Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Wednesday, January 25, 2006

JDBC драјвер за SQL Server 2005...интересно, а воедно и смешно

Microsoft издаде JDBC драјвер за SQL Server 2005, со што им нуди можност на Java девелоперите да ја користат неговата најнова база во своите апликации.
Овој драјвер е од големо значење за Microsoft бидејќи нуди можност да се користи SQL Server 2005 базата која, според дечките од Microsoft, биле многу по стабилна и подобра, а што е најважно ќе може да се користи во хетерогена околина (хахаха, апликацискиот сервер ќе работи во хетерогена околина, додека базата ќе си работи сеуште под Windows ... што има тука ново)
Е сега со овој потег сакаат да му земат дел од пазарот на Oracle. (Уште едно хахаха ... ниедна сериозна фирма не користи Oracle база на Windows оперативен систем). линк.
Добро, а што е со support-от. Дали овој драјвер се support-иран од најголемите Application Server производители?
Е тоа е друга приказна :-)
Драјверот е JDBC 3.0 компатибилен и работи на JDK 1.4 или поново, и тестиран е на сите поголеми апликациски сервери BEA WebLogic, IBM WebSphere, JBoss и Sun Java System.
Е сега зошто ми е болдиран зборот "тестиран" во претходната реченица? Тестиран не значи подржан, support-иран. Значи, овој драјвер неможе да се користи ни во еден сериозен проект.

Од текстот погоре, можете да забележите дека баш и не сум некој фан на SQL Server 2005.
Точно...Зошто?
Па они уште се замараат со зборовите: стабилен, постабилен, понестабилен ... овие зборови одамна се историја за Oracle, DB2, итн.
Па ќе им го зимале пазарот на Oracle. Па имаат ли тие аналитичари во Seatle? Направиле ли некоја анализа, колку им се исплати оваа инвестиција, ако целта е да земат дел од пазарот на Oracle? Јас сум убеден дека 90% од корисниците на Oracle користат не-Microsoft-ов оперативен систем.
Замисли Database Server PIV со Windows 2003, и Microsoft SQL Server 2005 на него. А на него поврзан Connection Pool (MultiPool) на BEA WebLogic 9.0, кој работи на SPARK Solaris, Application server box(не викам дека неможе да работи на Windows). КОМБИНАЦИЈА СМРТИ ... лудило.

Добро, како и да е, кој сака да го проба, еве линк.

Од мене толку. :-)

Поздрав,
Михајло

Comments on "JDBC драјвер за SQL Server 2005...интересно, а воедно и смешно"

 

Anonymous Јован said ... (12:26 AM) : 

MS SQL Server е една од подобрите апликации на Мајкрософт. Факт е дека Oracle е свој на своето, но сепак веста би ја примил со умерен оптимизан.

Сајдноут: За МС хетерогена средина значи - нашето на Видоус, другото на што сакате. :)

 

Blogger Teko said ... (12:31 AM) : 

Сето тоа е убаво.
Но, за мене работава изгледа како на Мерцедес да сакаш да ставиш гуми од Фиќо, и да се тркаш со BMW.

Инаку, се сложувам со тебе дека MS SQL Server 2005 е еден од најдобрите продукти на Microsoft. Колку што имам читано, многу е подобар од варихантата 2000.

 

post a comment