Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal


Во SoftwareMK
Во Најди!


Hits:
Virtual Macedonia 

Topsites


PageRank Checking Tool
 View My Public Stats on MyBlogLog.com
World Cup 

Counter


Powered by Blogger


View My Stats

Friday, July 01, 2005

Google Earth - Нема да Ве остави рамнодушни

Морате да го погледнете Google Earth. Тоа е апликација која сигурно ќе Ви одземе голем дел од вашето време. Да го видете вашиот град, најубавото место кое некогаш сте го посетиле, местата на кои планирате да одите, и тоа во било кој дел на планетата земја со помош на сателитска снимка е стварно голем успех.
Апликацијата всушност била сопственост на Keyhole која Google ја купил минатата година.
Во неа се додадени стандардните сервиси од пакетот Google Maps: Google Maps Local Search и Driving Directions кои, мораме да признаеме се најкорисни само за американците.
Google Earth е вируелен глобус, кој може да се ротира, да се зумира, да се пребарува по него. Во било кој дел од планетата може да се видат поголемите реки (За Македонија ги има сите), улици (со нивните имиња), згради (на некои дури и сенката им се познава).
Во зависност од територијата, варира квалитетот на сателитската снимка. Сосема е солиден квалитетот за Македонија, но сепак најдобар е за САД. За САД покрај претходноспоменатоте карактеристики, можете да ги видите сите хотели, кафулиња, имиња на најмалите улици, итн.

- Fly from space to your neighborhood. Type in an address and zoom right in.
- Search for schools, parks, restaurants, and hotels. Get driving directions.
- Tilt and rotate the view to see 3D terrain and buildings.
- Save and share your searches and favorites. Even add your own annotations.

Сега нешто за начинот на работа.
Да бидеме јасни, НЕ СЕ РАБОТИ за live streaming од сателит, туку за streaming од google server на кој се наоѓаат претходно download-ирани сателитски снимки. Исто така снимките доста често се ажурираат.
За да можете да ги вкусите благодетите на оваа апликација мора да имате

Minimum configuration:
Operating system: Windows 2000, Windows XP
CPU speed: Intel® Pentium® PIII 500 MHz
System memory (RAM): 128MB
200MB hard-disk space
3D graphics card: 3D-capable video card with 16MB VRAM
1024x768, 32-bit true color screen
Network speed: 128 kbps ("Broadband/Cable Internet")

Recommended configuration:
Operating system: Windows XP
CPU speed: Intel® Pentium® P4 2.4GHz+ or AMD 2400xp+
System memory (RAM): 512MB
2GB hard-disk space
3D graphics card: 3D-capable video card with 32MB VRAM or greater
1280x1024, 32-bit true color screen
Network speed: 128 kbps ("Broadband/Cable Internet")

Мислам дека со обична dial-up конекција нема да ја имате посакуваната брзина на stream-ување на сликите. ADSL би било супер.
Како и да е download-ирајте ја апликацијата овде (за жал денес е temporary недостапна, но може да ја симнете Google Earth Pro, која сепак има само 7 дена free trial - Ако остане недостапна за download кажете ми, па ќе се обидам да ја ставам на некој FTP за да ја download-ирате)

Најважно Google Earth e БЕСПЛАТНА, па би било многу убаво да се најде во нашите образовни институции (основни, средни училишта и факултети) како одлична алатка.

Поздрав