Delphi програма.
Во Македонија најјаката фирма за софтвер (Pakom) чијшто софтверски
пакет за банка има шестцифрена цена во евра работи на Delphi. Џабе
на сите фирми кои бараат Java, Visual Basic кога сите заедно не вадат
пари како Pakom (го држи пола Балкан). Со Европа сигурен сум дека
е слична ситуацијата.

За Borland не би коментирал многу оти не се разбирам у политика.

Ваквите ревносни дискусии често ги даваат квази-програмери од
некои само нив познати и објасниви причини.

C\C++ нема конкуренција. C# и Java се на повиско ниво а Visual Basic
е за поситни програмчиња за завршување на одредена ситна работа.
Моќта што ја има C\C++ верувале или не, може да се спореди само со
моќта на Delphi. Има асемблер работи со покажувачи, графика, бази на
податоци, визуелни интерфејси, програмирање на ниво многу блиско на
машината. Се шо може да се направи со C\C++ може
и со Delphi па дури и OpenGL игри (се прават ако не сте знаеле).

Ми се чини дека квази C\C++ програмерите го мразат Delphi токму од
таа причина. Како смее еден систем не базиран на C\C++ да е толку
моќен. Во светот постојат многу софистицирани системи со специјална
намена направени во Delphi, кои не би можеле да се направат со Java
или C# од причина што тие се програмски јазици на повиско ниво (читај за
пошироките народни маси). Сите се фатиле за еден напис од пред две декади
зошто го преферирам C наместо Pascal и се држат ко слеп за стап. Тие
се најголемите пизди кои го омаловажуваат Delphi каде ќе стигнат.

Интересно е кога некој кој програмира во Visual Basic ќе почне да се
перчи и да го руга Delphi. Ова ми е најсмешно. До пред пет години во истиот
програмски јазик не смееше рекурзивно да се повикува процедура (затоа го
баталив). Овие не се вредни ни за коментар.

Да сумирам, смртта на Pascal, Delphi, Borland се предвидува уште од 1985.
Сега прочитав 1999 тука. Borland најмногу профитира од Delphi 6, Delphi 7
кои се излезени по 1999, не држи вода нели. Смртта ја предвидел некој лани
па, добро еве и јас предвидувам дека ќе умре. Секој ќе умре кога тогаш,
затоа секој умира. Додека да умре имајте малце почит кон гигантот и оставете
го намира. Било кој од трите ентитети е гигант во својата област.

 

Anonymous Anonymous said ... (6:59 PM) : 

Оваа е најглупавоте нешто што сум го чул.
За баба Ванѓа , авторот и другите
Како што прочитав само крајниот читател е програмер
Delphi нема шнаси да умре јас од тоа што сум го читал некој предвидуват дека Delphi е идно јазик на програмерите на игри .

Зошто ?

Кодот во Делфи најлесно е разбирлив
има моќен Дебагер што Ц/Ц++ о ц# можат да сонуват само.
Развојот на Делфи добро го пратам останав на 7 бидејки е не ми е во мајкорософт стил додека сите мислеме дека Борланд стагнира почна со полна парае да работи на Delphi for PHP каде имат огормен буџет случајно freepascal да му се спонзори Борланд .
Русија купи 3 мил лиценци јас па предвидувам долга живот за Делфи во Апле цела обука за програмери е на Делфи доколку не знаевте
Делфи ги произведува најврзите апликација да не зборавивте како што гледам многу народ повторно се враќа на Делфи.
btw Borland го промени името во Codegear

 

post a comment