Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Thursday, February 02, 2006

Ограничени можности

Една работа никако не можам да ја сватам.
Зошто интернетот во Македонија е толку скап?
Коса ми се крена кога ги видов цените на МТНЕТ.
За 1300 денари го нудат СТАРТ ADSL пакетот, со брзина на пристап 384/128Kbps и 512MB вклучен сообраќај. За 13,590 денари го нудат ПРОФИ ADSL со брзина на пристап од 1Mbps и 25GB вклучен сообраќај.
На сето тоа и 2 години претплата, хахаха...катастрофа.
Не ми е јасно како, зошто, која е логиката, која е математиката?!?!?!?!

На пример:
British Telecom нуди неограничен Cable/DSL интернет за цена од 15 до 29 фунти.
Comcast им нуди неограничен кабловски интернет на корисниците во САД за цена од $20 месечно. Брзината на пристап е од 8-10 Mbps.
AT&T за цена од $15 месечно нуди неограничен DSL интернет.

За многу пониска цена добивате брз интернет и што е најбитно тој е неограничен.
Неможе да се споредува стандардот на населението во МКД и земјите каде што оперираат претходно наведените компании.

Целта на компаниите кои нудат интернет услуги е да продрат до секој дом.
Нудејќи најразноразни услуги тие си го зголемуваат приходот, но цената на основниот интернет пристап не се зголемува, напротив поради големата конкуренција таа се намалува.

Според последните истражувања 5% од населението во Македонија користи интернет. Од 2,000,000 таа бројка е 100,000. Сите да се претплатени на најмалата сума (значи сите да плаќаат СТАРТ ADSL) се доаѓа до бројката 130,000,000, односно околу 2.5 милиони долари.

Ако цената на интернет услугите е дупло помала и да изнесува 600 денари во тој случај бројот на корисници би се зголемил неколку пати. Ајде да речеме дека ќе биде 15%. Тогаш приходот од интернет услугите би бил 3,6 милиони долари, што значи зголемување за 44%.

Имајќи го ова во предвид, се прашувам дали македонскиот интернет провајдер МТНЕТ има аналитичари, статистичари, математичари во својата компанија.

Пред два дена неможев да пристапам на ниедна интернет страница која е хостирана од македнски сервер. Каде е контролата на квалитет? Кој се грижи за квалитетот на услугите? Плаќа ли некој пенали за ваквите "ограничени можности"?

Дали МТНЕТ има ексклузивно право да го скрати правото на македонкиот граѓанин да фати чекор кон светот, да го кочи развојот на македонското општество?

Кој им го дал тоа право?
Каде е националната стратегија?

Comments on "Ограничени можности"

 

Blogger bezvrska said ... (12:25 AM) : 

МТ, како и сите други македонски провајдери се главно насочени кон бизнис корисниците. Кога цените се држат на високо ниво, од нив можат да измолзат многу - бидејќи сакале-неќеле фирмите мора да бидат поврзани. Ако МТ од фирмите наплаќа 450 евра месечно за изнајмена линија од 384 Kbps, зошто би го нудел АДСЛ-от со иста брзина за смешни 10 или 15 евра? Колку фирми при такви цени и при квалитетен АДСЛ би ги откажале изнајмените линии?

 

Blogger Teko said ... (2:46 AM) : 

Колку фирми имаат изнајмена линија?
Многу фирми и поединци ѓе земат ADSL за 10 или 15 евра. Ефектот ќе биде неспоредливо поголем и за МТНЕТ и за крајните корисници.

 

Anonymous Anonymous said ... (11:30 AM) : 

za zal toa e nasata sudbina,
ne zakopaa zivi.

 

Anonymous Anonymous said ... (5:27 PM) : 

Pa na internetot vo Makedonija mu stavija kraj na 01.11.2005 godina, taka da i tie sto imaa internet go isklucija poradi ogranicuvanjeto. I za kraj toa e toa makedonceto e rodeno da pati :)

 

post a comment