Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Thursday, February 09, 2006

Време: Ќе увезуваме компјутерџии!

Само што прочитав еден текст објавен во Време дека македонските IT фирми, планираат да увезуваат "компјутерџии".
Според некои менаџери на македонските фирми, денес било многу тешко да се најдат програмери во Македонија.

Ова е извадок од текстот:


Скопската фирма „Сивус“ има потреба од 100 информатичари и инженери, а веднаш би можеле да вработат дваесетина. И покрај ваквата привлечна понуда, „Сивус“ не може да најде соодветен кадар.

- Баравме секаде и преку секого. Нема. Сега ќе одам во Србија и Црна Гора, а потоа ќе барам и во Кина и Индија за да најдам програмери - вели Методија Пејовски, консултант во фирмата „Сивус“.

Тој вели дека побарувачката за информатички кадар е далеку поголема од понудата на македонскиот пазар, па во моментов има недостиг од околу 200 инженери и информатичари.

- Сигнализиравме дека ова ќе се случи, но никој не не слушаше. Сега се договаравме со факултетот во Ниш да им земеме програмери. Ако се посвети повеќе внимание на таа професија, можеби кризата ќе трае уште една година, но потоа ќе се среди - вели Пејовски.


Драга господо сопственици на фирми, програмери има, но проблемот е друг.

1. Сакате да ги добиете за евтини пари

Сакате да ги добиете програмер за евтини пари и без притоа да инвестирате во него

2. Не сакате да инвестирате во нивната едукација и обука.

Во млади и штотуку дипломирани инжинери не Ви се инвестира баш многу.... да да ке избегале....па вие треба да направите да не избегаат, да формирате оддел за човечки ресурси кој што ќе се грижи за тоа.

- Која од Македонските фирми нуди стипендии на студентите по информатика?
- Која од Македонските фирми инвестира во проекти и истражувања кои се реализираат на факултетите?

Со стипендирање на студенти Вие инвестирате во потенцијален кадар за Вашата компанија.
Со инвестирање во истражувачки проекти градите стручњаци кои потоа спремни ви дошле во вашите компании.

........

Или сакате да добиете готов "продукт" без да инвестирате во него ...


Немало програмери... Програмери има, ама Вам не Ви се допаѓа цената која треба да ја вложите во нив.

Наполно се сложувам со професорот Гушев кој вели:


Секоја година Министерството за образование си ги препишува квотите, без добро да се размисли колкава е потребата за студенти на одредени катедри - вели Гушев.


Постојат катедри на кои е предвидено да се запишуваат 100 студенти, а се запишува само еден. За таа разлика квотите на кадедрите кои нудат интересна и атрактивна програма не се зголемуваат, па студентите кои не успеале да се запишат на некој од информатичките одсеци шансата ја бараат на други факултети.
Зошто мора да се инвестира во неинтересни студии, или пак проблемот е дека некој од професорите би ја изгубил својата работа, па ајде да не го "кршите" него, ќе скршите 20 сетина бруцоши.

Не се сложувам со проректорот Зоран Велковски кој вели:


Тоа се решава многу едноставно. Државата треба да направи стратегија и да предвиди дека во наредниве години ни требаат 5.000 информатичари. Но таа треба и финансиски да застане зад нив и да им обезбеди услови - вели Велковски.


Господине Велковски, па на државата не и требаат информатичари... информатичари му требаат на стопанството, т.е. на фирмите, а тие не се државни. :-)))
Зошто државата да инвестира... треба да инвестираат фирмите ... но за жал тие тоа не го гледаат така ....
До кога со вакви размислувања !!!

За среќа суште постојат компании кои на овој проблем му пристапуваат посериозно.

Comments on "Време: Ќе увезуваме компјутерџии!"

 

Anonymous Jovan said ... (9:22 PM) : 

Мој коментар...

 

Blogger bezvrska said ... (12:53 AM) : 

Државата веќе инвестира во високо образование и го прави тоа зошто и требаат кадри кои ќе создаваат вредност, меѓу другото и за фирмите кои после ќе плаќаат данок, па од буџетот ќе се образуваат нови кадри итн. Тоа е и главната поента на постоењето на буџетот - да обезбеди понуда на јавни добри во услови кога понудата од страна на приватниот сектор е недоволна или несоодветна. :) Sorry за теоретскиов осврт, но сите држави финансираат сегменти кои се битни за развојот. Приватниот сектор може да не ја гледа шумата од дрвото, или да не сака да ја види, ама државата нема такво алиби.

 

Blogger Teko said ... (1:21 AM) : 

Поентата не ми беше да кажам дека државата ништо не треба да направи. Напротив, треба и тоа како. Треба да направи анализа, треба да направи стратегија.

Но, фирмите дреба да имаат многу поголем удел во градењето на квалитетен кадар, кој понатаму би бил база и извор на инженери. Тие треба да се главни инвеститори во тој процес.

Така одат работите на запад. Во САД ако Моторола сака да добие дипломци спремни спремни одма да почнат со работа доделува стипендии, инвестира во лаборатории и проекти.
Тоа не го прави државата...далеку од тоа.

За данокот и буџетот....Сите плаќаме данок. Данокот во принцип го плаќаат вработените. Во целиот нормален свет вработениот прима БРУТО плата, од која понатаму се одделува данок за државата.

А од буџетот да се обезбедуваат нови кадри.... тоа беше еднаш (и уште трае)... се покажа погрешно...

 

Anonymous горјан said ... (3:05 PM) : 

епа како што кажа самиот,данокот се собира од вработени.значи државата финансира студии кои продуцираат невработеност,значи од тој поглед државата треба да инвестира.Значи сега на електро да слушаат 120 студенти нема услови.Незнам што сакал да каже велковски,јас го свачам во тој поглед.Е сега сме за фирмите.И тоа функционирало во прошлиот систем.Големите фирми им давале стипендии на студенти кои ќе работат после кај нив колку било успешно незнам.Да се навратам на фирмите.Ако фирмата не инвестира во кадарот,таа нема да има потенцијал,ќе работи дур има врски бидејќи сеуште има такви случаи.ако фирмата сака да се развива мора да инвестира во кадрите и тоа го знаат они.Тука доаѓа друг проблем.Односно тука сеуште нема стандарди за квалитет и сеуште важи на ти го дај ми го,и кога ќе видиш зашто да инвестира.Се надеваме на подобри времиња јас сум апсолутно за инвестирање во кадарот али сепак тука владеат сеуште други правила.

 

post a comment