Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the universe ...
Albert Einstein

A computer would deserve to be called intelligent if it could deceive a human into believing that it was human ...
Alan Turing

Two things control men's nature, instinct and experience ...
Blaise Pascal


Во SoftwareMK
Во Најди!


Hits:
Virtual Macedonia 

Topsites


PageRank Checking Tool
 View My Public Stats on MyBlogLog.com
World Cup 

Counter


Powered by Blogger


View My Stats

Wednesday, June 29, 2005

JDeveloper 10g - БЕСПЛАТЕН

Убава вест за сите Java developer-и кои го користат JDeveloper како алатка за развој на software.
Од 28 јуни JDeveloper е бесплатен. Тоа значи дека Java програмерите во Македонија ќе може да ја користат, според мене, најмоќната алатка за развој на Java базирани апликации и притоа да не плаќаат ништо (линк1, линк2).
Браво за Oracle.
Исто така и понатамошните надградби и дополнување на JDeveloper ќе можат да се набават бесплатно.
Оваа вест е објавена на годинишнава JavaOne конференција, која овие денови се одржува во San Francisco, USA.
За сите оние кои што незнаат, JDeveloper е една од најмоќните алатки за развој на Java апликации. Во споредба со JBuilder, Eclipse, NetBeans оваа алатка има многу предности. Најголема предност е начинот на комуникација со база на податоци, начинот на дизајнирање на апликации, големата подршка која што може да се добие, голем број на ресурси кои што може да се најдат на мрежа, голем број на blog-ови итн.
Како и да е, JDeveloper 10g може да се симне од овде.
Како и секоја Java развојна алатка и JDeveloper бара прилично добра машина за да може да се работи со него (min PIV, 512MB RAM).
Ова е одлична можност, ако ништо друго, барем да се проба JDeveloper и да се видат неговите можности.
Поздрав!

Friday, June 24, 2005

Пази се! Големото око те гледа.

90% од Американските компании имаат поставено правила и процедури што да се прави во случај ако во компјутерот на некој од вработените сe најдат file-ови со несакана содржина (слики, клипови, ...). Ова истражување го направила американската компанија Delta Consulting од San Diego, California.
Понатаму се наведува дека казните за ваков престап се прилично драстични, а во 44% од случаите вработените добиваат отказ (линк).
Во 63% од компаниите, вклучени во истражувањето, кои имаат 1000 и повеќе вработени, ангажирале или планираат да ангажираат лица кои би ги "чешлале" file-системите на вработените. Активностите на "шпионите" се состојат во проверка на податоците во компјутерот, читање на е-mail пораките, па дури и прислушување на разговорите.
Процентот на фирмите кои ја имплементирале оваа техника на контрола врз вработените е прилично висок, изнесува 51%, за резлика од 9% во 2001.

Судејќи според трендот и времето за кое технологијата и новитетите се пренесуваат од Запад во нашата земја, не е исклучено за некое време оваа техника да се имплементира и во нашата земја.

Затоа, другари, пазете што чувате во своите компјутери и со кој разговарате додека сте на работа!

Thursday, June 23, 2005

Јужна Кореа на Open Source

Јужна Кореа има намера да постави сопствена платформа за работа базирана на Open Source во 10,000 училишта.
New Education Informatio System (линк1, линк2) е името на проектот кој се базира на домашната дистрибуција на Linux која е позната под името Buyeo, која веќе две години е дел од пилот проектот кој се води во 190 училишта во Сеул.
Jin Ko Hyun, претседателот на Korea IT Industry Promotion Agency (KIPA), која стои зад проектот вели дека овој потфат не е насочен против Microsoft, туку главна цел е да се потикне развојот во домашната софтверска индустрија.
Ова всушност е еден позитивен пример како би требало да се одвиваат работите и во нашата земја.

Monday, June 20, 2005

Дали E-R дијаграмот е мртов

Разговарајќи со некои од моите колеги (сите програмери или аналитичари), дојдов до заклучок дека во Македонија многу ретко се употребува ERD за време на изработка на некој проект. Зошто?

Моето прашање е на кој начин програмер кој се вклучува во нов проект ќе добие целосна слика за истиот. Зошто во денешниот RAD (Rapid Applcation Development) свет најголем дел од програмерите започнуваат директно со физичкиот модел на базата на податоци. Зарем е тоа полесно, или пак стратегијата на фирмите е насочена кон брз развој на замислената апликација, не размислувајќи дека всушност таа брзина е само фикција и дека проблемите навистина ќе следуваат.

Во неколку наврати дискутирајќи со доста луѓе задолжени за дизајн и анализа на нови апликации дојдов до заклучок дека ER моделот речиси и да е исклучен од употреба, а најтрагично е што доста од луѓето кои се задолжени да го креираат речиси и да не виделе ERD уште од студентските денови :-).

Како и да е, повеќе на оваа тема, како и доста коментари од стучни и компетентни лица на следниов линк.

Кога некој сака да изгради куќа, прво треба да ја каже својата желба на архитектот, архитектот својата идеа ќе ја скицира и документира, за да потоа му ја предаде на инжиниерот, кој гледајќи ја таа скица ја гради куќата ...

ERD is not dead!!!

Monday, June 13, 2005

Дали студентите кои завршуваат на факултетите немаат практични знаења

Ова прашање се поставува доста често во последно време, а одговорите на истото се различни. Сепак, преовладува мислењето дека новопечените инженери по информатика не се спремни веднаш да се вклучат во процесот на работа. На оваа тема меѓу дугото е дискутирано на последните средби на MASIT, а исто така е изработена и анкета во која биле опфатени 25 фирми од IT индустријата во Македонија.
Анкетата покажала дека степенот на практичните знаења на завршените студенти за 69 отсто од испитаните компании е слаб. Една третина од фирмите би примиле студенти на работа и би им платиле надомест, а 88,5 проценти од испитаниците инвестираат во знаењето на завршените студенти што ги вработиле преку обуки, семинари или стручна литература.
Мислам дека причината за овој проблем лежи и кај едните и кај другите.
Проблемот кај факултетите се јавува поради застарената и неинвентимна програма на студирање, која допринесува студентите да не го даваат својот максимум.
Проблемот кај фирмите е нивниот незаинтересираност за инвестирање во научно истражувачки проекти на кои би работеле студенти кои потоа би биле потенцијална база на кадри за вработување.

Повелете и напишете го Вашето мислење за овој проблем

Здраво на СИТЕ

Здраво на сите ...

Моето име е Михајло.

Идеата на овој блог е да ги собере сите оние чиј интерес е развивање на софтвер, со цел да се поделат информациите, идеите, размилсувањата во врска со развивањето на софтверот во Македонија, квалитетот на производите кај нас и во светот. Што чини, а што не чини, што фали, што треба да се одстрани. ...

Толку за почеток ...

Поставувајте ги вашите размислувања