Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal


Во SoftwareMK
Во Најди!


Hits:
Virtual Macedonia 

Topsites


PageRank Checking Tool
 View My Public Stats on MyBlogLog.com
World Cup 

Counter


Powered by Blogger


View My Stats

Tuesday, February 28, 2006

Може да се симне бесплатната Oracle 10g XE

Конечно, Oracle 10g Express Edition може да се симне.
Многу досега се збореше за тоа зошто Oracle издаваат бесплатна база, што се крие зад купувањето на InnoDB и Sleepycat, но засега се останува на официјалните информации дека Oracle ја нуди оваа база на:

- Веб програмерите кои работат со PHP, Java, .NET и open source апликации
- На DBA почетници
- На производители на софтвер кои сакаат да користат и дистрибуираат бесплатна база
- На образовните институции

Инсталационата датотека е голема околу 150MB и може да се симне овде.

Oracle 10g XE има доста огриничувања во споредба со Oracle 10g SE, еве некои од нив:

- Базата може да работи на повеќе процесорски сервер, но ќе користи само еден процесор
- Само една инстанца на базата може да работи на еден сервер
- Може да користи до 1GB физичка меморија
- Големината на податоците кои ќе се сместат во неа не смее да биде поголема од 4GB

Oracle имаат и форум за оваа база, кој го модерира лично и персонално Tom Kyte, или попознат како AskTom :-)

За крај мислам дека е време сите оние кои што користат MySql да почнат да размислуваат за преорентирање на Oracle 10g XE, поради тоа што кругот полека се стеснува ...

Hotel Rwanda ... нуди high-speed internet

Не многу одамна, high-speed интернет конекцијата во Руанда чинела околу $1000 месечно. RwandaTel имал дури 22 претплатника. Но со доаѓањето на Terracom, работите драстично се измениле.
Terracom ги купил RwandaTel за 20 милиони американски долари и ја спуштиле цената за DSL и телефонска во пакет на $80 долари месечно.
Одтогаш почнува интернет револуцијата во оваа земја која до пред неколку години беше во еден од најризичните региони во светот.


Повеќе за оваа информација можете да прочитате на The Register

"Нема одмора док траје обнова" :-)

Sunday, February 26, 2006

UIC: Практичен пример за производство на квалитетни кадри

Високо-образовниот систем во Македонија, производство на квалитетни кадри, квалитет на студии итн се едни од многуте теми на кои се дискутирало се дискутира и ќе се дискутира.

Инспириран од тогашниот текст во Време напишав пост во кој ги изнесов моите ставови и коментари во однос на тоа која е улогата на фирмите во Македонија во создавање на нов кадар. Читав различни размислувања, а најголем дел од нив беа базирани дека државата била крива за непроизведувањето на квалитетен кадар, државата требала да вложува, фирмите плаќале данок (плаќаат вработените, а не фирмите) итн.

Мојот став во однос на оваа тема останува ист, а тоа е дека Фирмите треба активно да спонзорираат истражувачки проекти на универзитетите, да стипендираат напредни студенти, да инвестираат во кадар кој утре ќе биде база за нивните компании.

Улогата на државата би се состоела во тоа да:
- им овозможи на фирмите да инвестираат во вакви проекти
- да ги стимулира и подржува студиите кои се од општествен интерес
- за своите потреби(државни проекти) прво да се обрати во своите образовни институции, а не одма да ангажира скапо-платени неквалитетни консултанти од странство
- да биде спонзор во проекти кои се од државен интерес (но проекти од кои би се добил некој бенефит, а не само да се потрошат планираните пари)


Како поткрепа на тоа еве еден пример како тоа функционира во САД.
Како пример го земам University of Illinois - Chicago.
Спонзори на истражувачките лаборатории на Одделот за Информатичка технологија се 30-тина големи компании меѓу кои се Motorola, Sun Microsystems, Army Research Office, Defense Advanced Research Projects Agency, итн.
Сите тие активно спонзорираат проекти и стипендираат студенти кои утре би биле потенцијални кандидати за вработување во нивните фирми. Со работењето на проектите, студентите ќе бидат доволно обучени и спремни да работат во фирмите-спонзори.

Покрај тоа проектите на кои што се работи се тесно поврзани со работата на фирмата-спонзор. На тој начин фирмата-спонзор покрај тоа што гради база на кадар, тие добиваат и квалитетен продукт.

Како пример ќе ја земам лабораторијата за Вештачка Интелегенција.
Моментално во склопот на оваа лабораторија студентите и професорите работат на неколку проекти. Еден од најинтересните, барем за мене, е проектот ITS (Intelligent Transportation Systems).

Се работи за проект кој има за цел да им нуди на возачите информација за густината на сообраќајот.
2 милијарди галони гориво се трошат годишно во САД во чекање во згуснат сообраќај. 135 милиони возачи поминуваат 2 милијарди саати заглавени во сообраќајниот метеж што претставува вкупен трошок од 100 милијарди долари годишно.
Водејќи се од овие бројки, луѓето создале систем кој базиран на информациите за состојбата на патиштата ќе им нуди на возачите информација како најбрзо да стигнат од точката Y до точката X.
Проектот сега за сега се однесува на регионот Gary, Chicago, Milwaukee (GCM) и нуди real-time информација за состојбата на патиштата. Воедно на многу места поставени се и камери, па возачите преку live-streaming video можат да ја видат состојбата на одредени сообраќајници пред да тргнат на пат.


The GCM Corridor is one of four "Priority Corridors" throughout the country. The corridor includes the greater metropolitan areas of Gary, Chicago, and Milwaukee as well as portions of southeast Wisconsin, northeast Illinois, and northwestern Indiana. The corridor was defined to allow for a wide range of solutions for movements throughout the corridor. The intent of ITS is to improve mobility by better managing the existing transportation system, rather than simply building new roads. The goals of the priority corridors are to provide an operational testbed for ITS projects where they have the greatest opportunity improve regional traffic, provide "showcases" that will help maintain public awareness and support for ITS development, create strong institutional relationships that will lead to greater regional cooperation, and provide an opportunity for effectively testing new technologies.


Проектот е спонзориран од Illinois Department of Transportation (DOT) and US Department of Transportation(FHWA), Indiana DOT, Wisconsin DOT и National Academy of Sciences

ПОВЕЌЕ

Го тестирав системот и функционира одлично ... резултатите се реални ...

Мислам дека го користат алгоритмот на Dijkstra, за наоѓање на најкраток пат во тежински граф.

Saturday, February 25, 2006

ITU: Connect the World by 2015

Од 7 до 15 Март оваа година во Доха, Катар ќе се одржи World Telecommunication Development Conference на која главна тема на дискусиите ќе биде иницијативата Connect the World.
Се работи за проект, во кој се вклучени владите на многу земји од светот , кој предвидува интернет поврзување на 800,000 села или 30% од вкупниот број на селата во целиот свет.

What: WTDC — Connect the World Partners’ Panel
When: Wednesday, 8 March 2006, 15h00 — 17h00
Where: Al-Rayyan room, Sheraton Convention Centre, Doha, Qatar
Why: To support a global community of partners and a broad popular movement to empower the world’s people through access to ICTs and the creation of an inclusive knowledge-based Information Society.

Незнам дали некој од Македонија ќе присуствува таму.
Ако незнаат каде да се пријават еве им линк.

...или на нашиве села не им е потребен интернет ...

Friday, February 24, 2006

Windows Finally Beats Unix... What about Linux?

Е типот е лудница еј... Steven J.Vaughan-Nichols и неговата колумна Windows Finally Beats Unix, But Linux Is Coming on Strong.
Погоден од информацијата дека за прв пат до сега се продале повеќе Windows одколку Unix сервери, типот пишува дека тоа нема да трае долго, а кажува и зошто.
Интересна колумна ...
Побарав и други колумни од него, еве некои од нив:

Survey Shows Linux Is the Better Server Choice
Get the Real Facts: Survey shows Linux is the better server choice
Open Source -- the one, true way to develop software

За сите поклоници на Unix и Linux, а и за оние кои се анти-Microsoft ориентирани, читањето на овие колумни би им претставувало вистинско уживање. :-)

Еве само дел од тоа што го најдов таму

I know that Microsoft turning to open-source seems impossible to you.

Think about it. Vista and Office 2007 may not sell like hot-cakes. Bill Gates and Steve Ballmer will eventually retire. And, Microsoft will start to lose its grip on the market. It happened to US Steel, it happened to the Detroit-based automobile companies, and it happened to IBM, which came back by remaking itself. It will happen to Microsoft.

Come that day, Microsoft will have to join the rest of the software world in realizing that open-source isn't just a way to write software, it's the best way to write software.


КРАЈ ...


****************************

Уште нешто...
На следниов линк може да го погледнете research документот на Enterprices Management Associates (EMA) Get The Truth on Linux Management каде што може да најдете интересни детали и резултати од истражувањата направени од EMA

Wednesday, February 22, 2006

Чикаго од Windy City ќе стане Wi-Fi City

Оваа вест прилично ме израдува па еве ќе ви ја пренесам и на вас.
Имено, од оваа пролет Чикаго ќе биде покриено со Wi-Fi мрежа која ќе овозможи бесплатен wireless интернет на жителите на Чикаго.
Властите во Чикаго планираат да изградат џиновски hotspot кој ќе покрива 228 квадратни милји.
Ова е најверојатно дел од проектите кои ќе се прават со цел Чикаго да се кандидира како град домаќин на Олимписките игри во 2016 година.
Планираат да градат нов стадион, иако сегашниот SOLDIER FIELD е фантастичен. На новиот стадион би играл нов NFL тим.
Планираат Чикаго да биде првиот Smoke Free град.
Упорни се во желбата, белки имам среќа да ја следам олимпиjадата од дома ...

SWEET HOME CHICAGO

Hidehey
Baby don't you wanna go
Back to that same old place
Sweet home chicago

Come on
Baby don't you wanna go
Come on
Baby don't you wanna go
Back to that same old place
Sweet home chicago

Hidehey
Baby don't you wanna go
Hidehey
Baby don't you wanna go
Back to that same old place
Sweet home chicago

One and one is two
Six and two is eight
Come on baby don't ya dare be late
Come on
Baby don't you wanna go
Back to that same old place
Sweet home chicago

Six and three is nine
Nine and nine is eighteen
Look there brother baby don't ya see what i've seen
Hidehey
Baby don't you wanna go
Back to that same old place
Sweet home chicago

Tuesday, February 21, 2006

$10,000 за секој откриен bug во Windows


Ајде хакери ... имате шанса поштено да заработите 10,000 американски долари.
Фирмата iDefence плаќа по 10 илјади американски долари за секој откриен "критичен" bug во оперативниот систем на Microsoft.
Microsoft ги рангира "дукпките" во својот систем како "критични" ако тие можат да се искористат од некој црв (Worm) за да истиот се рашири и се активира.
Нема ограничување за бројот на наградите, ако најдете 5 ќе добиете $50,000.
Се што треба да направите е да го пријавите bug-от кај iDefence и да видите дали тој ќе биде карактеризиран како "критичен" .... Ааа, да ... тоа треба да го направите до 31 Март.

Ова го прочитав во Washington Post, a нивниот блог има повеќе детали...

Значи сите оние кои се Анти-Microsoft ориентиран, а имаат добра причина за тоа, сега имаат шанса да покажат зошто, а во исто време да заработат добри пари.

Sunday, February 19, 2006

The National Air and Space museum ...

Вчерашниот ден го поминав во шетање низ Washington, DC. Со Наташа шетавме по популарните Smithsonians.
Најголем впечаток ми остави посетата на National Air and Space Museum.
Таму видов оригинални примероци на вселенски летала кои биле користени при освојувањето на вселената.

Еве неколку слики:

GEMINI IV - Првото американско вселенско летало
Повеќе за мисијата на GEMINI IV овде.


THE VIKING Lander on MARS


Е сега погледнете како почнало сето тоа. На следната слика може да го видите првото летало на браќата Wright.



Значи, се почнало со проектите на браќата Wright и со желбата да летаат во облаците како шо тоа го прават птиците.....подоцна човекот стигнал и на месечината, еве неколку слики од APOLLO 11 мисијата ...





Еве како изгледала тогашната пилотска кабина и тогашните компјутери



Верувам дека сликите се интересни, сликавме и многу други, но блогот не е место каде што треба да ги објавиме. Можеби ќе креираме некој албум, па ќе може да ги видите.

Saturday, February 18, 2006

Поефтин интернет ... Бидете упорни, ќе успеете

Супер е што МТНЕТ ги намалува цените на пакетите, и тоа треба да се поздрави.
Но, вистинскиот ефект ќе биде кога ќе се укинат ограничувањата.
Ма кај го има тоа бре? 512МB, катастрофа.
Може ова им е финта да видат дали ќе го зголемат бројот на корисници па понатаму ќе ја намалат цената уште повеќе.
Ви реков јас, математичари и статистичари им требаат на нив.

Страшна дебата се води кај револуционерите, така да дискусијата на оваа тема може да ја продолжите таму.
Волан презентира повеќе детали на неговиот блог (Доста е активен во последно време).
Panta Rei со свој осврт на оваа информација.
....сигурен сум дека и други блогери ја објавуваат оваа информација.

Во меѓувреме, можам да кажам дека имам среќа што имам неограничен и евтин интернет ... ОДЛИЧНА СТВАР ...
Оваа недела сум во Washington, DC и кога дојдов во хотелот забележав дека немам интернет во собата, т.е. конекцијата не работи ... се јавив на рецепција.
Иако беше 9 часот навечер и иако рецепционерот не е network engineer, се "растрча" и ми помогна ... ми даде нов cable модем... ЗНАЕ ТОЈ ШТО ЗНАЧИ ИНТЕРНЕТ И ШТО ЗНАЧИ ЗАДОВОЛЕН МУШТЕРИЈА ....БРАВО

Никој нема право да го кочи развојот на македонското интернет општество ...

БЕЗРЕЗЕРВНА ПОДРШКА ОД МЕНЕ ... бидете упорни ЌЕ УСПЕЕТЕ

Поздрав

Oracle DataPump е 15-45 побрз од Export/Import


Ако имате Oracle база на податоци и сакате да направите Export/Import на податоци, заборавете на класичниот Export/Import, користете DataPump ... фантастична ствар.
Со класичен Export/Import за да експортирам 7GB податици ми требаа 7 саати на SUN SPARK R480 ... истиот експорт со DataPump заврши за 20 минути.
Лудило, Oracle тврдат дека DataPump e за 15-45 пати побрз од Export/Import, а гарантираат за најмалку 10 пати поголема брзина. повеќе


With Data Pump Import, a single stream of data load is about 15-45 times faster than original Import. This is because original Import uses only conventional mode inserts, whereas Data Pump Import uses the direct path method of loading. As with Export, the performance improvement can be even greater depending on the level of parallelism.


Уште појако е користењето на transportable tablespaces. Се што треба да направите е да ја експортирате структурата на Tablespace-от, таканаречената METADATA и да ги префрлите податочните датотеки (datafiles). и тоа е тоа ... значи со овој метод експортот заврши за 15 секунди а импортот траеше 3 минути, од кои најголем дел беа за бинарно префрлање на датотеките од едниот кон другиот сервер.

еве ви синтакса за експорт

expdp system/manager dumpfile=tts.dmp directory=trans_dir TRANSPORT_TABLESPACES=ts_name logfile=ts_nane.log

еве за импорт

impdp system/manager directory=import_dir dumpfile=ts_name:ts_dest TRANSPORT_DATAFILES=патека до datafiles


Повеќе за transportable tablespaces овде.

Што да кажам на крај, освен, ORACLE RULES ...

Friday, February 17, 2006

Како изгледал првиот компјутер

Како изгледал првиот компјутер ...



Мал хумор не е на одмет :-)

Еве уште нешто



Thursday, February 16, 2006

Oracle Streams за синхронизација на две Oracle бази

Oracle Streams е техника на Oracle која служи за репликација на податоците од една база во друга.
Кога се работи за две бази кои што се поврзани преку LAN, синхронизацијата може да биде real-time.
Oracle Streams се базира на Oracle Advanced Queuing. Значи се работи за пренос на пораки од едно queue, кое се наоѓа на source базата, кон другото, кое се наоѓа на destination базата.
Oracle Streams го сочинуваат три главни процеси:

1. Capture процес
2. Propagation процес
3. Apply процес

Capture процесот ги прегледува извршените трансакции во архивираните логови (archived log) и од истите креира LCR (Logical Changed Record) кои ги сместува во source queue-то во вид на ANYDATA пораки.

Propagation процесот ги прифаќа овие пораки и ги праќа кон дестинациската база, т.е. ги сместува во дестинациското queue.

Apply процесот ги зема пристигнатите LCR-ови и во зависност од трансакцијата (DML), прави запишување, промена или бришење на податоци.
Исто така може да се реплицираат и DDL (Data Definition Language) трансакции

Синхронзацијата може да биде двострана, т.е. како од база1 до база2, така и од база2 до база1, за што постојат и техники за разрешување на конфликти.

Се на се, ова е фантастична техника која за прв пат Oracle ја претстави во верзијата 9i. Streams во 9i беа многу баговити и нестабилни. Поголеми подобрувања имаше во верзијата 10g Release 1.
Streams се фантастично усовршени во верзијата 10g Release 2.
Oracle ги препорачуваат за синхронизација на две бази, но сепак не велат дека протхедното решение Oracle Advanced Replication, базирано на материјализирани view-а е "мртво".
Streams имаат подршка за имплементација во RAC (Real Application Cluster) околина, може да имаат неограничено многу дестинациски бази.

Streams може да се употреби и како Disaster Recovery решение, но сепак Oracle за тоа го има Data Guard.

Streams може да работат во хетерогена околина, т.е. може да реплицираат Oracle база со друг тип на база (MS SQL Server, DB2, не сум сигурен за MySql)

******************************

Утре конечно ќе ги добијам резултатите дали архитектурата која што ја поставив ќе ги задоволува барањата да се синхронизираат две бази (во реално време).

Се работи за два Database сервера со следнава конфигурација:

Sun 280R
2 CPUs 4 GB RAM
Solaris 9

Потоа ќе додадеме еден Itanium2 Windows сервер за да симулираме синхронизација во хетерогена околина, во смисла на оперативни системи.

Како и да е утре ќе биде напорен ден за мене. Ако некој сака повеќе информации за Oracle Streams слободно нека ме контактира (e-mail адресата ќе ја најдете во мојот профил)

Останете ми со здравје, одам да спијам, касно е.

Wednesday, February 15, 2006

10 години затвор и 250 илјади долари за напад на компјутерска мрежа

10 години затвор и 250,000 американски долари е казната со која се соочува Christopher Maxwell(20), од Vacaville, Калифорнија, за нападот кој што го извршил врз илјадници компјутери. Меѓу нив се наоѓа и компјутерската мрежа Seattle's Northwest Hospital and Medical Center.
Со нападот врз компјутерската мрежа на болницата, во Јануари 2005, тој непосредно ги донел во опасност пациентите на болницата.
Штетата која Chritopher и ја нанел на болницата изнесува 150,000 долари. Неговата незаконска активност започнала во Јули 2004 и се проценува дека досега има нападнато околу 50,000 компјутери.
Компјутерскиот напад е еден од најтешките криминални дела во САД. Во зависност од тежината на нападот, хакерот може да се соочи со доста високи казни кои вклучуваат и затвор. (линк1, линк2).


Извор (The Register)

Monday, February 13, 2006

Oracle го купува и PHP?!

По се изгледа Oracle заедно со купувањето на Zend, ќе го купи и нивниот продукт PHP.
После првичните непотврдени информации, почнаа да стигаат потврди од страна на преставници на Oracle. Една од нив е дека Oracle планира да потроши 600 милиони долари во шопинг на фирми кои имаат Open Source продукти.
Се започна со шпекулацијата дека Oracle ќе го купи JBoss, понатаму информациите се проширија и на Zend и SleepyCat, но неможев ни да замислам дека Oracle го ставил и PHP во "корпата за купување".
Според проценките кои ги изнесе BusinessWeek, за JBoss Oracle ќе потроши не повеќе од 400 милиони долари, За Zend и PHP до 200 милиони, а SleepyCat е неспореднливо мал во однос на претходните, но сепак неговата цена ќе се знае деновиве.
Инаку 600 милиони се смешна сума за Oracle, во споредба со годишната продажба, што оваа компанија ја прави, која изнесува 16 милијарди долари.

Какво влијание ќе има овој шопинг на Oracle врз светскиот пазар?

- JBoss досега е симнат 16 милиони пати (се разбира не се коирсти толку)
- Познато е дека 18 милиони интернет страници се изработени во PHP
- SleepyCat само што зема замав во полето на Open Source базите на податоци.

Сеуште не се знаат крајните намерите на Oracle, а најголемото прашање кое се поставува е:

Како ќе изгледа Open Source светот откако чичко Larry ќе ја помине својата "картичка" преку касата на големиот маркет наречен Open Source?

Еве линкови до некои поопширни статии во кои е опфатена оваа тема:
BusinessWeek: Oracle's Open-Source Shopping Spree
eWeek : Ellison-Fleury: A Match Made in Heaven or Hell?
eWeek: Oracle Planning to Eat the Entire Open-Source World

Sunday, February 12, 2006

A Tribute to Alan Turing


Alan Turing, татко на информатиката, математичар, филозоф, логичар, крипто-аналитичар, еден од најголемите умови на своето време.
Тјуринговата Машина, "компјутер" кој се појави многу пред "дигиталната ера".
Многу дела по кои ќе остане запаметен од новото време, осуден и понижен од неговото време.
Генијот ... се самоубива на 7 Јуни 1954 година ....

1912 (23 June): Birth, Paddington, London
1926-31: Sherborne School
1930: Death of friend Christopher Morcom
1931-34: Undergraduate at King's College, Cambridge University
1932-35: Quantum mechanics, probability, logic
1935: Elected fellow of King's College, Cambridge
1936: The Turing machine, computability, universal machine
1936-38: Princeton University. Ph.D. Logic, algebra, number theory
1938-39: Return to Cambridge. Introduced to German Enigma cipher machine
1939-40: The Bombe, machine for Enigma decryption
1939-42: Breaking of U-boat Enigma, saving battle of the Atlantic
1943-45: Chief Anglo-American crypto consultant. Electronic work.
1945: National Physical Laboratory, London
1946: Computer and software design leading the world.
1947-48: Programming, neural nets, and artificial intelligence
1948: Manchester University
1949: First serious mathematical use of a computer
1950: The Turing Test for machine intelligence
1951: Elected FRS. Non-linear theory of biological growth
1952: Arrested as a homosexual, loss of security clearance
1953-54: Unfinished work in biology and physics
1954 (7 June): Death (suicide) by cyanide poisoning, Wilmslow, Cheshire.




... Факти, Документи, слики, на интернет страницата на Andrew Hodges, посветена на Alan Turing

Saturday, February 11, 2006

Бил Гејтс му оставил $1000 бакшиш :-)

После напорниот петок, еден од најнапорните, се вратив дома. Со Наташа решивме да излеземе таа вечер и да се опуштиме малку.
Пријателите, Столе и Цаци, со кои што бевме излезени, ни раскажаа интересна случка кој се случила тој ден.
Имено, колегата на Столе, некој бугарин(не му го запамтив името) кој вози лимузина во Чикаго добил повик да оди на аеродром да пречека клиент кој слетувал во Чикаго (Да се возиш со лимузина е поевтино отколку да се возиш со такси на подолги релации).
Стигнал човекот на аеродром и се појавиле пет шест лица кои му рекле да изелзе од колата. Излегол од колата, а овие почнале да ја претресуваат. Возачот се изненадил, а уште повеќе се уплашил кога непознатите го натерале да потпише документ во кој пишувало дека СЕ ШТО ЌЕ СЛУШНЕ ВО КОЛАТА НЕСМЕЕ ДА ГО КАЖЕ НА НИКОЈ.
Му рекле да го спушти прозорот, кој што го одделува шоферот од клиентите, и да вози.
Возел, стигнал, и си тргнал на назад.
Од диспечерската станица му се јавиле и му соопштиле дека добил бакшиш од 1000 долари. Возачот мислес дека е некоја зезанција, но уште повеќе се изненадил кога му кажале дека го возел никој друг туку БИЛ ГЕЈТС.
Бил Гејтс би на пат за Њу Јорк, но изненадно требал да слета во Чикаго и неговата служба морала бргу да го организира престојот, па се јавиле на најблиската LIMO компанија.

Столе ми кажува дека, бугаринот пукал од радост, не бил при себе, 1000 долари бакшиш.
Он дури и не знаел кој е Бил Гејтс, битен е бакшишот...А, сакал да земе слободен ден тој ден :-).

И уште една интересна работа. Излеговме во еден бар, малку поголем бар и не бевме изненадени што на влезот ни побараа идентификација (тоа е најнормално), но не изненади тоа што на раката ни ставија печат исто како што ставаа печати во дискотеките во македонија порано.
Печатот означувал дека имаме повеќе од 21 година и смееме да пиеме алкохол, па кога ќе дојде келнерката треба да и го покажеме.
Жигосани како свињи во фарма :-)
Значи покрај сета таа технологија, покрај сите начини на идентификација, тие работат со печати...а можеби е и финта...

Овој текст можеби и нема врска со темите за кои пишувам на мојот блог, ама ситуациите беа интересни, посебно приказната за Бил Гејтс и бугаринот, и сепак е Сабота, наутро пијам кафе и чекам да ми стигне најновиот Chicago Tribune.

Ах колку ги сакам саботните утра ... :-)))

Поздрав и пријатен викенд

Михајло

Oracle сака сериозно да се вмеша во Open Source светот

Интересна статија за аспирациите на Oracle да купува Open source продукти.
Пред некое време напишав пост дека Oracle размислува да го купи JBoss. Е па шпекулациите полека се претвараат во стварност.
Oracle не само што сака да го купи JBoss, туку сака да ги куои и Zend и Sleepycat.
Портпаролите на овие компании сеуште не ги коментираат овие информации кои се сеуште во ранг на озборувања, но кај што има чад има оган, а чадот овојпат прилично е густ.

Како потврда на сите овие озборувања доаѓа и изјавата на Larry Ellison дадена оваа среда (8ми Фебруари) на конференција во Санта Моника:


We are moving aggresively into open source. We are embracing it. We are not going to fight with this trend. We think if we are clever we can make it work for our advantage


Business Week коментира дека Ellison сака да стане најбитен играч на пазарот за производители на софтвер и дека сака да ги насочи сите клиенти само во "една продавница".

Повеќе за статијата, како и интересни коментари може да прочитате на интернет страницата на Business Week.

Friday, February 10, 2006

SAP: Индија станува скапа за outsourcing проекти

Индија станува скапа за offshore сервиси. SAP ќе бара евтини програмери во Кина или во замјите од Источна Европа, изјави Frank Hartman, портпарол на SAP (овде).
Според National Association of Software and Service Companies (NASSCOM), Индија во последната фискална година, ја зголемила својата outsourcing индустрија за 32%, односно направила 23,4 милијарди долари. (линк)

Од друга страна се повеќе компании сакаат развојот на своите продукти да ги вратат во рамките на својата компанија, бидејќи така би имале поголема контрола. Интересна колумна може да прочитате овде.

Borland го продава Delphi, JBuilder, ...

Borland ја продава својата позната Интегрирана Развојна Околина, или попозната како IDE (Integrated Development Environment).
Тие сакаат да се фокусираат повеќе на ALM(Application Lifecycle Management) производи.
Borland бара купец за своите Delphi (зоштооооо???) и JBuilder.
Тие се одлучиле на овој чекор најмногу поради ударот кој на JBuilder му го зададе Eclipse, Open Source Java развојна алатка, која има слична функционалност како JBuilder.

Според мене, JBuilder и не играл некоја значајна улога на пазарот на Java развојни алатки, а со појавувањето на бесплатните и Open Source решенија JBuilder ги изгуби сите шанси да биде конкурентен на пазарот.
Дали соработката со Oracle им се врати како бумеранг? Имено, тие Borland учествува во изработката и дизајнот на Oracle JDeveloper, кој што од средината на минатата година стана бесплатен. Дизајнот и начинот на работа на JDeveloper е наполно идентичен со JBuilder (речиси наполно :-))
Во ваква ситуација, незнам кој би фрлал пари за нивниот продукт ...

Но, ако за фирмите кои го користеле JBuilder за развој на нивните апликации има решение во смисла на замена на JBuilder, со Eclipse, NetBeans, JDeveloper, или други производи, за оние кои што го користат Delphi и нема баш некои алтернативи

Што ќе стане со Delphi? Delphi е алатка која е доста користена за програмирање. Најмногу се користи во Европа.
Исто така многу Македонски фирми го користат Delphi за креирање на своите апликации.

Во соопштението наменето за корисниците на нивните продукти, издадено од Tod Nielsen, Borland CEO, не може да се прочита кои се следните чекори на компанијата, во смисла на обезбедување на неопходната подршка за сите доегашни клиенти.

Дали идниот сопственик на Delphi ќе ја пружи соодветната подршка?
Што ако Borland неуспее да го продаде Delphi?
Што е со апликациите кои се изработени во Delphi?

Мислам дека е време сите оние кои што моментално користат Delphi, да почнат да размислуваат за промена на развојната околина.

Информацијата е превземена од InfoWorld

Thursday, February 09, 2006

Време: Ќе увезуваме компјутерџии!

Само што прочитав еден текст објавен во Време дека македонските IT фирми, планираат да увезуваат "компјутерџии".
Според некои менаџери на македонските фирми, денес било многу тешко да се најдат програмери во Македонија.

Ова е извадок од текстот:


Скопската фирма „Сивус“ има потреба од 100 информатичари и инженери, а веднаш би можеле да вработат дваесетина. И покрај ваквата привлечна понуда, „Сивус“ не може да најде соодветен кадар.

- Баравме секаде и преку секого. Нема. Сега ќе одам во Србија и Црна Гора, а потоа ќе барам и во Кина и Индија за да најдам програмери - вели Методија Пејовски, консултант во фирмата „Сивус“.

Тој вели дека побарувачката за информатички кадар е далеку поголема од понудата на македонскиот пазар, па во моментов има недостиг од околу 200 инженери и информатичари.

- Сигнализиравме дека ова ќе се случи, но никој не не слушаше. Сега се договаравме со факултетот во Ниш да им земеме програмери. Ако се посвети повеќе внимание на таа професија, можеби кризата ќе трае уште една година, но потоа ќе се среди - вели Пејовски.


Драга господо сопственици на фирми, програмери има, но проблемот е друг.

1. Сакате да ги добиете за евтини пари

Сакате да ги добиете програмер за евтини пари и без притоа да инвестирате во него

2. Не сакате да инвестирате во нивната едукација и обука.

Во млади и штотуку дипломирани инжинери не Ви се инвестира баш многу.... да да ке избегале....па вие треба да направите да не избегаат, да формирате оддел за човечки ресурси кој што ќе се грижи за тоа.

- Која од Македонските фирми нуди стипендии на студентите по информатика?
- Која од Македонските фирми инвестира во проекти и истражувања кои се реализираат на факултетите?

Со стипендирање на студенти Вие инвестирате во потенцијален кадар за Вашата компанија.
Со инвестирање во истражувачки проекти градите стручњаци кои потоа спремни ви дошле во вашите компании.

........

Или сакате да добиете готов "продукт" без да инвестирате во него ...


Немало програмери... Програмери има, ама Вам не Ви се допаѓа цената која треба да ја вложите во нив.

Наполно се сложувам со професорот Гушев кој вели:


Секоја година Министерството за образование си ги препишува квотите, без добро да се размисли колкава е потребата за студенти на одредени катедри - вели Гушев.


Постојат катедри на кои е предвидено да се запишуваат 100 студенти, а се запишува само еден. За таа разлика квотите на кадедрите кои нудат интересна и атрактивна програма не се зголемуваат, па студентите кои не успеале да се запишат на некој од информатичките одсеци шансата ја бараат на други факултети.
Зошто мора да се инвестира во неинтересни студии, или пак проблемот е дека некој од професорите би ја изгубил својата работа, па ајде да не го "кршите" него, ќе скршите 20 сетина бруцоши.

Не се сложувам со проректорот Зоран Велковски кој вели:


Тоа се решава многу едноставно. Државата треба да направи стратегија и да предвиди дека во наредниве години ни требаат 5.000 информатичари. Но таа треба и финансиски да застане зад нив и да им обезбеди услови - вели Велковски.


Господине Велковски, па на државата не и требаат информатичари... информатичари му требаат на стопанството, т.е. на фирмите, а тие не се државни. :-)))
Зошто државата да инвестира... треба да инвестираат фирмите ... но за жал тие тоа не го гледаат така ....
До кога со вакви размислувања !!!

За среќа суште постојат компании кои на овој проблем му пристапуваат посериозно.

Излезе најновата верзија на Oracle JDeveloper 10g

Излезе најновата верзија на, за мене, најдобрата алатка за развој на Java апликации Oracle JDeveloper 10g.
Oracle JDeveloper 10g Release3 (Version 10.1.3) може да се симне од интернет страната на Oracle.

Jdeveloper е бесплатна алатка и може да се користи за развој на било Јava базирани апликации (J2EE, EJB, JSF, ADF итн). Има вграден Апликациски сервер, OC4J, за кој немам некое добро мислење, но сепак дека е доволен за тестирање или за правење на мали апликации.
Без проблем може да се користи со било кој друг апликациски сервер како Apache Tomcat, Oracle Application Server, BEA WebLogic итн.
Јас го користам со BEA WebLogic Server 9.0, и можам да кажам дека за развој е одлична комбинација.
Зошто го ставам JDeveloper пред другите?

Најмногу поради начинот на кој можам да користам Oracle база во апликациите. Работењето е стварно едноставно, а имам и опции директно да правам промени во базата, исто како да имам OEM пред мене (добро не баш исто, ама за развој е доволно).

Добро е организиран со одличен распоред на менија, алатки, прозорци, итн. Работната околина ми годи најмногу поради фактот дека Borland-ови инженери работат на развојот на JDeveloper, па IDE-то ме потсеќа на Delphi, кој го користев многу одамна.

Како и да е, JDeveloper е навистина одлична алатка ... добро, бара малку повеќе меморија (мин. 512МB, 1GB e препорачливо), но на крај се исплати.

Пробајте го, нема да зажалите ...

Wednesday, February 08, 2006

е-Општество ...e-oва... е-она ... е-Протест!!!

Протестите на муслиманите кои се случуваат поради објавувањето на "Карикатури со пророкот Мухамед", добиваат нова димензија.
Покрај, кај нас познатиот, конвенционален начин на протестирање (или познат уште и како штрајк) тие својот гнев го изразуваат со праќање на заразени e-mail пораки и напади на интернет страници.
Најмногу на удар се Данските сервери (очекувано).
Оваа вест можете да ја најдите на многу сајтови, еве еден од нив.

Друга ми е поентата ...

Овој пример може да се земе како идеја за стварање на е-Протести.
Наместо граѓаните да мрзнеат по улици, надевајќи се некој да ги слушне, или пак да блокираат патишта, автопати, да креваат слушалки и незнам што ли уште не ....
Ендоставно нека седат дома или пак нека отидат до некое Интернет кафе и нека си еПротестираат бомбардирајќи ги со пораки серверите на институциите кои што им згрешиле нешто...
Вака ниту ќе бидат снимени, ниту избркани од работа, ќе бидат на топличко, одморени и ќе си гледаат сеир.

е-Општество, е-Стратегија, е-Банкарство, е-она, е-ова, епа зошто да не е-Протест :-))))

Интересна идеја а?

Знам, знам, скап е интернетот, ама ... еден ден кога ќе биде евтин ... :-)

Source Code of Windows!

Денес баш и не ми се пишуваа многу, но за хумор има секогаш време.

Source Code of Windows!


#include "<"windows.h>
#include "<"system_errors.h>
#include "<"stdlib.h>

char make_prog_look_big[1600000];

main()
{
if (detect_cache())
disable_cache();

if (fast_cpu())
set_wait_states(lots);

set_mouse(speed, very_slow);
set_mouse(action, jumpy);
set_mouse(reaction, sometimes);

printf("Welcome to Windoze 3.999 (we might get it right or just call it Chicargo)\n");

if (system_ok())
crash(to_dos_prompt);
else
system_memory = open("a:\swp0001.swp", O_CREATE);

while(1) {
sleep(5);
get_user_input();
sleep(5);
act_on_user_input();
sleep(5);
if (rand() < 0.9)
crash(complete_system);
}
return(unrecoverable_system);
}



:-)

Tuesday, February 07, 2006

IBM: Нов чип за пресврт во WiFi индустријата


International Business Machines Corp. или попознати како IBM објавија дека работат на производство на нов чип кој би се користел за трансфер на High-Definition видео податоци.
Чипот се базира на 802.15.3c спецификацијата и го користи фреквенциите на радио спектарот кои се наоѓаат во опсегот од 30 до 300GHz или попознато како "millimeter wave frequency bands".
Во принцип се работи за безжична технологија која треба да врши пренос на податоци со пропусна моќ (bandwidth) од 1.4 до 1.5 Gb (гигабити) во секунда.

Според IBM, за почеток овој чип ќе се користи за пренос на податоци на растојание од 5 до 10 метри. Главната цел е да овозможи пренос на High Definition сигнал од HD TV до вашиот компјутер и обратно. Најмногу би се користело за видео конференции и слично.

Реализацијата на ваков продукт би претставувало голем чекор напред во полето на безжична технологија. Општо познато е дека многу компании инвестираа пари во производство на технологија која ќе овозможи брз трансфер на голем број на податоци преку безжична мрежа. Помина доста време Bluetooth технологијата пред да ја најде својата примена во практичниот свет, но сеуште не претставува општо прифатен стандард.

Повеќе за најновиот проект на IBM можете да најдете на нивниот research портал.

BMW.de тргнат од индексот на Google

Домејнот BMW.de е трганат од индексот на Google поради манипулација со содржината која се пребарува и онаа која навистина се прикажува.
Имено, кога Google engine-от го пребарува BMW.de порталот, тој пребарува по една содржина, но кога корисникот кој ја нашол странат на Goolge ќе сака да ја погледне истата, тогаш JavaScript код го пренасочува корисникот кон страна со друга содржина.
Според Matt Cutts, вработен во Google, ова однесување на BMW е окарактгеризирано како webspam и поради тоа BMW е исфрлен од индексот за пребарување на Google.
Според информациите кои што ги прочитав на блогот на Matt Cutts, официјалната причина за овој потег е непридржувањето на BMW кон Правилникот за квалитет каде што особено е нарушено правилото

Make pages for users, not for search engines. Don't deceive your users or present different content to search engines than you display to users, which is commonly referred to as "cloaking."

BMW.de го поправиле својот Web Portal и се очекува повторно да биде достапен за пребарување после два дена, кога истекува 30 дневниот казнен период.

Поради истите причини, слична казна го чека и производителот на опрема за печатење Ricoh.

За крај сакам да кажам...
Правила си се правила, и треба да се почитуваат. Во спротивно губите пари. Не верувам дека BMW изгубиле големи пари поради тоа што порталот не им бил во листата на пребарување на Google цели 30 дена, но сигурно изгубиле многу од Маркетиншка гледна точка, особено кај своите Германци, познати по дисциплина и почитување на правилат.

Slypeecat: Нова верзија на нивната Open Source база

Slyeepycat издадоа нова верзија на својата open source база Berkeley DB Java Edition.
Најновата верзија 2.1 за разлика од претходните има подобрување во поглед на перформанси. Подобрувањето најмногу се базира на побрзото работење на самата база, подобро работење со релации.
Друга нова особина можноста да се контролира заклучувањето (locking) на табелите.
Најновата верзија доаѓа со солидна документација за користење на базата во апликации кои користат конкурентни трансакции.

Базата може да се симне од оваа интернет страница .

Monday, February 06, 2006

Македонија има одлични IT инженери

Се почна со информацијата дека наводно, Microsoft ќе отворел технолошки центар во Македонија. Прочитав доста коментари, а во некои од нив видов сомнежи во стручноста на информатичкиот кадар во Македонија.

За факултетите

До пред неколку години македонските факултети ПМФ и ЕТФ нудеа неинтересни и застарени наставни програми.
Кога јас студирав на ПМФ Институт за Информатика, 60% од наставната содржина немаше врска со она што требаше да се студира. Учевме Математичка Анализа I, Математичка Анализа II, Мера, интеграл и специјални функции, предмети каде што само 10% од содржина е интересна и потребна на еден информатичар. По физика учевме колку капки ќе протечат низ славина во одреден временски интервал, наместо да учиме електроника, електромагнетни полиња, итн.
Студиите беа крајно досадни понекогаш одев на предавања поради тоа што морав да бидам таму поради некаков си потпис кој го бара некаков си суетен професор (Поголема суета нема да запознаете од универзитетски професор...ма тоа е чудо едно).
Се грижеа за потписите, а не се грижеа дали нивните предавање им се интересни на студентите, и на крајот од краиштата дали им помагаат за полесно да ја совладаат материјата.
Капак на се беше кога ќе добиеш 6 а си ја пеел материјата. Но, оценките не беа важни важно беше да издржиш во желбата да го завршиш факултетот како така. Секоја чест на оние професори кај кој уживав да одам на предавања, но имаше и такви кои како да залутале на факултетот и предаваат некаква си квази материја разбирлива само на нив. И асистентите, кои морам да признаам беа главната движечка сила за имплементирање на нови наставни содржини, понекогаш не можеа да разберат што сакаа да кажат ИТ поетите.
Е сега, во таква ситуација, многу од студентите не ги завршија студиите, многу од нив ги завршија, но без здобиено знаење кое би го искористиле понатаму во животот.
Но, ако се фокусирам само на "стручните" предмети, можам да кажам дека учевме се и сешто: Микропроцесори, Компјутерска Графика, Бази на податоци, Програмски Системи, Оперативни системи, Програмски јазици, и многу други (не ми е поентата да ги набројам сите). Значи учевме се и сешто и на крајот ... за некој ништо, за некој нешто :-).

За инжењерите

Во една таква околина, нашите студенти добиваат знаење од многу области, иако утре некои од нив ќе бидат програмери (или модерно кажано девелопери), некои ќе бидат дизајнери, некои ќе бидат Администратори на бази на податоци, некои ќе бидат систем администратори итн. Но, сите ќе знаат по нешто и од другите области. Систем Администраторот ќе знае што е ЕР дијаграм (иако може нема да знае да го нацрта :-), Програмерот ќе знае што е Скалирање, како се креира движење на објекти, итн.
Поентата ми е, ако добро се фокусираш на студиите, и добиеш идеја (не да очекуваш да научиш нешто), која понатаму ќе ја искористиш за самостојно здобивање на ново знаење, е тогаш добиваш многу.
Е сега пак ќе зборувам за мене... :-)
Јас својата кариера ја почнав како Delphi програмер. Да, Delphi мојата прва ИТ "љубов", и тука се сретнав со класи, процедури, функции итн. Но, нешто во мене ми кажуваше да не застанувам, нешто ми кажуваше дека тоа не е вистинското и дека ми треба повеќе. На факултет по предметот бази на податоци учевме Oracle и PL/SQL. Не учевме кој знае што, но тоа беше доволно да ме заинтересира да учам повеќе.
Почнав да учам моделирање на бази, SQL, почнав да навлегувам во Oracle светот. На почеток бев повеќе како ентузијаст, но кога ја добив новата работа (како Oracle програмер), сватив колку сериозен предизвик имав пред мене.
Колегите од работа ми помогнаа да се вклопам побргу во новата средина и сега работев на развојна околина тотално различна од Delphi со InterBase. Работев на Oracle 9i база на податоци, Oracle Designer, и добро познатите Forms и Reports.
Развојните околини беа различни, но концептот беше исти ОБЈЕКТНО ПРОГРАМИРАЊЕ. Ааа, да тоа што го учевме на факултет. :-)
Како што одминуваше времето покрај програмирање, работев и на DBA задачи. Еднаш дојде Борче со неколку CD-a на. Ни вели "Сакав да се напијам аспирин, и ми се истури водата врз лаптопот, помагајте, се што работев последниот месец се наоѓа на овие CDа, тука се DB датотеките". Мисијата се викаше "Направи го невозможното", или "Направи врбата да роди грозје". Со колегите се нафативме да го направиме, го направивме го средивме. Од програмери станавме Senior DBA. Се здобивме со големо искуство. Тоа искуство ми помогна сега да работам тоа што го работам Database Architect.
Во меѓувреме, како што сега сум заразен со блогирање :-), бев заразен со Rent-A-Coder. Работев проекти за ситни пари, но парите не ми беа приоритет, го правев тоа повеќе за да научам Java и J2EE. . Им решавав домашни на странски студенти. Научив, коклу толку, не било страшно :-) пак, објектно програмирање :-)

Ама сум се распишал...
ОК, ај ке привршувам.

Да бидеме јасни, јас сум само обичен информатичар од Македонија, како и сите мои колеги со кои што сум работел, студирал или сум се запознал (намерно нема да споменувам имиња, поради тоа што не сакам да заборавам некокј).

Сите тие се стручни во повеќе области, знаат повеќе програмски јазици ... сите тие имаат свои колеги со кои што сега работат кои исто така се одлични програмери. Сите тие сега обучуваат и го делат своето знаење со многу нови колеги кои само што испаднале од факултет.....

НЕ ИМА ДОВОЛНО, НЕ НЕ ПОТЦЕНУВАЈТЕ ...

Пак за факултетите

Ах... факултетите ... почнав со нив :-) ... Факултетите ќе си постојат, ќе ги менуваат програмите ќе ги прават поинтересни. Морам да признаам дека најновите програми на ПМФ ИИ и ЕТФ КТИ се стварно одлични.

Проблемот е во нешто друго ...
- Проблемот е во зарѓаните професори (не сите) кои ги тераат студентите да бидат во тек со технологијата, но самите не го прават тоа;
- Проблемот е во непотистичките корени кои се длабоко всадени во нашите факултети (неквалитетни синови и ќерки на професори ги малтретираат студентите, СЕКОЈА ЧЕСТ НА ИСКЛУЧОЦИТЕ) .... хахаха .... дури и студентски прашања се опфатенни од оваа појава, па теткиците си дозволуваат се и сешто мислејќи дека никој ништо не им може поради тоа што некој од нивните се наоѓа некаде погоре....

Но, сето тоа е маргинално во споредба со НАЈГОЛЕМИОТ ПРОБЛЕМ - ПАРИТЕ. Како да се стимулира професор кој зема околу 30,000 денари (незнам точно колку е сега, можеби повеќе можеби помалку) и зема ОМАЛОВАЖУВАЧКИ дваесетина денари .... ДАДАДА дваесетина денари за секој екстра час за кој нема креди, ги нема нај основните помагала за работа .....
Во САД најевтините студии се $25,000.
Нашиот народ неможе да си го дозволи тоа...

Но, на крајот на краиштата, тие не се подобри од нас. Сега работам со колеги кои дипломирале на Universit of Illinois, на George Washington University, ... Тие не се ништо подобри од моите колеги од Македонија, напротив ... за нив работното време е од 9am до 5pm, и во слободно време не ги интересира ништо друго, за разлика од нашите кои маката или пак желбата ги натерала да учат и постојано да ги прошируваат своите знаења .

До сите Вас кои сеуште се сомневате во Македонскиот интелектуален потенцијал

Не се сомневајте во Македонскиот интелектуален потенцијал. Можеби немаме образование како што треба да имаме, но имаме желба за престиж и докажување.
Секој ја чека вистинската шанса.

Доста е забегав ... ќе продолжам утре ....

ПОЗДРАВ ДО СИТЕ МАКЕДОНСКИ ИТ ИНЖЕНЕРИ.
(Одам да спијам, касно е)

Искрено,
Михајло

Saturday, February 04, 2006

Kama Sutra: Македонија со 64 заразени компјутери

Kama Sutra црвот, вчера не предизвика некоја значителна штета, но сепак се очекува конечниот ефект да се знае во текот на наредната недела. Оваа резервираност се должи на фактот дека најголем дел од заразените компјутери претставуваат домашни системи.
Во Индија (инаку најпогодена од овој вирус) некои од компаниите рапортирале активност на вирусот, т.е. забележале дека некои од file-овите биле инфицирани од овој вирус, но сеуште не се знае големината на нанесената штета.
Систем администраторите во Милано, Италија биле принудени да исклучат 10,000 компјутери после откривањето дека некои од нив се инфектирани од вирусот, а не биле во можност да го исчистат до петокот (некои од алатките за дезинфекција излегоа во четвртоткот 02/02/06 рано наутро).
Според информациите кои ги имав до вчера, заразени се вкупно 300,000 компјутери. Но овие податоци се далеку од вистинските, бидејќи се базираат на информации од компаниите и не го вклучуваат бројот на заразени домашни компјутери (многу од корисниците не се запознаени за вирусот).

Во Македонија досега се регистрирани 64 заразени компјутери.

На врвот на листата е Индија има 80,000, понатаму следи Перу со 55,000, САД има 15,000, од нашите соседи Грција има 4,716, турците се доста заразени со 15,516 итн.
Сега се гледа која нација најмногу се пали на порно пораки :-)))) Индијците, машала, растураат :-)
Интересни се податоците како се ширел вирусот. Ширењето и нападите растат по експоненцијална линија, што е разбирливо.

Комплетна статистика на овој линк

Значи како што некој искоментира на мојот претходен пост, можеби МТНЕТ придонесе кон заштитата на Македонските компјутери да се заразат од овој вирус, со тоа што нуди доста високи цени, па многу мал број на луѓе можат да си дозволат да пристапат на интернет и со тоа да бидат цел на напад :-)))

Како и да е, вирусот се активира секој 3ти ден во месецот. Ако сакате да си го проверите компјутерот, информации за симптомите може да најдете овде.

Од мене толку и не отварајте пораки со "мрсни" наслови :-)))

Поздрав,
Михајло

Oracle планира да го купи JBoss?!

Oracle се спрема да го купи JBoss.
Ова се последните информации кои може да се најдат на Java Industry News порталот.
Ова сеуште е во рангот на шпекулации, но кај што има чад има и оган.

Зошто Oracle би сакал да го купи JBoss?

Дали сака да го тргне од списокот на конкуренти за својот Oracle Application Server, кој и не постигна некој голем успех? Дали сака да оди по чекорите на Phillippe Kahn кој во 1991 година ја купи dBase базата на податоци со цел да ја тргне од патот на својата Paradox база?

Или пак можеби чичко Larry Ellison сака да се плетка малку и во Open Source светот.
Да не заборавиме дека Oracle минатиот Октомври го купи InnoDB Storage engine-от на MySql. После тој "шопинг" купувањето на JBoss би бил втор Open Source продукт во сопственост на Oracle.

Имајќи го во предвид стратешкиот договор кој Oracle го склучи со Sun Microsystems, може да се каже дека Oracle спремаат нешто "крупно". Што е тоа, се надевам ќе дознаеме наскоро.

Од мене толку, кој сака да чита повеќе за оваа вест еве му линкови:

eWeek
Java Industry News

Friday, February 03, 2006

Kama Sutra напаѓа денес. Побрзајте да се заштитите

Kama Sutra или W32.Blackmal.E@mm
Ако не сте се заштитиле на време, сега можеби е и касно но сепак еве ви линкови од некои производители на анти-вирус апликации кои имаат направено алаткa или процедура за чистење на вирусот.

Symantec
F-Secure
Bit Defender

Црвот "Blackworm" познат и како Kama Sutra, MyWife.E или Nyxem. E користи праќа е-mail пораки кои содржат порнографски материјали. Луѓето од "љубопитност" ги отвараат attachment-ите и го заразуваат својот систем.
Црвот се активира секој 3 ден во месецот и се обидува да модифицира некои file-ови на системот кои имаат одредена екстензија. После модификацијата тие се коруптирани и неупотребливи.
Екстензиите кои се напаѓаат се .dmp .doc .mdb .mde .pdf .pps .ppt .psd .rar .xls .zip
Пораката која "Blackworm" ја впишува е "DATA Error [47 0F 94 93 F4 K5]"
Subject-от на e-mail пораката го има следниот текст:

*Hot Movie*
A Great Video
eBook.pdf
Fw:
Fw: DSC-00465.jpg
Fw: Funny :)
Fw: Picturs
Fw: Real show
Fw: SeX.mpg
Fw: Sexy
Fwd: Crazy illegal Sex!
Fwd: image.jpg
Fwd: Photo
give me a kiss
Miss Lebanon 2006
My photos
Part 1 of 6 Video clipe
Photos
Re:
Re: Sex Video
School girl fantasies gone bad
the file
Word file


Првата негова активност е забележана во почеток на Јануари.

Се проценува дека околу 300,000 компјутери се моментално инфицирани. Црвот се шири со доста голема брзина и превенцијата е задолжителна.


Ако не ви е заштитен компјутерот, побрзајте , утре е 4 Фебруари, но 3 Март ќе дојде за еден месец.

www.macedonia.co.uk ... Одлична презентација

Вреди да се погледне интернет страницата www.macedonia.co.uk.
Тоа е една убава презентација за Македонија која нуди информации за самата држава, за народот, културата, уметноста, градовите итн.
Покрај другото, постои можност за купување на книги, сувенири, рачно изработени предмети, итн.
Страницата е изработена од Babylon Software Solution Group.
Според нив истата има цел да служи како презентација на Р. Македонија на странци, затоа и содржината е само на англиски јазик.

Водени од желбата името на интернет страницата да го содржи називот на државата Macedonia ти е ја избрале адресата www.macedonia.co.uk.

Овакви интернет страници и фалат на Македонија, и секој чекор сличен на www.macedonia.co.uk е за поздравување.

Thursday, February 02, 2006

Ограничени можности

Една работа никако не можам да ја сватам.
Зошто интернетот во Македонија е толку скап?
Коса ми се крена кога ги видов цените на МТНЕТ.
За 1300 денари го нудат СТАРТ ADSL пакетот, со брзина на пристап 384/128Kbps и 512MB вклучен сообраќај. За 13,590 денари го нудат ПРОФИ ADSL со брзина на пристап од 1Mbps и 25GB вклучен сообраќај.
На сето тоа и 2 години претплата, хахаха...катастрофа.
Не ми е јасно како, зошто, која е логиката, која е математиката?!?!?!?!

На пример:
British Telecom нуди неограничен Cable/DSL интернет за цена од 15 до 29 фунти.
Comcast им нуди неограничен кабловски интернет на корисниците во САД за цена од $20 месечно. Брзината на пристап е од 8-10 Mbps.
AT&T за цена од $15 месечно нуди неограничен DSL интернет.

За многу пониска цена добивате брз интернет и што е најбитно тој е неограничен.
Неможе да се споредува стандардот на населението во МКД и земјите каде што оперираат претходно наведените компании.

Целта на компаниите кои нудат интернет услуги е да продрат до секој дом.
Нудејќи најразноразни услуги тие си го зголемуваат приходот, но цената на основниот интернет пристап не се зголемува, напротив поради големата конкуренција таа се намалува.

Според последните истражувања 5% од населението во Македонија користи интернет. Од 2,000,000 таа бројка е 100,000. Сите да се претплатени на најмалата сума (значи сите да плаќаат СТАРТ ADSL) се доаѓа до бројката 130,000,000, односно околу 2.5 милиони долари.

Ако цената на интернет услугите е дупло помала и да изнесува 600 денари во тој случај бројот на корисници би се зголемил неколку пати. Ајде да речеме дека ќе биде 15%. Тогаш приходот од интернет услугите би бил 3,6 милиони долари, што значи зголемување за 44%.

Имајќи го ова во предвид, се прашувам дали македонскиот интернет провајдер МТНЕТ има аналитичари, статистичари, математичари во својата компанија.

Пред два дена неможев да пристапам на ниедна интернет страница која е хостирана од македнски сервер. Каде е контролата на квалитет? Кој се грижи за квалитетот на услугите? Плаќа ли некој пенали за ваквите "ограничени можности"?

Дали МТНЕТ има ексклузивно право да го скрати правото на македонкиот граѓанин да фати чекор кон светот, да го кочи развојот на македонското општество?

Кој им го дал тоа право?
Каде е националната стратегија?

Wednesday, February 01, 2006

DB2 Express-C - бесплатна верзија на IBM DB2

И IBM реши да издаде модифицирана верзија на својата DB2 база која би била бесплатна. Се работи за DB2 Universal Database Express-C, со што IBM им се придружува на напорите на Microsoft(SQLServer Express) и Oracle (Oracle XE) да издаде база која би била конкурентна на денешните бесплатни и OpenSource бази MySql, PostgreSQL.
Express-C ќе работи на Windows и Linux платформи. Во почеток ќе бидат поддржани следниве Linux дистрибуции: Novell Open Enterprise Server 9, SuSE Enterprise Server 8 и 9, Red Hat Enterprise Linux 3 и 4, Asianux 1.0, Mandriva Corporate Server 3.0, Nitix 4.2.2a, Red Flag Advanced Server 4.1, и Ubuntu 5.04.
Кои ќе бидат ограничувањата во споредба со DB2 сеуште не ми се познати, но секако дека ќе ги има. За да им парира на Oracle и Microsoft, може да се очекува дека IBM нема да бидат толку рестриктивни кон feature-ите што ги има нивната комерцијална DB2.
Пробната верзија на Express-C можете да ја симнете од овде.
Како подршка при инсталацијата IBM отворија форум каде што може да се постават прашања за најновата дистрибуција на нивната база.
Повеќе информации за Express-C можете да најдете на овој линк.

Goobunto - Linux дистрибуција на Google

Google изработува сопствена Linux дистрибуција наречена Goobunto.
За сега тоа е интерен проект и е наменет за употреба внатре во фирмата.
Се работи за модифицирана верзија на Ubuntu базирана на Debian и Gnome desktop.
Дали ова значи дека Google сакаат да излезат на пазарот со сопствен оперативен систем со што би им преставувале конкуренција на Micrsosoft?
Портпаролот на Google призна дека развиваат сопствен оперативен систем, но и дека за сега тој е наменет за внатрешна употреба и не се планира јавна дистрибуција.

"We utilize the Ubuntu technology for internal use, but have no plans to distribute it outside of the company," the spokeswoman said. She also denied the company was using the name "Goobunto" internally for the software, saying, "It's just an internal system."

Повеќе

Што добиваш ако работиш за Google

Бесплатни оброци, базент, фитнес центар, амбуланта се само дел од бенифициите кои ги имаат вработените во Google.
Што се прави Google да ги задржи своите инженери и да го собере најквалитетните студенти во својата компанија е навистина импресивно.
Google се во контакт со 300 професори на универзитети во САД кои им помагаат при изборот на најдобрите студенти.
Бенефитите кои Google им ги нуди на своите вработени се:

- Флексибилно работно време
- Бесплатни оброци
- Базент за рекреација,
- Фитнес центар,
- Амбуланта,
- 3 недели одмор, итн.

Според Larry Page и Sergey Brin(луѓето кои го направија Google тоа што е), се работи за креативност која ќе им помогне на вработените да бидат креативни на своите работни места.

Една моја колешка беше на workshop на Google во San Francisco, CA. Тоа што го доживеала мора да се почуствува за да може да се разбере. Кревети за одмарање после ручек, кревети за спиење, храна на сите страни, со еден збор фантастична синергија која се граничи со перверзија. За жал не донесе слики заради тоа што сликањето било забрането.

Не се работи само за добивање бесплатни тортељињи во кафетеријата, што ќе го натера некој доктор на науки да го напушти универзитетот каде што предава и да му се приклучи на Google, Larry Page и Sergey Brin сакаат најврвните стручњаци да бидат дел од нивната компанија.