Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Monday, January 23, 2006

Сите Microsoft продукти за $399 ... Microsoft Action Pack

Само што добив пакет од Microsoft. Ми текна дека се работи за Microsoft Action Pack, кој го нарачавме пред нова година.
Незнам колку сте запознати, но ова е стварно супер солуција за сите оние кои сакаат да користат Microsoft продукти, а притоа софтверот да им биде лиценциран.
Ова постои од поодамна, но незнам зошто, додека работев во Македонија, ама воопшто не слушнав за оваа опција за набавка на Microsoft софтвер.

Што е Microsoft Action Pack?

Се работи за пакет кој ги содржи сите можни Microsoft-ови продукти. Почнувајќи од Microsoft Office Outlook, преку SharePoint, па до Microsoft Windows 2003 OS, Visual Studio .NET, VISIO, итн.
Продуктите не се за дистрибуција.
За секој продукт се добива одреден број на лиценци.
На пример добивме 10 лиценци за Microsoft Windows XP. Една лиценца во некој од компјутерските продавници чини околу $300.00. Значи само Win XP лиценците би чинеле $3000.00.

За да го добиете овој пакет, треба само да платите $399 долари. Се разбира, претплатата е на годишно ниво, значи за 10 години ќе потрошите $3990 долари, или нешто повеќе ако ги купите Windows XP лиценците посебно.

Пакетот може да го купи секој, било да е правно или физичко лице.

Незнам зошто оваа опција не им се нуди на корисниците во Македонија?
Дали се работи за неинформираност или пак на некој тоа не му е од интерес.

Поздрав,
Михајло

Comments on "Сите Microsoft продукти за $399 ... Microsoft Action Pack"

 

Anonymous stevang said ... (10:26 AM) : 

Eve mozebi razlog - zemeno od stranica na Microsoft:
You can subscribe to the Action Pack if your organisation sells Microsoft products, or provides solutions based on Microsoft products and technologies to third-party customers. You'll need to be a Registered Member of the Microsoft Partner Programme in order to subscribe to the Action Pack or to renew your subscription.
http://www.microsoft.com/uk/partner/sales_and_marketing/actionpack/ordering.aspx

Pozdravi

 

Blogger Darko156 said ... (1:53 PM) : 

На слична тема јас пишував пред некое време: Решенија постојат

Не е идентична но сепак отвара дополнителни можности

 

Blogger Teko said ... (9:33 PM) : 

За Stevang...
Не немора ниту да продаваш, ниту да развиваш. Што е најинтересно може да бидеши и поединец.
Да треба да бидеш Микрософт партнер, но со subscription на овој пакет автоматски стануваш без дополнителни трошоци. Истото, го направи и фирмата каде што работам. Нашите продукти немаат никаква допирна точка со Microsoft... Pure Oracle and J2EE

Поздрав

 

post a comment