Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Wednesday, February 15, 2006

10 години затвор и 250 илјади долари за напад на компјутерска мрежа

10 години затвор и 250,000 американски долари е казната со која се соочува Christopher Maxwell(20), од Vacaville, Калифорнија, за нападот кој што го извршил врз илјадници компјутери. Меѓу нив се наоѓа и компјутерската мрежа Seattle's Northwest Hospital and Medical Center.
Со нападот врз компјутерската мрежа на болницата, во Јануари 2005, тој непосредно ги донел во опасност пациентите на болницата.
Штетата која Chritopher и ја нанел на болницата изнесува 150,000 долари. Неговата незаконска активност започнала во Јули 2004 и се проценува дека досега има нападнато околу 50,000 компјутери.
Компјутерскиот напад е еден од најтешките криминални дела во САД. Во зависност од тежината на нападот, хакерот може да се соочи со доста високи казни кои вклучуваат и затвор. (линк1, линк2).


Извор (The Register)

Comments on "10 години затвор и 250 илјади долари за напад на компјутерска мрежа"

 

Anonymous Горан Андреев said ... (12:27 PM) : 

Арно му дале. Требало и иповеќе затвор да дале.

 

Blogger volan said ... (2:54 PM) : 

Teko се премисли за е-Протести а :):):)

ти велам јас тоа баш и не е добра идеја - тоа го прават само компјутерските мафии за да извлечат “рекет“ од пооделни фирми и ИСП компании - Јас неколку пати велам дека во компјутерската мафија од Руска и Америчка провиниенција може да се најдат напаѓачите на МТнет и ОНнет.

А тие јавмо обвинија без докази Македонски хакерчиња. Уствари со тоа се бранат за својата неспособност да си ги заштитат мрежите...

 

Blogger Teko said ... (5:59 PM) : 

volan, ова е нешто друго. Со вакви напади непосредно се загрозува животот на луѓето.
Не е битно дали е тоа е-Протест или обичен протест (блокирање на улица), ако со тоа се загрозуваат животите на некои луѓе, организаторите треба да бидат казанети.
Дали се сеќаваш на блокирањето на патот Штип-Кочани за време на усвојувањето на новата територијална распределба на македонските општини (Чешиново-Облешево), кога пијани луѓе едноставно го блокираа патот и се изживуваа врз граѓаните за својата нонсенс кауза. Меѓу тие граѓани имаше и луѓе кои секојдневно одат во болниците или во Кочани или во Штип, луѓе на кои итната помош им беше неопходна...
Што се случи??????
е-Протест....тоа беше само смешна идеја и не стојам зад неа.
И секако со неа не треба да се доведат животи во прашање.
Инаку во зависност од тежината на протестот целта на конвенцијалните протести (барем во македонија) е да се блокира владата или парламентот или ЕСМ или незнам што друго....
Зошто да не се направи тоа on-line? :-) ... па е-протест немора да биде напад врз компјутерската мрежа, тој може да се изведе и на друг начин.

 

post a comment