Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal

Powered by Blogger


View My Stats

Monday, June 13, 2005

Дали студентите кои завршуваат на факултетите немаат практични знаења

Ова прашање се поставува доста често во последно време, а одговорите на истото се различни. Сепак, преовладува мислењето дека новопечените инженери по информатика не се спремни веднаш да се вклучат во процесот на работа. На оваа тема меѓу дугото е дискутирано на последните средби на MASIT, а исто така е изработена и анкета во која биле опфатени 25 фирми од IT индустријата во Македонија.
Анкетата покажала дека степенот на практичните знаења на завршените студенти за 69 отсто од испитаните компании е слаб. Една третина од фирмите би примиле студенти на работа и би им платиле надомест, а 88,5 проценти од испитаниците инвестираат во знаењето на завршените студенти што ги вработиле преку обуки, семинари или стручна литература.
Мислам дека причината за овој проблем лежи и кај едните и кај другите.
Проблемот кај факултетите се јавува поради застарената и неинвентимна програма на студирање, која допринесува студентите да не го даваат својот максимум.
Проблемот кај фирмите е нивниот незаинтересираност за инвестирање во научно истражувачки проекти на кои би работеле студенти кои потоа би биле потенцијална база на кадри за вработување.

Повелете и напишете го Вашето мислење за овој проблем

Comments on "Дали студентите кои завршуваат на факултетите немаат практични знаења"

 

Anonymous Арангел said ... (12:29 AM) : 

Проблемот е во тоа што самите професори воопшто не се објективни и никогаш нема да признаат дека треба да се направат огромни промени за да се подобри високото образование. Пред некој ден имав можност да разговарам со професорка од ПМФ која што е уфурана у филм дека ПМФ е МИТ (ем-ај-ти). Според неа студентите треба да учат 10 математики наместо применета информатика и нејќе да чуе за друг муабет. Епа додека не се справи некој со таквите фаци не идеме нигде.

 

post a comment