Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Tuesday, January 24, 2006

I-Pass ... High Tech решение за наплата на патарина

Пеце, што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?
Да работам на патарина, одговори Пеце :-).
Сите знаеме колку се "краде" на патарина. Колку пати сте се обидиле да поминете со подмитување на луѓето кои работат таму.
Многу често митото е срдечно прифатено. Ставија камери на некои патарини (имаше на таа кај Велес), демек ај ке ги фатиме...Хахаха, имаше финта. Му даваш 30 денари на дотичниот, а овој ти враќа некакво ливче, демек ти наплатил.
Демек неможеле да го решат тој проблем.
Е па може да се реши. За се постои решение.
Еве едно фантастично решение.

Се вика IPass. Функционира по автопатиштата низ Illinois.

Се работи за еден мал бел уред кој разменува сигнали со антена монтирана на патарината.
Секој IPass е поврзан со посебна корисничка сметка, но и со банкарска сметка на корисникот.
Штом ќе се приближи колата со IPass до патарина, уредот комуницира со антената и автоматски одзема пари од сметката. Штом корисничката сметка ќе се испразни, таа може да се наполни автоматски од банкарската сметка или пак мануелно од страна на корисникот.

Нема застој, 50% е поевтино од чекањето во колона (уште може да се плати на стариот познат начин).
На секоја патарина постојат IPass камери, кои го регистрираат секое минување. Со едно или две минувања без IPass не се добива казна, но со повеќе, казната автоматски ти стигнува дома.
Закон...

Морам да кажам дека на овој проект му претходеле големи дебати за тоа дали да се користи системот за потребите на полицијата.
Имено, поради фактот дека има камери помеѓу две патарини, може многу лесно да се евидентентираат возачите кои возат побргу од дозволеното. :-)
Illinois Highway Authority, се обврза дека никој нема да добие казна за брзо возење, ако не биде фатен од полиција, директно. Но, сепак ќе разменува информации со полицијата.

Е сега, едне пријател, на еден мој пријател (македонец), се правел фраер па си минувал низ патарините без IPass. Го направил тоа неколку пати и заштедил околу 10 долари.
Тоа е исто како оној вицот, кога велешанецот трчал по возот за Скопје и заштедил 100 денари бидејќи истрчал до таму, а ма бил глуп па не трчел до Белград при што би заштедил 600 денари. :-))))))
Разликата помеѓу вистинската случка и вицот е што нашиот гастербајтер што се правел фраер на патарина добил казна од $150.

Итар Пејо е нашиот народ, велеше еден мој колега. Неможеме со Итар Пејо во Европа.
Децата го читаат Итар Пејо во основно училиште.

Време е да се направи промена на лектирите за основно образование :-))))

Може наместо Итар Пејо, да се чита ... Автостоперски водич низ галаксијата ... :-) Тропам и јас глупости.

Поздрав,
Михајло

Comments on "I-Pass ... High Tech решение за наплата на патарина"

 

Anonymous Коста said ... (1:10 AM) : 

Поздрав и пофалби за блогот и навистина квалитетните информации!
Во врска со текстов, мислам дека тоа типците во Илиноис веќе имале в рака подобро решение ама го искомплицирале со додавањето на IPass во целата приказна. Муабетот ми е дека со толку опрема на секоја патарина (квалитетни и брзи камери со OCR софтвер, систем за поврзување на бројот на прекршоци со рег. број, лоцирање на мулти-прекршителите и испраќање на казни и сл.) зошто едноставно не им праќаат месечна сметка на сите наместо казни на оние кои немаат уред, а IPass... во пиљари...

 

Blogger Teko said ... (7:21 AM) : 

Месечна, сметка? Проблемот е што на автопатите во Illinois, возат и луѓе од други држави, Indiana, Wisconsin. Таму има други закони и правила, па можеби тоа е причината за неиздавање месечна сметка. Според моите информации, оваков систем има само во Illinois и Florida.
Бај д веј, IPass се продава во пиљара, наречена Jewel-Osco.
:-)

 

Anonymous Anonymous said ... (9:35 PM) : 

rabotam na patarina.znaes li kolku luge se vo igra so tie pari pola-pola?naivni budali.probaa da mackaat oci so avtomatizacija.hahahahaha.vic.
kolku luge se kazneti sto pominale patarina bez fiskalna smetka?
prvo toa prasaj se.site se vo igra.
od musterii do naplatuvaci.od policija do sluzbi za kontrola na naplata.
naivni budali.obicni streberi!

 

post a comment