Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal


Во SoftwareMK
Во Најди!


Hits:
Virtual Macedonia 

Topsites


PageRank Checking Tool
 View My Public Stats on MyBlogLog.com
World Cup 

Counter


Powered by Blogger


View My Stats

Tuesday, January 31, 2006

Oracle: Интересна Q&A страница

Иако се дигна многу прашина околу најновиот блог на Eddie Awad сепак тој претставува едно место каде што може да се најдат многу финти, трикови и други информации во врска со Oracle database server PL/SQL програмирање.
Се работи за Oracle Questions and Answers или oraqa.
Проблемот е што некои од одговорите се несоодветни за прашањата, или пак се многу кратки, но сепак понекогаш самата идеја значи многу.

Еве некои од поинтересните прашања и дискусии:
What happens when a session is killed?
How to list all tables that contain a given column name?
How to Write “Good” SQL
How to find the IP address of the database server?

Ако ве интересираат вакви работи, ајде на следниот линк.

Поздрав,
Михајло

Monday, January 30, 2006

Ресурси, книги, туторијали, сертификати ...

Free Training е интересен интернет портал на која може да најдете бесплатен тренинг за ASP.NET, Oracle 9i, Wireless технологии, Oracle Apps 11i, Oracle 10g DBA, J2EE итн.
Покрај ресурсите, постојат и симулатори на испити за сертификатите на Sun, Oracle и Microsoft.
Книги, туторијали, форуми... Одличен портал.

DR: Имаме бекап, сигурни сме... Аха, сигурно!!!

Во еден од претходните текстови, пишував за тоа што значи да се има Disaster Recovery (DR) стратегија.
Текстот беше повеќе наменет на имање стратегија за заштита на податоците и брзо подигање на продукцискиот систем во случај на некоја елементарна непогода.
Сепак, под имање на Disaster Recovery стратегија не се подразбира имање само стратегија за заштита на податоците.
Многу грешки можат да се случат со невнимание или со занемарување на значајноста на некои проблеми.
На пример, вашата фирма вработува консултант, кој пропагира користење на најсуфистицирана технологија. Вие импресионирани од неговото знаење(најголема грешка на нашите менаџери, да го ценат туѓото повеќе отколку своето) сесрдно ги прифаќате сугестиите и ... проектот почнува да се реализира. После неколку месеци заклучувате дека вашите програмери не се доволно обучени за работа на избраната технологија. Консултантотн го нема повеќе. Ви требаат екстра пари за обука на вработените. Голем дел од кодот е неупотреблив, бидејќи вашите луѓе не биле целосно вклучени во изработката на истиот. Треба да направите промени во кодот, но тоа не е возможно, или пак треба време.
Резултат ... проектот не функционира, губите време, пари ... катастрофа :-).

Денеска најов интересна статија "20-те најголеми грешки кои треба да се избегнат".

1. Botching your outsourcing strategy
2. Dismissing open source -- or bowing before it
3. Offshoring with blinders on
4. Discounting internal security threats
- многу интересен проблем. Според Gartner, 70% од безбедносните проблеми кои се случуваат се предизвикани внатре во компанијата.
5. Failing to secure a fluid perimeter
6. Ignoring security for handhelds
7. Promoting the wrong people
- Се случува многу често :-)
8. Mishandling change management
9. Mismanaging software development
- Ова е проблем кај многу наши фирми. Всушност, нашите менаџери повеќе сакаат да вработат нов, неискусен програмер, отколку да го задржат искусниот (кој некако се осудил да побара зголемување на својата плата). Ова води кон губење на една алка од синџирот кој функционирал претходно.
Нема да споменувам имиња на фирми, но една Македонска фирма е пред пропаст поради водењето на ваква стратегија.
Еден мој колега од факултет, сега успешен менаџер, размислува дека со вработување на двајца нови програмери (почетници) може да ја покрие работата на програмеркој има 2 години искуство во работење на тековни проекти во фирмата.

“IT managers should devote most of their free time to [finding] the best people. Almost nothing else matters, really”.

10. Letting engineers do their own QA
- Се случува многу често во фирмите во Македонија.
Аха, супер е функционира, ајде да одиме сега на пиво. :-)
11. Developing Web apps for IE only
- И после зошто не ни функционираат некои сервиси на Firefox, Opera, Netscape.
12. Relying on a single network performance
13. Throwing bandwidth at a network problem
- Многу често може да слушнам..."Мрежата не им е добра до bandwidth-от е".
Проверете си го прво кодот на апликацијата.
14. Permitting weak passwords
- Е ова го има секаде.
15. Never sweating the small stuff
16. Clinging to prior solutions
17. Falling behind on emerging technologies
18. Underestimating PHP
19. Violating the KISS principle
- KISS (keep it simple, stupid) ... Совршено.
20. Being a slave to vendor marketing strategies

Кој сака повеќе да чита одделно за секоја од причините нека отиде на следниот линк

Ако заклучите дека правите некоја од гореспоменатите грешки, поправете ја додека имате време.

Од мене толку,

Поздрав

Листа на Open Source апликации

Листа на Open Source апликации:

Wikipedia
Windows Open Source апликации

Oracle: Симнете го најновиот patch DB18.

Ако користите Oracle база на податоци, побрзајте да го симнете најновиот patch кој Oracle го издаде минатата недела.
Имено се работи за patch DB18, кој ја поправа "дупката" која дозволува неовластени корисници да ја изменат аутентификацијата на базата и да станат "супер корисници", односно администратори.
Проблемот први го откриле инженерите од Imperva. Според Shlomo Kramer, CEO на Imperva, пропустот може да предизвика сериозни последици и се надева дека до сега не бил откриен од страна на хакери.
Инаку, инженерите на Imperva Application Defense Center го лоцирале проблемот пред неколку месеци. Уште повеќе, проблемот датира многу одамна почнувајќи од верзијата 8i.
Се работи за можноста било кој корисник да може да си додели DBA привилегии при самото логирање.

Значи сите кои користите Oracle 8i, 9i, 10g право на овој линк ако не сакате да имате проблеми со несакани гости.
Инаку Oracle на своите корисници веќе им испрати e-mail пораки со комплетна информација за проблемот и им ја објасни потребата за итно инсталирање на најновиот patch.

Повеќе за проблемот можете да најдете овде.

Јас веќе го симнав и инсталирав,

Поздрав,
Михајло

Sunday, January 29, 2006

Skype идеален за хакери

Само што ја прочитав веста која ме многу ме разочара. Skype е мојот омилен instant messenger, го користам најмногу за Voice Chat. Поради применетата VoIP технологија, се користи во светот и за телефонски разговори. Во САД многу и не се исплати претплата на Skype, бидејќи разговорите се и онака џабе (13.9 центи/минута за Македонија, 4.5 центи минута секаде во САД), но сепак како Voice Chat систем дава најдобар и најчист сигнал од било кој друг Chat систем (MSN, Yahoo, ICQ).

Е сега, истражувачите од Cambridge University и Massachusetts Institute of Technology (MIT), во четвртокот предупредија дека апликациите кои нудат можност за интернет разговори, како што е Skype, се многу порозни на напади од хакери.

Имено, проблемот лежи во тоа што таквите апликации не се веднаш спремни за коментирање. Постои временски интервал пред корисниците да почнат да си праќаат пораки. Тој временски интервал може да се искористи од страна на хакери да ја нападнат мрежата која се користи за комуникација.

Сепак, според The Communications Research Network (CRN), сеуште се немаат приметено никакви напади. Ова е само предупредување за превземање на превентивни мерки во случај на напад.

Повеќе

Поздрав,
Михајло

Thursday, January 26, 2006

Cosmodex: Блоговите ќе се пребаруваат полесно

Cosmodex ќе им помогне на блоговите и на малите интернет страници да генерираат посетеност.
Имено, Cosmodex денеска пушти во продукција нов search engine кој ќе доделува поени на лојалност кои потоа може да се искористат за бесплатно генерирање на посетеност на страните (web traffic).
Системот најмногу е наменет за блогерите и малите интернет страници кои немаат доволно буџет да се рекламираат за да бидат посетени.
Со ова ќе се генерира посетеност на страниците која ќе придонесе интернет страната да може подобро да се пребарува од страна на пребарувачот на Cosmodex.
Регистрацијата на страницата на Cosmodex е бесплатна.

Поголемите интернет пребарувачи како Google, Microsoft и Yahoo, исто така ја разгледуваат можности, како да им приближат на "малите" интернет страници.

Microsoft дури и изгради две лаборатории за истражување со цел да го подобри својот search engine, со што помалите страници подобро би се пребарувале, а во исто време ќе ги предизвика и другите пребарувачи да го сторат тоа. повеќе

После оваа вест пробав да го тестирам Cosmodex пребаруваот. Далеку е од правење конкуренција на Google, MSN, Yahoo. Премногу е спор, и резултатите од пребарувањето се далеку полоши од оние кои ги добивам на пример со Google.
Ако поентата е да го користиш Cosmodex за да бидеш searchable, прашање е колку време треба да поминеш, користејќи го него за пребарување.

Добрата страна на оваа идеа ја гледам во тоа што ги натера големите пребарувачи да размислуваат малку поинаку.

Комерцијални vs OpenSource бази - дел 2

Пред неколку дена пишев на тема Oracle vs OpenSource бази на податоци.
Сурфајќи на интернет најдов интересни податоци, кои го поткрепуваат моето размислување за OpenSource базите.
Според некои аналитичари, ниту еден mission-critical проект не би требало да користи OpenSource база. Ова размислување е базирано најмногу поради фактот дека OpenSource базите на податоци се развиваат многу поспоро одколку комерцијалните бази на податоци.
MySQL 5.0 е првата верзија на оваа база која подржува сторед процедури, тригери и view-a.
Тие особини комерцијалните бази ги имаат од пред 10 години. Скоро и да не е замисливо тјунирање на OLTP база без употреба на view-а. Нема потреба да опишувам колкаво е значењето на тригерите во базата, итн.
Повеќе за ова можете да прочитате на следниот линк.
Повеќе за предностите и недостатоците на MySQL 5.0 тука.

Пак да се надоградам на претходниот мој пост. OpenSource базите се доволно добри за мали проекти.
PostgreSQL нуди enterprise класи и database engine за без пари. Но, сите тие се далеку од кластерирање, синхронизација на податоци (replication), алатки за администрација и мониторинг, квалитетна енкрипција, напредни SQL особини, интегрирани Disaster Recovery решенија и други особини без кој големите проекти неможат да живеат.
На пример, како би го решиле следниот проблем со некоја OpenSource база:
Генерирај ги сите редоследни цели броеви помеѓу два броја

Решението со користење на Oracle PL/SQL не е базирано на DDL наредби, т.е. базирано е на еден обичен селект од dummy-табелата dual која ја поседува Oracle базата.

select (lvl + &v_from - 1) myseq
from (
select *
from (
select level lvl
from dual
connect by level <= (&v_to - &v_from) + 1
)
)
order by myseq


Не сум против OpenSource, но кога се работи за бази на податоци, OpenSource базите на податоци се далеку од критериумите кои треба да ги задоволува една OLTP база за да најдат практична примена во поголеми проекти.

Сакам да ги прочитам вашите размислувања.

Поздрав,
Михајло

Wall Street: бројки, бројки, бројки.

IBM, Intel и Yahoo, не ги остварија планираните резултати во последниот квартал од минатата година.
Од друга страна Apple, eBay и PayPal прикажале солидни резултати.
Успехот на Apple се должи најмногу на успехот на iPod на американскиот пазар(главен фраер си ако шеташ со iPod во рака).
Интересен е резултатот на Skype, кои прикажале заработка од 24.8 милиони долари.
AMD прикажале заработка од 90 милиони долари, за разлика од минатата година кога биле во загуба 30 милиони долари.
Моежеби причината за успехот на AMD е спонзорирањето на шпанската фудбалска лига Primera Division :-).
Intel наместо очекуваните 10.4 милијарди, направил обрт од 10.2 милијарди (Не се за жалење).
eBay има обрт од 1 милијарда долари, што е повеќе од очекувањата.

Овие податоци случајно ми паднаа во очи сурфајќи на интернет.
Ако некој повеќе го интересираат бројките, нека оди на повеќе.

Wednesday, January 25, 2006

JDBC драјвер за SQL Server 2005...интересно, а воедно и смешно

Microsoft издаде JDBC драјвер за SQL Server 2005, со што им нуди можност на Java девелоперите да ја користат неговата најнова база во своите апликации.
Овој драјвер е од големо значење за Microsoft бидејќи нуди можност да се користи SQL Server 2005 базата која, според дечките од Microsoft, биле многу по стабилна и подобра, а што е најважно ќе може да се користи во хетерогена околина (хахаха, апликацискиот сервер ќе работи во хетерогена околина, додека базата ќе си работи сеуште под Windows ... што има тука ново)
Е сега со овој потег сакаат да му земат дел од пазарот на Oracle. (Уште едно хахаха ... ниедна сериозна фирма не користи Oracle база на Windows оперативен систем). линк.
Добро, а што е со support-от. Дали овој драјвер се support-иран од најголемите Application Server производители?
Е тоа е друга приказна :-)
Драјверот е JDBC 3.0 компатибилен и работи на JDK 1.4 или поново, и тестиран е на сите поголеми апликациски сервери BEA WebLogic, IBM WebSphere, JBoss и Sun Java System.
Е сега зошто ми е болдиран зборот "тестиран" во претходната реченица? Тестиран не значи подржан, support-иран. Значи, овој драјвер неможе да се користи ни во еден сериозен проект.

Од текстот погоре, можете да забележите дека баш и не сум некој фан на SQL Server 2005.
Точно...Зошто?
Па они уште се замараат со зборовите: стабилен, постабилен, понестабилен ... овие зборови одамна се историја за Oracle, DB2, итн.
Па ќе им го зимале пазарот на Oracle. Па имаат ли тие аналитичари во Seatle? Направиле ли некоја анализа, колку им се исплати оваа инвестиција, ако целта е да земат дел од пазарот на Oracle? Јас сум убеден дека 90% од корисниците на Oracle користат не-Microsoft-ов оперативен систем.
Замисли Database Server PIV со Windows 2003, и Microsoft SQL Server 2005 на него. А на него поврзан Connection Pool (MultiPool) на BEA WebLogic 9.0, кој работи на SPARK Solaris, Application server box(не викам дека неможе да работи на Windows). КОМБИНАЦИЈА СМРТИ ... лудило.

Добро, како и да е, кој сака да го проба, еве линк.

Од мене толку. :-)

Поздрав,
Михајло

Tuesday, January 24, 2006

I-Pass ... High Tech решение за наплата на патарина

Пеце, што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?
Да работам на патарина, одговори Пеце :-).
Сите знаеме колку се "краде" на патарина. Колку пати сте се обидиле да поминете со подмитување на луѓето кои работат таму.
Многу често митото е срдечно прифатено. Ставија камери на некои патарини (имаше на таа кај Велес), демек ај ке ги фатиме...Хахаха, имаше финта. Му даваш 30 денари на дотичниот, а овој ти враќа некакво ливче, демек ти наплатил.
Демек неможеле да го решат тој проблем.
Е па може да се реши. За се постои решение.
Еве едно фантастично решение.

Се вика IPass. Функционира по автопатиштата низ Illinois.

Се работи за еден мал бел уред кој разменува сигнали со антена монтирана на патарината.
Секој IPass е поврзан со посебна корисничка сметка, но и со банкарска сметка на корисникот.
Штом ќе се приближи колата со IPass до патарина, уредот комуницира со антената и автоматски одзема пари од сметката. Штом корисничката сметка ќе се испразни, таа може да се наполни автоматски од банкарската сметка или пак мануелно од страна на корисникот.

Нема застој, 50% е поевтино од чекањето во колона (уште може да се плати на стариот познат начин).
На секоја патарина постојат IPass камери, кои го регистрираат секое минување. Со едно или две минувања без IPass не се добива казна, но со повеќе, казната автоматски ти стигнува дома.
Закон...

Морам да кажам дека на овој проект му претходеле големи дебати за тоа дали да се користи системот за потребите на полицијата.
Имено, поради фактот дека има камери помеѓу две патарини, може многу лесно да се евидентентираат возачите кои возат побргу од дозволеното. :-)
Illinois Highway Authority, се обврза дека никој нема да добие казна за брзо возење, ако не биде фатен од полиција, директно. Но, сепак ќе разменува информации со полицијата.

Е сега, едне пријател, на еден мој пријател (македонец), се правел фраер па си минувал низ патарините без IPass. Го направил тоа неколку пати и заштедил околу 10 долари.
Тоа е исто како оној вицот, кога велешанецот трчал по возот за Скопје и заштедил 100 денари бидејќи истрчал до таму, а ма бил глуп па не трчел до Белград при што би заштедил 600 денари. :-))))))
Разликата помеѓу вистинската случка и вицот е што нашиот гастербајтер што се правел фраер на патарина добил казна од $150.

Итар Пејо е нашиот народ, велеше еден мој колега. Неможеме со Итар Пејо во Европа.
Децата го читаат Итар Пејо во основно училиште.

Време е да се направи промена на лектирите за основно образование :-))))

Може наместо Итар Пејо, да се чита ... Автостоперски водич низ галаксијата ... :-) Тропам и јас глупости.

Поздрав,
Михајло

Ме фати носталгија ...

Ах, колку ги мразам службените патувања.
Станав рано, ненаспан, брзав да го фатам авионот. Го пишам овој текст од таму, значи го фатив добро е.
Ми се спие, страшно ми се спие. Си легнав вчера во 1 по полноќ, македонски синдром. Еве пола година сум во САД, ама никако да се навикнам да си легнувам рано, ме држи навиката од Македонија.
Покрај станувањето рано, службените патувања ги мразам и поради влечкањето на багаж, сигурносната контрола на аеродром, и пред се далеку сум од дома, од жена ми, од пријателите.

Но, има и една друга работа, што сепак ме охрабрува.
Со секое патување запознавам, нови луѓе, разменуваме искуства, станувам побогат (не материјално се разбира).
Денес треба да се видам со Ravi, Michael, Uday, Sada и Andy. Уживам кога сум во нивно друштво. Луѓето се фантастични. Покрај тоа што се експерти во своите области, сепак се и големи пријатели. Несебично го делат своето огромно искуство со мене. Тоа е добро, тоа е тоа што ми дава сила да патувам.
Друга интересна работа е тоа што само Ravi знаеше каде е Македонија. Тој е индиец, и го знае Mital, знае дека купил дел од Скопска железара(поранешен Балкан Стил), но после првата средба и моето претставување сите се заинтересираа за мојата држава. Научија правилно да го изговараат моето име.
Јас им раскажував за мојата земја, несебично го правев тоа, исто како што тие несебично го делеа своето искуство со мене.
Им покажував слики, и ... не бев свесен какви природни убавини има Македонија ... овде тоа го нема.
Ах, дали почна да ме фаќа носталгија?




Сепак овој блог треба да биде посветен на Software и IT теми.

Ladies and gentleman, shutdown your electronic devices , buckle up and preparing for landing. - рече пилотот ...

... немам време за IT тема сега ...

Страшно ги мразам патувањата ... :-)

Мобилен телефон како кино-билет :-)

The Emagine Entertainment, кино кое се наоѓа во едно предградие на Детроит, започна со проба на својот нов систем за купување на кино-билети.
Всушност се работи за купување на билетите преку мобилен телефон.
Си реков што има тука ново, затоа што пред неколку години работев на сличен проект за време на моите студии (Институт за Информатика, ПМФ). За жал, иако направивме успешна апликација таа не заживеа, пред се поради техничките можности на нашите Кино сали.

Но да се вратам назад на киното од Детроит. Значи не се работи само за купување на кино билети, online, туку користење на мобилниот телефон како билет.
Се работи за download-ирање на баркодот од билетот. При влез во киното, клиентот е должен само да го "замавта" својот мобилен телефон пред баркод читачот, и тоа е тоа...
Всушност оваа опција е можна само за мобилни телефони кои имаат екрани во боја и пристап кон интернет.

Интересна идеа, во секој случај. Сепак мене ми е подобар оној стариот начин на купување на кино-билет...пред билетара, нормално :-)

Поздрав,
Михајло

Oracle и Sun, заедно и во наредните 10 години

Oracle и Sun Microsystems ја заокружија својата 20 годишна стратегиска соработка со нов стратегиски договор кој ќе ги држи овие компании заедно во наредните 10 години.
Според Larry Ellison (CEO на Oracle) и Scott McNealy (CEO na Sun) двете компании ќе се фокусираат во следниве области:

- Соработка во полето на Java Технологии. Oracle се обврза на подршка и развој на своите продукти користејќи Java Технологии во наредните 10 години. (Дали ова значи дека доаѓа крајот на старите добри Development Алатки Oracle Forms и Oracle Reports?)
- Oracle ќе се фокусира на NetBeans IDE, како OpenSource развојна околина (Oracle го има својот Oracle JDeveloper, кој сепак не е OpenSource)
- Sun, се обврзува да ја нуди Oracle базата со своите моќни UltraSPARC процесори.

Повеќе за оваа вест можете да прочитате на интернет страницата на Sun Microsystems




Како надополнување на оваа информација, треба да се знае дека на 15 Ноември Oracle официјално го избра Solaris 10 оперативниот систем како преферирана OpenSource 64bit развојна и продукциска околина. повеќе

Јас мислам дека продолжувањето на стратегиската соработка, не носи ништо ново на IT светот. Тие се стратешки партнери веќе 20 години и зад се имаат многу успешни проекти. Уствари се поставува и прашањето дали некој воопшто може да им парира?













Кој ќе биде одговорот на IBM, според мене единствената компанија која колку толку се носи со овие два гиганта, допрва треба да видиме. Но, имајќи во предвид дека IBM се ориентира се повеќе кон давање на консултантски услуги, може да кажеме дека Oracle и Sun може да бидат спокојни, барем во догледно време.

Поздрав,
Михајло

Monday, January 23, 2006

Сите Microsoft продукти за $399 ... Microsoft Action Pack

Само што добив пакет од Microsoft. Ми текна дека се работи за Microsoft Action Pack, кој го нарачавме пред нова година.
Незнам колку сте запознати, но ова е стварно супер солуција за сите оние кои сакаат да користат Microsoft продукти, а притоа софтверот да им биде лиценциран.
Ова постои од поодамна, но незнам зошто, додека работев во Македонија, ама воопшто не слушнав за оваа опција за набавка на Microsoft софтвер.

Што е Microsoft Action Pack?

Се работи за пакет кој ги содржи сите можни Microsoft-ови продукти. Почнувајќи од Microsoft Office Outlook, преку SharePoint, па до Microsoft Windows 2003 OS, Visual Studio .NET, VISIO, итн.
Продуктите не се за дистрибуција.
За секој продукт се добива одреден број на лиценци.
На пример добивме 10 лиценци за Microsoft Windows XP. Една лиценца во некој од компјутерските продавници чини околу $300.00. Значи само Win XP лиценците би чинеле $3000.00.

За да го добиете овој пакет, треба само да платите $399 долари. Се разбира, претплатата е на годишно ниво, значи за 10 години ќе потрошите $3990 долари, или нешто повеќе ако ги купите Windows XP лиценците посебно.

Пакетот може да го купи секој, било да е правно или физичко лице.

Незнам зошто оваа опција не им се нуди на корисниците во Македонија?
Дали се работи за неинформираност или пак на некој тоа не му е од интерес.

Поздрав,
Михајло

Бекапи, не ни требаат смрдливите бекапи ...

"Бекапи, не ни требаат смрдливите бекапи" - беа последните зборови на ex-DBA. :-)
Колку од Македонските компании имаат изградено Disaster Recovery стратегија?
Постои ли свест кај нас за тоа што ќе се случи со податоците на фирмата после некоја катастрофа (земјотрес, пожар, поплава, ...)?
Постои убедување дека Disaster Recovery стратегија е примарна работа само кај големите бизниси. Но, тоа баш и не е така, бидејќи и малите и големите бизниси имаат иста цел, пари. Секој прекин во работењето значи губење на пари.
Денес, имањето DR стратегија е обавеза за компаниите во многу земји во светот.
Според истражувањето на Veritas, на прашањето каква DR стратегија имате во случај на пожар, 43% од испитаните компании немале појма што ќе прават во случај на таа катастрофа.
Многу ќе речат, да ние имаме DR стратегија, правиме backup секој петок, или пак секој ден.
Но што понатаму со бекапот, се носи некаде на оддалечено место или останува во истата зграда.
Последните истражувања од Enterprise Storage Group (ESG) велат дека 20% од tape-based recovery паѓаат. Но, backup-ot може да не биде доволен и поради погрешна процедура за backup.
На крај, што е со податоците кои не се зачувани на backup медиум (магнетна лента, DVD, CD).
Значи се поставува прашањето, дали под DR стратегија се подразбира Техничко обновување или бизнис континуитет?
Бекап решението не овозможува бизнис континуитет, а тоа значи губење на време, односно пари.
Кога се работи за бизнис континуитет, како опција може да се земат готовите DR решенија кои ги нудат големите storage компании: Veritas, EMC2, ... или пак решение од типот на Oracle Data Guard (ја синхронизира продукциската база со оддалечената бекап база ... но ова е само решение за базата на податоци).

Како и да е најдобро време да се размисли за DR стратегија(ако ја немате) е токму сега, кога вашите податоци се суште тука, бидејќи кој знае што може да се случи утре.


Поздрав,
Михајло

Sunday, January 22, 2006

Oracle DB vs OpenSource Databases

Инспирација да го напишам овој текст добив од еден пост кој го прочитав на блогот на Ристе Пејов.
Ова не значи дека сакам да му ја украдам темата, напротив сакам да ги изнесам моите размислување за OpenSource базите, и да ја продожам дискусијата бидејќи не бев во можност да го коментирам неговиот блог, незнам зошто, но моите коментари не се појавуваа.
Неговиот пост можете да го најдете на неговиот блог.
Пред да се избере база треба да се постави прашање какви бизнис критериуми треба да задоволува базата.
Од друга страна MySql, PostgreSQL, FireBird, неможат да се споредуват со Oracle, како од аспект на перформанси, така и од аспект на можности и примена.
Сум работел на MySql, сега работам на Oracle. Заедничко за двете бази е имањето на табели, релации, constraint-и, функции, процедури ...т.е. се она што има една релациона база.
Но, што се дешава ако во една табела на MySql внесете одеднаш 10,000,000 записи??? Дали перформансите ќе останат исти? Моето искуство кажува дека MySql ќе забележии голем пад во перформансите, додека Oracle нема ни да ја осети промената. Зошто? Поради самата архитектура...Користење на меморија SGA, бафери, ...
Не сакам да бидам погрешно сватен, MySql e одлична база, добри се и PostgreSQL и FireBird, но тоа се бази за "мали" проекти.
Тежината на проектите дозволува тие да бидат OpenSource.
Зошто Oracle неможе да биде OpenSource база. Поради тоа што во тој случај нема да биде support-ирана од никој.
Зошто Apache не се користи како AS во големи проекти, на пример HealthCare Systems, ERP systems, etc? Затоа што овде има и други правила, правила наречени контрола на квалитет, контрола на продукт.
Значи на пример ако BEA, подржава користење на Oracle база за користење со нивниот Application Server WebLogic, тоа значи дека за секој пропуст и проблем во Application Tier делот, односно во делот контролиран од WebLogic Server-от(на пример Connection Pools) одговорна е BEA, и таа гарантира дека се задоволени сите стандарди и критериуми за работа со на пример Connection Pools.
Што ќе се случи ако на некој фраер му текне да си направи промена во кодот?
Затоа OpenSource базите на податоци се далеку од употреба во големи и "сериозни" проекти.
Затоа Oracle, Microsoft, IBM не се стремат кон либерализација на нивниот код (овде зборувам од аспет на бази на податоци), бидејќи имаат пазар кој им носи големи пари.

Поздрав,
Михајло

Saturday, January 21, 2006

PC WORLD: MSN Messenger 7.5 е најдобар Instant messenger

MSN Messenger 7.5 е најдобар Instant messenger според PC World.
После него во Top 5 се наоѓаат:
- Qnext 2.1.0.46 Beta
- Google Talk Beta
- Yahoo Messenger with Voice 7.0.0.437
- Trillian Basic 3.1, Build 121
Интересно е што овде нема место за еден Skype кој според мене е подобар од MSN во секој поглед. На листата нема место ни за ICQ 5.0, но има за Beta верзиите на Qnext и Google.
Прашање е колку е овој резултат реален.
Покрај ова рангирање PC World рангираат и:
• Top 5 32-Inch LCD TVs
• Top 10 Point-and-Shoot Cameras
• Top 5 SLR Cameras
• Top 5 Advanced Digital Cameras
• Top 5 External Hard Drives
• Top 5 Internal Hard Drives
• Top 5 All-Purpose Laptops
• Top 5 Power Laptops
• Top 5 Ultraportable Laptops
• Top 10 Value Desktop PCs
• Top 10 Power Desktop PCs
• Top 5 Inkjet Multifunction Printers
• Top 5 Photo Printers
• Top 10 Color Laser Printers
• Top 5 Monochrome Laser Printers
• Top 5 Wide-Screen LCD Monitors
• Top 5 19-Inch LCD Monitors
• Top 5 17-Inch LCD Monitors
• Top 5 Internal DVD Drives
• Top 5 External DVD Drives
• Top 5 Mainstream Graphics Boards
• Top 5 Power Graphics Cards
• Instant Messaging
• DV Camcorders
• Plasma TVs
• Network Drives
• Scanners
• Hard Drive Audio Players
• PDAs
• Motherboards
• Wireless Routers
• TV Tuners for PCs
• Backup Software
• Set-Top DVD Recorders
• Portable Projectors
Резултатите се овде

Колку резултатите се реални, пресудете сами.

Поздрав,
Михајло

Outsourcing...Меч со две острици

Колку Outsourcing е исплатлива инвестиција?

Компаниите најчесто се одлучуваат на ваков чекор најмногу со цел да добијат готов продукт за помалку пари.
Но, статистичките податоци покажуваат 50% од склучените outsourcing договори не го дочекуваат својот крај.
Outsourcing-от може да и заштеди на компанијата време и пари, но тоа е само краткорочно.
Според Linda Cohen, подпретседател и раководител на истражувачкиот оддел на Garther(лидер помеѓу компаниите кои се занимаваат со индустриска анализа), многу компании заштедуваат пари само првата година, или евентуално втората.
Најчесто во третата година од соработката со outsourcing партнерот, работите може да тргнат наопаку.
Постојат три главни причини за склучување на outsourcing договор:

- Cost Improvement;

- Operations Improvement;

- Business Performance Improvement.

Проблемот е во тоа што менаџментот на компаниите гледа само во првата причина, занемарувајќи ги последните две.

При склучување на outsourcing договор, треба јасно да се дефинираат правилата на игра. Тој треба да се базира на цврсти основи и да отфрла секаква манипулација од страна на двете страни кои стојат зад договорот.

Често пати се случува купувачот на Outsourcing услугите да побара повеќе од тоа што било договорено на самиот почеток, се разбира без промена на цена. Во тој случај доаѓа до големи проблеми и недоразбирања кои често резултираат со прекин на проектот.
Во таков случај губат сите.

Каде е во оваа приказна Македонија?

Дали Македонските компании би побарале outsourcing услуги? Најголем дел од нив не. Пред се outsourcingот е инвестиција, која се коси со стремежот на нашите бизнисмени да добија продукт со малку пари ... или можеби и без пари :-)

Дали software компаниите од Македонија можат да се орентираат на outsourcing?
Одговорот е јасен, не.
Не дека ние немаме кадар, проблемот е во парите. Македонија не е конкурентна во споредба со Индија, Пакистан, Бангладеш, Кина, итн.

Пазарот во Македонија е мал и кога тогаш ќе се засити.
Освен фирмите кои "стандардно" работат проекти за владата, останатите излезот треба да го гледаат во:

- Пласирање на сопствен продукт надвор од границите на државата
- Продавање на знаење - Консултантски услуги

За втората опција да се реализира, нашите фирми треба да се соочат со големата конкуренција од страна, која во Македонија наоѓа добар пазар, пред се поради фактот дека отсекогаш кај нас повеќе се цени туѓото, отколку сопственото.

Thursday, January 19, 2006

USLUGI.gov.mk

uslugi.gov.mk - Интересен портал. Место каде што можат да се најдат многу информации за како да се дојде до услугите кои Владата на Р. Македонија им ги нуди на своите граѓани.
Според uslugi.gov.mk порталот им нуди на граѓаните на Р.Македонија:

- Намалување на времето потребно за пронаоѓање на информациите за услугите на Владата
- Навремен и едноставен пристап до информација за промена во услугите на Владата
- Намалено време за дистрибуција на информациите за услугите
- Поврзување на органите на Владата и воспоставување на појдовна точка за воспоставување на централно место за градење на “владино знаење”
- Воспоставување на процедури за едноставна промена на постојните и воведување на нови услуги.

Да бидеме објективни, сеуште нема online услуги, фалат информации за градовите во внатрешноста (адреси постојат само за локациите во Скопје). Но, сепак ова е почеток и чекор напред кон создавање на e-Општество.

...И секако дека е за поздравување.

Од друга страна, фактот дека Internet во Македонија користи само 5% (овој е последниот податок кој што го имам) од населението, поставува прашање дали воопшто некој ќе го користи овој портал? Можеби, конечно треба да се превземе нешто и на ова поле.

Сепак, треба да се сложиме во едно, не е само да се направи, треба и да се користи.

Поздрав,

Wednesday, January 18, 2006

Java rules the World

"Можеш да бидеш најдобриот програмер на свет, и да ги премостиш највисоките препреки со еден чекор, но си го губиш времето ако не работиш со најдобрите алатки и програмски јазици."

Според гласањето на читателите на Developer.com може слободно да се каже Java rules the World.

Еве ги и резултатите:

Technology of the Year:
AJAX From Mozilla Developer Center

Framework of the Year:
JavaServer Faces From Sun Microsystems Inc.

Development Tool of the Year:
Eclipse From the Eclipse Foundation

Development Utility of the Year:
Ant From The Apache Software Foundation

Web Service Product of the Year:
Google APIs From Google Inc.

Wireless/Mobile Development Tool or Add-in of the Year:
J2ME™ Wireless Toolkit From Sun Microsystems Inc.
(Runner up)
Sybase® PocketBuilder 2.0 From Sybase Inc.

Database Tool or Add-in of the Year:
MySQL 5.0 From MySQL AB

Java Tool/Add-in of the Year:
Sun Java™ Studio Creator By Sun Microsystems Inc.

JSR (Java Specification Request) of the Year:
JSR 244: Java EE 5.0

.NET Tool or Add-in of the Year:
Microsoft® Visual Studio® 2005 From Microsoft Corporation
(The Winning Non-Microsoft product:)
Mono .NET Framework From mono-project.com

Security Tool or Add-in of the Year:
Sun Java System Identity Manager From Sun Microsystems Inc.

Open Source Tool of the Year (Tie):
OpenOffice 2.0 From OpenOffice.org and
Firefox From Mozilla Foundation

Резултатите од изборот на Developer.com "Продукт на годината 2006" можете да ги најдете на следниот линк

Колку пари толку музика

Кога живеев во Македонија, на мојот компјутер немав ама баш ниеден легализиран софтвер (со исклучок на freeware и shareware алатките).
Се прашував колку се глупи западњациве, па даваат пари за алатки кои што можеш да ги најдеш на net и да ги download-раш бесплатно. А за crack, се знае astalavista.box.sk, иако после треба да се соочиш со еден куп разноразни животињи почнувајќи од црвови, тројански коњи, вируси и што ли уште не.
Но... :-) ги имав сите можни антивирусни програми кои што постоеа во тоа време, па се чуствував сигурен, иако одвреме навреме се чудев како мојот компјутер се понаша така идиотски па се рестартира на сред работење, еден ист file го има во секој folder (Nimda Worm) или пак OS-от се подига на секое парно стартување (смешно нели...)
Но, јас официјално немав никакви вируси, тројанци, црви. Моите пет/шест антивирусни пакети не покажуваа ништо.
Кога сепак ќе заклучев дека се работи за нешто несакано, губев цели денови, па и недели да го исчистам компјутерот.
Сум живеел во илузија дека сум зезнал некого со тоа што сум дошол многу лесно до software.
Сега живеам во САД.
Пред неколку месеци купив нов компјутер, и со него добив антивирус програм (беше trial 60 дена). Го добив истиот антивирус програм за кој што во македонија имав најнегативно мислење, кој ми го правеше компјутерот р'шум.
Нема да спомнувам имиња и фирми, не сакам да фаворизирам никој, нити да правам маркетинг без пари :-).
Си реков зарем ова с...е ќе го користам. Сепак решив да го оставам и да видам како функционира.
Во наредните 60 дена не забележав никакво чудно понашање, уште повеќе, апликацијата ми сигнализираше секаков обид за пристап на мојот компјутер од "надворешно тело".
Интересно беше и однесувањето на компјутерот на мојот пријател, кој го користеше истиот антивирус софтвер. Компјутерот му беше полн со вируси. Ги познав пошто забелешав некои како работат некои процеси кои се специфични за некои вируси. Но, неговиот програм покажуваше дека нема никаков вирус на неговиот компјутер. Ми се пофали дека download-ирал crack и ме зезаше кога му реков дека сакам да си купам корисничка лиценца.
Си купив корисничка лиценца. Чинеше $39.99.
За тие пари покрај сигурност добив и support 24x7.

Сепак важи ... Колку пари толку музика :-)

Поздрав,
Михајло

Teko is on the road again

После подолго време решив повторно да работам на мојот блог.
Моето селење во САД беше најголемата причина која го одложи понатамошното работење на него.
Се надевам дека во иднина нема да има повеќе забушавање во работењето.
На блогот и понатаму ќе се разработуваат IT теми.
Покрај овој, креирав и нов блог Oracle Technologies Blog кој ќе биде посветен на Oracle Database и Oracle-овите продукти.

Поздрав,
Михајло