Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Thursday, January 26, 2006

Комерцијални vs OpenSource бази - дел 2

Пред неколку дена пишев на тема Oracle vs OpenSource бази на податоци.
Сурфајќи на интернет најдов интересни податоци, кои го поткрепуваат моето размислување за OpenSource базите.
Според некои аналитичари, ниту еден mission-critical проект не би требало да користи OpenSource база. Ова размислување е базирано најмногу поради фактот дека OpenSource базите на податоци се развиваат многу поспоро одколку комерцијалните бази на податоци.
MySQL 5.0 е првата верзија на оваа база која подржува сторед процедури, тригери и view-a.
Тие особини комерцијалните бази ги имаат од пред 10 години. Скоро и да не е замисливо тјунирање на OLTP база без употреба на view-а. Нема потреба да опишувам колкаво е значењето на тригерите во базата, итн.
Повеќе за ова можете да прочитате на следниот линк.
Повеќе за предностите и недостатоците на MySQL 5.0 тука.

Пак да се надоградам на претходниот мој пост. OpenSource базите се доволно добри за мали проекти.
PostgreSQL нуди enterprise класи и database engine за без пари. Но, сите тие се далеку од кластерирање, синхронизација на податоци (replication), алатки за администрација и мониторинг, квалитетна енкрипција, напредни SQL особини, интегрирани Disaster Recovery решенија и други особини без кој големите проекти неможат да живеат.
На пример, како би го решиле следниот проблем со некоја OpenSource база:
Генерирај ги сите редоследни цели броеви помеѓу два броја

Решението со користење на Oracle PL/SQL не е базирано на DDL наредби, т.е. базирано е на еден обичен селект од dummy-табелата dual која ја поседува Oracle базата.

select (lvl + &v_from - 1) myseq
from (
select *
from (
select level lvl
from dual
connect by level <= (&v_to - &v_from) + 1
)
)
order by myseq


Не сум против OpenSource, но кога се работи за бази на податоци, OpenSource базите на податоци се далеку од критериумите кои треба да ги задоволува една OLTP база за да најдат практична примена во поголеми проекти.

Сакам да ги прочитам вашите размислувања.

Поздрав,
Михајло

Comments on "Комерцијални vs OpenSource бази - дел 2"

 

Anonymous Јован said ... (1:57 PM) : 

Според мене, сепак некои работи зависат и од буџетот на проектот.

MySQL е прекрасна и брза база за дводимензионални веб апликации (блогови, портали со елементарни функции, форуми).

Кога се потребни дистрибуирани системи, трансакции, финансиски и законски обврски... Тогаш дефинитивно е паметно да се инвестира во енџин позади кој стои поддршка. Пазарно тоа би биле Oracle, IBM и Microsoft.

Обично буџетот на еден типичен (презентациски) веб проект не дозволува издатоци за лиценца. Прв момент за веб апликации каде треба да се размислува за нешто посериозно би бил е-Бизнис.

 

Anonymous дамјан said ... (6:12 PM) : 

Чим Google можеле AdSense да го базираат на MySQL џабе теоретизираш...

Тоа што ти го дава Слободен Софтвер (види сме имале два убави македонски збора за тоа што го викаш OpenSource) е контрола (и технолошка и финансиска) врз сопствените проекти... не зависење од еден набавувач, слобода да ги имплементираш точно оние можности што ти требаат...

 

Blogger Teko said ... (8:23 PM) : 

Дамјан, моето мислење за OpenSource vs Слободен софтвер можеш да го најдеш овде.
Немам ништо против MySql, но како што рее Јован, тоа е брза база за веб апликации, и во никој случај неможе да најде примена во реализација на крупни проекти, каде што контролата и квалитетот на продуктот доаѓаат до израз.
Темата која што ја обработував беше Комерцијални наспроти "слободни" бази на податоци, а не дека сум против слободните бази.
Тие се супер, но поентата ми беше, дека се сепак доста ограниени за примена во посериозни проекти.
Клиентот за кој што работам сега е под контрола на владина институција (FDA - Foods and Drug Administration) која не сака да слушне за софтвер кој нема подршка.
Плус клиентот сака да има Disaster Recovery решение, High Availability, Database encryption, и да реплицира 50GB днавно на 36 локации во САД.

Стојам на мојот став дека слободните бази неможат да се употребуваат во проекти од типот кој го опишав.

Го поитувам секое поинакво мислење. Аргументите може да ме натераат да размислувам поинаку

 

post a comment