Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Tuesday, January 24, 2006

Мобилен телефон како кино-билет :-)

The Emagine Entertainment, кино кое се наоѓа во едно предградие на Детроит, започна со проба на својот нов систем за купување на кино-билети.
Всушност се работи за купување на билетите преку мобилен телефон.
Си реков што има тука ново, затоа што пред неколку години работев на сличен проект за време на моите студии (Институт за Информатика, ПМФ). За жал, иако направивме успешна апликација таа не заживеа, пред се поради техничките можности на нашите Кино сали.

Но да се вратам назад на киното од Детроит. Значи не се работи само за купување на кино билети, online, туку користење на мобилниот телефон како билет.
Се работи за download-ирање на баркодот од билетот. При влез во киното, клиентот е должен само да го "замавта" својот мобилен телефон пред баркод читачот, и тоа е тоа...
Всушност оваа опција е можна само за мобилни телефони кои имаат екрани во боја и пристап кон интернет.

Интересна идеа, во секој случај. Сепак мене ми е подобар оној стариот начин на купување на кино-билет...пред билетара, нормално :-)

Поздрав,
Михајло

Comments on "Мобилен телефон како кино-билет :-)"

 

Blogger Darko156 said ... (1:48 PM) : 

Замисли во оваа ситуација како сувенир од премиерата на твојот омилен филм ќе треба да го чуваш бар кодот во твојот телефон, и мене не ми звучи интересно, но препоставувам дека ова отвара врата за некои други поинвентивни примени на овој систем

 

Anonymous Anonymous said ... (6:22 PM) : 

Фала богу дека класичниот метод на купување билет е бољи, замисли си тоа автоматот не ти го препознава баркодот.. во случај со обичен билет - знаеш од кого си го купил ќе му ја скршиш муцката :) - а со мобилниот што? него ќе го скршиш ?

 

post a comment