Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Monday, January 23, 2006

Бекапи, не ни требаат смрдливите бекапи ...

"Бекапи, не ни требаат смрдливите бекапи" - беа последните зборови на ex-DBA. :-)
Колку од Македонските компании имаат изградено Disaster Recovery стратегија?
Постои ли свест кај нас за тоа што ќе се случи со податоците на фирмата после некоја катастрофа (земјотрес, пожар, поплава, ...)?
Постои убедување дека Disaster Recovery стратегија е примарна работа само кај големите бизниси. Но, тоа баш и не е така, бидејќи и малите и големите бизниси имаат иста цел, пари. Секој прекин во работењето значи губење на пари.
Денес, имањето DR стратегија е обавеза за компаниите во многу земји во светот.
Според истражувањето на Veritas, на прашањето каква DR стратегија имате во случај на пожар, 43% од испитаните компании немале појма што ќе прават во случај на таа катастрофа.
Многу ќе речат, да ние имаме DR стратегија, правиме backup секој петок, или пак секој ден.
Но што понатаму со бекапот, се носи некаде на оддалечено место или останува во истата зграда.
Последните истражувања од Enterprise Storage Group (ESG) велат дека 20% од tape-based recovery паѓаат. Но, backup-ot може да не биде доволен и поради погрешна процедура за backup.
На крај, што е со податоците кои не се зачувани на backup медиум (магнетна лента, DVD, CD).
Значи се поставува прашањето, дали под DR стратегија се подразбира Техничко обновување или бизнис континуитет?
Бекап решението не овозможува бизнис континуитет, а тоа значи губење на време, односно пари.
Кога се работи за бизнис континуитет, како опција може да се земат готовите DR решенија кои ги нудат големите storage компании: Veritas, EMC2, ... или пак решение од типот на Oracle Data Guard (ја синхронизира продукциската база со оддалечената бекап база ... но ова е само решение за базата на податоци).

Како и да е најдобро време да се размисли за DR стратегија(ако ја немате) е токму сега, кога вашите податоци се суште тука, бидејќи кој знае што може да се случи утре.


Поздрав,
Михајло

Comments on "Бекапи, не ни требаат смрдливите бекапи ..."

 

Anonymous Јован said ... (1:56 PM) : 

Само мал фидбек, многу интересен блог... Барем за гикови :)

Продолжи...

 

Blogger Teko said ... (3:31 PM) : 

Благодарам Јован,
Блогот е најмногу наменет за луѓе од IT областа.
Се трудам да опфатам интересни теми.
Но, најверојатно колегите мои драги се премногу зафатени со работа, па немаат време да читаат блогови.
Сепак, јас ќе продолжам понатаму.

 

post a comment